Belgrade beer fest

  • Креатор на темата Креатор на темата Drugarce
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера вечер се вратив од БГД....Лудницаааааа, 4 другари, пиво ,музика, провод, топоини....Жал ми е само што морав да се вратам порано заради факинг уписи на факултет ама сепак ја почувствував атмосферата и еуфоријата...

Све беше на високо ниво...Бината,озвучувањето,снабденост со пиво и храна...Немам никакви примедби...Времето се погоди, не врнеше а не беше ни многу топло навечер...Кирил Џајковски напраи супер свирка, како и секогаш,а исто очекувам и вечер од Архангел како наши единстваени претставници.....
Филм,Галија,Генерација 5,Блажа и Кљунови, Куд Идијоти,Луис,Атомско Склониште беа феноменални а исто и трибјутите на Металика,Мејден,Ред Хот, беа на завидно ниво...

Што се однесува до пивото ....Точено најмногу се трошеше иако ни лименките не заостануваа...Српските пива предначеа, Јелен,Лав,МБ...Ја не ги поштуем многу иако знае Јеленот добро да ми легне...Од увозните Туборг,Хајнекен,Амстел не толку, Гинес Црно, Баварско,Плзенско,Бекс....Имаше и некои новитети како пиво со вкус на боровница и лимон кои сите сакаа да ги пробат ама на тоа застануваа пошо сепак пиво е пиво, а боровница е боровница...

Другата година, ете ме пак таму, ако е пак на Ушќе ќе биде одлично пошо на тоа тревата позади штандот на Бекс најубаво се спие...:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom