Бељаџиски деца

  • Креатор на темата Креатор на темата KaiTekk
  • Време на започнување Време на започнување

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Во средново училиште во Newcastle сите професори се загрижени откако се случи една акција во која ученик ја сликал професорката како паѓа на својот мобилен телефон. Потоа ученикот ја препратил сликата на сите свои соученици. Момчето после оваа акција било избркано од ова средно училиште (името на училиштето е: St Cuthbert's Catholic High School), но потоа било вратено откако неговите родители по судска постапка се спротиставиле на оваа одлука. Сега професорите превземаат строги постапки тврдејќи дека најновата технологија на мобилните телефони им служи на децата само да ги нервираат и исмејуваат своите професори.
Во едно истражување минатата година е констатирано дека ваквата активност на “бељаџиите" постојано е во рапидно зголемување. Некои деца едноставно се чувствуваат засрамени знаејќи го фактот дека нивната слика на мобилен земена од нивните соученици може да биде пренесена на други деца.
Порано оваа година, училиштата во Merseyside беа приморени да ја забранат употребата на мобилни телефони поради страв дека тоа може да го оштети здравјето на децата и да доведе до криминал поврзан со нив.
 
Не ”паѓа” туку е ”кутната со тупаници” :star:

И да, старо е ова...
 
Старно, но необработено! :star: Треба многу да се дискутира околу овој проблем!
 
Абе со секоја нова технологија иде нов проблем. И шо треба сеа се да банираме? Едноставно појак режим у школи, нека се одземаат телефони доколку се видат, и крај. Кај мене на школо забранети се преку денот, али како ѕвони ѕвончето можеш да ги користиш. И како излегуваме од последен час, 99% од учениците прво нешто што прават како ѕвони ѕвончето е посигаат у џебот и вадат мобилен и почнуваат да пишат пораки. Значи во нив бил мобилниот за време на часот. А наставниците мака си немаат, не превзимаат мерки.
Така да једино решение, појак режим и решен проблем.
 
Е ако де, сакал да ја има успомен својата професорка :icon_roll
 
Кога им ѕвони телефон на моите ученици, им го конфискувам додека ѕвони и одговарам на повикот. Ми се има случено двапати. Оттогаш ги гасат додека се кај мене на час. :pishtoldz
 
Macedalien напиша:
Кога им ѕвони телефон на моите ученици, им го конфискувам додека ѕвони и одговарам на повикот. Ми се има случено двапати. Оттогаш ги гасат додека се кај мене на час. :pishtoldz

Па нормално најјака терапија е тоа...од коа наставничката си направи муабет со на другарка ми дечко и, не ми текна уше еднаш да донесам телефон на час, посебно пошто баш на сите им текнува да ми ѕвонат среде час.
 
Жива глупост! Не ми е јасно како неможат да се спарават со овој „проблем”. Колку знам, во Македонија, за Велика Британија па ич не праам муабет, не е дозволено да те фотографира некој доколку не му дозволиш и може слободно да ти стегне тужба за такво нешто. Ако не одговара детето, тогаш ќе си одговара родителот кој не го научил дека не смее тоа да го прави. Треба некој муабет понатаму?
P.S.-Пред 2 месеци додека чекав ред да платам заостанати сметки за струја на шалтерите од „Електростопанство” во наплатната служба, влезе еден серко со фотоапарат и почна да се мести за да фотографира. Кога му се сипаа сите, не знаеше на која страна да бега :pos::pos::pos:
 
Macedalien напиша:
Кога им ѕвони телефон на моите ученици, им го конфискувам додека ѕвони и одговарам на повикот. Ми се има случено двапати. Оттогаш ги гасат додека се кај мене на час. :pishtoldz

Добар си. И кај нас во училиштето ги забрануваат мобилните, но пак сите носиме.
 
Macedalien напиша:
Кога им ѕвони телефон на моите ученици, им го конфискувам додека ѕвони и одговарам на повикот. Ми се има случено двапати. Оттогаш ги гасат додека се кај мене на час. :pishtoldz
Браво!!! ВО нашето училиште е дозволено носење, ѕвонење, музика, пораки, но ако те забележи наставник слободно може да ти го одземе. Патем, Мацедалиен, сите си ги фатил или има многу што ти се протнале без да забележиш? :kez: :pos: :pishtoldz
 
Има Security систем и обично поминуваат низ него кога влегуваат во гимназија. Недостатокот е тоа што истиот дава сигнал само ако мобилниот е уклучен... Ако им е исклучен, ќе се протнат и ќе можат пак да си го вклучат. Ама досега двапати ми се има случено да одговорам и оттогаш пред да влезат на час ги гаснат. :pos:
 
Кај нас во училиште уште е рано за ваков Security Sistem.
 
ДОјди кај мене на писмена и ќе видиш што се вика писмена по математика :kez:ДУшата им ја извадив некни :pos: :pos: :pos:
 
Така ли бре Франција ќе оди напред со тоа што некој македонец им ја вади душата на децата? :) Инаку во мое време (не е тоа одамна) немаше мобилни телефони, односно имаше ама беа ретки само бизнисмени оти беше само пост-пејд. Ми текнува бев трета или четврта година кога првпат Мобимак пуштија во продашба при-пејд пакети со единствен пакет тогаш со мобилен телефон Ericsson 1100 мислам дека беше (цигла телефон). Еден школски прв купи таков пакет и го отепавме од зафркавање да не го става на клупа (знаете тогаш ако се ставеше мобилен на клупа си мангуп) оти може да ја скрши од циглата. :))
 
Кај нас оставаат да носиме мобилни телефони, под услов да се исклучени.
 
Back
На врв Bottom