KaiTekk
R&B boy
- Член од
- 17 март 2006
- Мислења
- 1.045
- Поени од реакции
- 22
Во средново училиште во Newcastle сите професори се загрижени откако се случи една акција во која ученик ја сликал професорката како паѓа на својот мобилен телефон. Потоа ученикот ја препратил сликата на сите свои соученици. Момчето после оваа акција било избркано од ова средно училиште (името на училиштето е: St Cuthbert's Catholic High School), но потоа било вратено откако неговите родители по судска постапка се спротиставиле на оваа одлука. Сега професорите превземаат строги постапки тврдејќи дека најновата технологија на мобилните телефони им служи на децата само да ги нервираат и исмејуваат своите професори.
Во едно истражување минатата година е констатирано дека ваквата активност на “бељаџиите" постојано е во рапидно зголемување. Некои деца едноставно се чувствуваат засрамени знаејќи го фактот дека нивната слика на мобилен земена од нивните соученици може да биде пренесена на други деца.
Порано оваа година, училиштата во Merseyside беа приморени да ја забранат употребата на мобилни телефони поради страв дека тоа може да го оштети здравјето на децата и да доведе до криминал поврзан со нив.

Инаку во мое време (не е тоа одамна) немаше мобилни телефони, односно имаше ама беа ретки само бизнисмени оти беше само пост-пејд. Ми текнува бев трета или четврта година кога првпат Мобимак пуштија во продашба при-пејд пакети со единствен пакет тогаш со мобилен телефон Ericsson 1100 мислам дека беше (цигла телефон). Еден школски прв купи таков пакет и го отепавме од зафркавање да не го става на клупа (знаете тогаш ако се ставеше мобилен на клупа си мангуп) оти може да ја скрши од циглата.