Абе знаеш како се овие нашинциве фалбаџии

, ретко кој дури и на форум да им честитам на искреноста да си се искажат, кирии изгор, даноци пламен скриени трошкови, не викам дека им е лошо ама не им е добро колку што сакаат да си се пофалат

.
Кириите се огин ФАКТ
Трошоци исти како во Македонија : струја, вода , интернет , карти за превоз , бензин, осигурување , данок на возило , данок.
Скриени трошоци нема да имаш ако си го прочитал секој документ од буква до буква каде што си ставил потпис.
Имаш два вида на луѓе кои живеат во странство:
1. Стара генерација гастербајтери кои се навикнати сите пари да ги трупат за кога ќе си дојдат во Македонија да се расфрлаат а во исто време се жалат дека не им е добро таму каде што живеат 11 месеци во годината.
2. Модерна генерација гастербајтери на возраст од 25-40 години кои не им е битно што ќе речат другите па си се "пофалуваат" со тоа што самите си го заработиле т.е ако можам да си пружам повеќе од тоа што сум можел во мк не значи дека се фалам. Тоа што сум си го заработил ќе си се пофалам.
Дали е автомобил од 300 евра дали е автомобил од 50.000 евра мој си е ќе си се пофалам.
Еве ти пресметка
4 члено семејство со две деца.
Татко: 1800 евра
Мајка: 1400 евра
Детски додаток: 2 x 195 = 390 евра
---
Трошок на месешно ниво
Ќирија 600 евра
Струја 100 евра
Вода 80 евра
Интернет 30 евра
150 евра неделно за храна пијалоци.
Осигурување на кола 65 евра
Бензин на кола 80 евра
Кредит за отплата на мебел: 200 евра
Телефон: 100 евра фамилијарен пакет
Карти за превоз 170 евра ( 70 евра за жената , 2 x 50 за децата ).
Кога ќе ги платам сите тие работи имам 1500 евра за остатокот од месецот.
Ако некому 1500 евра пари за трошење му се малку тогаш немам што да надополнам.