Бегство од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268
Налет ова (знам дека си во право, секој нормален знае дека тоа се приоритетите), се гледа дека буци не се фарбал и не се шминкал па да знае што цени има во Македонија и сега демек паднат на газ. Па и кујна 15,000 евра а во Карес двосед е 5,000 евра и уште ти викаат ние не сме продавница за секој :icon_lol:

А и во Германија знам шминка е шминка, крај на муабетот. Кај нас свадбена шминка 100 евра :icon_lol: :icon_lol: Свадбена бе, сигурно и трака за бандажирање ти става па мачка пудра.

Знам, истиот муабет го правев последниот пат кога бев во МК. Бев зрел за шишање па ме праша некој зш не заштедам 10 евра па наместо кога ќе се вратам дома, да одам на бербер во МК :icon_lol: па правеа споредби некои и за женско исто му доаѓаат цените.

Мене лично ми е до комфорт и рутина - си имам бербер овде, знае што сакам, си ја знае работата, еднаш на секои 3-4 недели таму и мирна глава. Има и такви што штедат и еднаш на 6 месеци се шишаат во МК нуларица за да заштедат, нивно право. Јас таков скотски живот може и во МК да живеам, не мора 2500км да се селам.
 
Цената на бербер во Германите.

Прегледај го приврзокот 205265[DOUBLEPOST=1551349987][/DOUBLEPOST]И цена на кујна со попуст 15 000 евра, кај нас стан ќе купиш :icon_lol:.

Прегледај го приврзокот 205267
Еееее, буци, буци, а ние сите сме запнале по таа пуста ЕУ. Дури и најголемите патриоти станаа Бугари по род заради таа мочана блудница.
Седи си тука раат...
 
Знам, истиот муабет го правев последниот пат кога бев во МК. Бев зрел за шишање па ме праша некој зш не заштедам 10 евра па наместо кога ќе се вратам дома, да одам на бербер во МК :icon_lol: па правеа споредби некои и за женско исто му доаѓаат цените.

Мене лично ми е до комфорт и рутина - си имам бербер овде, знае што сакам, си ја знае работата, еднаш на секои 3-4 недели таму и мирна глава. Има и такви што штедат и еднаш на 6 месеци се шишаат во МК нуларица за да заштедат, нивно право. Јас таков скотски живот може и во МК да живеам, не мора 2500км да се селам.
За женско и ваму и во Македонија се тука некаде цените. Не ми се верува дека дискутираме цени за бербер само ајде :icon_lol:
 
Па и кујна 15,000 евра а во Карес двосед е 5,000 евра и уште ти викаат ние не сме продавница за секој :icon_lol:.

Да не прајме муабет што у сите нормални земји имаш Икеа со цени на мебел што е малтене џабе за стандардот.
Еве, Остраља ѕирнав на сајтот 3.800$ со 1600$ за апаратите, значи останува 2200$/1500 евра само кујната. Тоа ти се 120 работни саати на минималец тука, кажи ми каква кујна ќе купиш за 8400 денари* во Скопје.

* 70 денари работен саат x 120 саати = 8400 денари
 
Во цените погоре виде некаде 15 евра?
Имаш право, не било 15, 30 било :( Ништо, пуштај коса до колена или одработи празник.
 
За женско и ваму и во Македонија се тука некаде цените. Не ми се верува дека дискутираме цени за бербер само ајде :icon_lol:

Приоритети :toe: Кај и да е на ред ќе се модрите патлиџани пак.
 
Да не прајме муабет што у сите нормални земји имаш Икеа со цени на мебел што е малтене џабе за стандардот.
Еве, Остаља ѕирнав на сајтот 3.800$ со 1600$ за апаратите, значи останува 2200$/1500 евра само кујната. Тоа ти се 120 работни саати на минималец тука, кажи ми каква кујна ќе купиш за 8400 денари* во Скопје.

* 70 денари работен саат x 120 саати = 8400 денари
Мене јасно ми е се, платежната моќ на граѓанинот во било која западна земја е неспоредлива со гној земјите на Балканот ама џабе му црташ на Буци. Тој мисли под мостови се спие таму и луѓе се бањаат еднаш неделно.
 
Приоритети :toe: Кај и да е на ред ќе се модрите патлиџани пак.
И комплет шест чаши за 150 евра :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1551355659][/DOUBLEPOST]
Мене јасно ми е се, платежната моќ на граѓанинот во било која западна земја е неспоредлива со гној земјите на Балканот ама џабе му црташ на Буци. Тој мисли под мостови се спие таму и луѓе се бањаат еднаш неделно.


Сред силиконска долина еден од најбогатите градови има повеќе корисници на дрога со игла отколку ученици. Бездомништвото и менталната болест е дел од улиците на С.Ф.
 
И комплет шест чаши за 150 евра :icon_lol:.

Види, тоа ти е личен избор. Имаш чаши и за пола евро во Кик или Теди, имаш и фенси сетови за 150 евра во други продавници. Важно го имаш изборот. Истото е и за облека - во Примарк со 50 евра нема да можеш да се прибереш дома со ќеси, во поексклузивни бутици за 50 евра може само шал да најдеш. Храната исто така се движи од поефтино од МК до поскапо ако купуваш нешто ептен специјално. Она што за целиот асортимент од било што може да го гарантирам е дека е поквалитетно од МК. Иста марка во МК сигурно е поскапа од овде, од облека до електроника. Германија е конзумеристички рај, Алди и Лидл има од Америка до Австралија поради добриот квалитет споредено со цените, пола од прашањата во темите за летување на форумов во Грција се дали има Лидл...мислам нема потреба да се лажеме.

Ниту ја воспевам Германија ниту сум против Македонија, сеедно ми е. Јас лично и од Германија би се иселил поради други причини, ама сигурно не поради финансиски и цени. Еве, најискрено: кириите и услужните дејности во Германија чинат многу повеќе од МК, се друго може да се најде многу поефтино. Сега ако ти треба мајстор секој месец (иако и тоа ти е покриено со киријата) или поправаш кола секој месец тогаш ќе те засега ова. Бербер, шминки, тоа ти се тривијални работи, пола саат да работиш ќе ги извадиш тие пари.
 
Цените мислиш Германија е. :icon_lol: Да не барам и слики со цени за шишање од по 30 евра и фрузири и од по 100 евра. :D

Screenshot_20190228-132746.png
 
Мене не ме чуди еден ден буци да изнесе факти колку чини услуга во јавна куќа во Германија, а колку во оваа наша земја (или оние обичните, знаете какви кои не се од јавна куќа)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom