Јас сум прва за расправии и карање...По природа сум конфликтна личност и нема шанси да се повлечам од расправија, туку напротив знам да ја направам многу жестока...
Лошото е што често во такви моменти кажувам тешки зборови, во бес и лутина и после ми е криво...
Па зависно од кого е предизвикана кавгата.
Јас многу ретко решавам да се карам оти ептен ми се руши расположението после кавга.
Но кога ќе решам да се карам тоа значи дека нешто стварно ми дошло преку глава па затоа и сум почнала да се реагирам така.
Додека не ја дотерам правдината.
И тогаш многу се изненадуваат од мене.
Не сакам да се карам, но кога ќе дојде до тоа, се карам, па после ми е многу многу тешко. И доколку сум била во право, пак јас барам извинување, не сакам некој да се чувствува лошо поради мене. Како се вели тоа: обиди се една минута во момент да бес да преќутиш, него цела недела да се осеќаш лошо поради тоа.
Ретко се карам ама кога тоа се случува настрана од мене посебно кога сум во право,најмногу мразам на здрав мозок будала да ме прават-ете тоа иритира и ме навредува демек ќе го свртам овој со детска финта..хех
Кој видел аир од карање? Мислам дефинирајте карање? Ако мислите на карање како спорт у кој појак е тој шо има поголем вокабулар на погрдни зборови, ондах секако дека се повлекувам ( и мејби ќе ве чуди али се повлекувам триумфално - некако надмоќно се осеќам у тој момент). Башка карањето не ми годи физички. Шо знам, не ми годат негативни вибрации и затоа секат се залагам за дискусија, со факти, со цивилизиран радио тон на гласот у фејс ту фејс варијанта и за чудо ми успева.
Не се осеќам ко мекуш ако на урлање вратам со мирен тон, туку напротив ко шизик од Човек. Пробајте.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.