- Член од
- 15 јануари 2011
- Мислења
- 53
- Поени од реакции
- 5
Беа еднаш едни марки, оставија траг и згаснаа... Од различни причини.
Велика Британија нема веке сопствена автомобилска индустрија. Ровер згасна, Бентли е под Волксваген, Ролс-ројс под BMW. Мини исто. Austin не постои, исто и многу други британски марки како Wolseley, Healey, кои во 60-тите беа BMC (British Motor Company) Исто и Leyland.
Во Франција постоеше Facel-Vega. Спортски Автомобили. Вистинска реткост се денеска. Векот му беше краток. Една деценија и пол отприлика (50-ти и 60-ти). пропаѓа. Во таков загинува Албер Ками. Simca беше француска марка. Сеуште може да се најде понекој примерок од нив на нашите патишта. Ознаките на моделите беа со нивната кубикажа. Тalbot исто згасна кон средината на 80-тите. Во неговите погони денес се произведуваат возила на Peugeot. Matra беше француска спортска марка. Интересен тросед имаа кон крајот на 60-тите. Постојат до 80-тите.
Еве Фасел:
Talbot 1307 (неговата лиценца е Москвич Алеко)
Simca 1000:
Simca 1100 :
Германскиот NSU. Познат по моделот Prinz, и неговата спортска верзија ТТ, духовен татко на денешното Ауди ТТ. NSU го „уби„ Wankel моторот. Интересна конструкција со ротирачки клипови, кои од мал обем вади огромна сила. Звучи како турбина иначе. Моделот NSU Ro 80 се појави во 1968, стана европски автомобил на годината со својот дизајн пред времето, моторот кој беше сосема нов... Ама, за жал, со една огромана мана-трајност. Цркнувал на 30-40.000 км. Не им стасале парите кои ги имале да покријат трошоците на поправките во гарантниот рок. Оди во стечај и станува сопственост на Волксваген. Таму денес се произведуваат Ауди.
NSU Ro 80 : Уживајте:
Ако некој знае некоја друга марка нека ја напише. Не ми текнува во моментот.
За Принцот интересна работа е тоа што уместо зупчаници на мењачот има каиши. Затоа брзината кога даваш гас рамномерно се зголемува т.е. нема застанувања ( кога се мења од прва у втора итн.) Исто така интересно е дека нема разлика дали возиш у рикверц или напред. Истото забрзување и максимална брзина го достигнува колата и во рикверц. :helou:

Само не сум баш сигурен дали беше Принц или некое холандско ауто као шо памтам нешо.. Исправете ме ако грешам...:jaj: