БДП во првиот квартал со раст од 5,1%

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Бруто домашниот производ пораснал за 5,1% во првите три месеци од годината, пресметала Народната банка.

Растот е нешто над претходните проекции и главно се должи на поголемиот извоз.
И инфлацијата е над проекциите. Во првиот квартал стигнала до 4,1%. Се должи на високите увозни цени на храната и енегренсите.
Базичната инфлација која ги исклучува овие два сегменти и натаму е ниска и изнесува 1,5%.
Очекувањата на Централната банка се дека во вториот квартал таа ќе надмине 5%, но во втората половина од годината ќе забави затоа засега нема потреба од антиинфлаторни мерки кои би значеле покачување на каматните стапки.
- Заклучивме дека се уште нема доволно јасни аргументи за да пристапиме кон промена на монетарната политика. Имено, ја задржуваме каматната стапка на благајничките записи на непроменето ниво од 4%. Наредните движења во економијата и движењата на главните детерминантни на домашната инфлација ќе покажат дали и кога би следело евентуално затегнување на монетарната политика - изјави гувернерот на НБРМ, Петар Гошев.

извор

друже бар пред да напишеш нешто што ти издиктирале дека треба да правиш, барем научи што пишуваш... вака испаѓа дека не вреѓаш нас што се разбираме од текстот...

или да ти помогнам како личи ова:
му идеш на некој што пита на камени мост или на семафориве и те моли за 1, 2 или 5 денари за да си купи леб и сол да преживее и му викаш: нели гледаш колку ти е убаво бе, полн си пари, станот ти е огромен, луксузна кола возиш и се ти е супер... а он седи и без текст се чуди што ти зборуваш и дали на него му збориш или на некој позади... од изгледот на неговиот лик што те гледа тебе во лице, излегла и поговорката: те гледа ко теле у шарена врата и незнае од кај да почне да ти објаснува и што да прави... дали да ти збори, дали да ти ги покаже искинатите партали што ги носи, дали да те однесе во неговата “луксузна“ куќа од картони, да преќути и да тера даље или да земе една мотка и да почне да мава по тебе кај ке стигне....
 
Оваа вест ја имаше на повеќе медиуми,ја кажал Гошев, а не Грујо или Мујо..ало бре.. ја ли сум Гошев па ми викаш да ти објаснам..јави се таму у медиуми и нив прашај ги ..цц
божеее
 
Оваа вест ја имаше на повеќе медиуми,ја кажал Гошев, а не Грујо или Мујо..ало бре.. ја ли сум Гошев па ми викаш да ти објаснам..јави се таму у медиуми и нив прашај ги ..цц
божеее

е па зошто пласираш текстови што не ги разбираш? тоа те прашав....

Не сваќам ја ништо,туку само пренесувам вест која беше објавена на медиуми и од НБРМ

за ова ти беше наменет текстот.... и уствари сакав да ти кажам да мучнеш малку со своја глава а не да се држиш до партиските директиви да прикажуваш розово-бела идила... затоа што тоа е невистина.... that was my point man!!!!
 
е па зошто пласираш текстови што не ги разбираш? тоа те прашав....

за ова ти беше наменет текстот.... и уствари сакав да ти кажам да мучнеш малку со своја глава а не да се држиш до партиските директиви да прикажуваш розово-бела идила... затоа што тоа е невистина.... that was my point man!!!!

Toa што така напишав беше кажано во вид на иронија на тој член, зашто он исто како и ти мене ме цитира и мене ме прашува ја да му ја презентирам веста и да му објаснувам,ко ја да сум ја изнел на медиуми.. што се палите ко млади мајмуни безврска, ја само реков дека пренесов вест што ја кажал Гошев, а некои од вас од мене бараат одговори..бог да чува ..
 
Од НБРМ
Градежната активност во последното
тримесечје на 2010 година е примарен
двигател на растот на БДП, при квартален
реален раст од 26,4% (раст од 15%
сезонски прилагодено) и висок годишен
раст од 38,2%.

Инаку 90% од овај раст е по основа на изградба на станбени згради...
Во однос на фундаментите на побарувачката на станови што се порастот на дохдот и порастот на населението, порастот на градењето е неколку пати повисоко...

Би бил загрижен да имав недвижнина во Охрид или Скопје...

Welcome the real estate bubble...
 
Во јануари 2011 година биле издадени 172 одобренија за градба, што е за 11,7 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува околу 2,1 милијарди денари, што е за 105 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 се наменети за објекти од високоградба, 16 за објекти од нискоградба и 26 за објекти за реконструкција.

Според мене побарувачката на станови е помала од понудата само баш поради податоците што ги наведе tomsaso а тоа се порастот на доходот и порастот на населението се значително помали од порастот на градењето, така да неизбежно е намалување на цените на становите иако инвеститорите тврдат дека таа е берзанската цена на материјалите и цените на градежното земјиште. Каматната стапка за станбен кредит од 5000 до 150000 евра изнесува 6,2 % и е фиксна во првите 3 години, додека остатокот е варијабилна каматна стапка од 6,5 % до 9 %, плус хипотека, плус барателот на кредит мора да е редовно вработен така што една месечна рата за отплата да биде помала или еднаква на 1/3 од приходот, и сето тоа без жиранти. Реализирање на хипотеките во Македонија најчесто настанува поради неможноста на барателите на кредити да задржат едно работно место или поради неликвидност на нивната фирма, особено во претходниот период во услови на рецесија.
 
Toa што така напишав беше кажано во вид на иронија на тој член, зашто он исто како и ти мене ме цитира и мене ме прашува ја да му ја презентирам веста и да му објаснувам,ко ја да сум ја изнел на медиуми.. што се палите ко млади мајмуни безврска, ја само реков дека пренесов вест што ја кажал Гошев, а некои од вас од мене бараат одговори..бог да чува ..

Зошто дишеш човеку, кога незнаеш ништо за процесот дишење! :pos2: Ова се разбира беше шега! Младичу уживај...... Знаеш тешко е со некои луѓе за кои -5,1% е лошо и -1% е лошо.... ама и +5,1% е лошо или неможе да биде добро, без оглед дали тие 5,1 доаѓаат од зголемувањето на цените на металите на светската берза, губењето на вредноста на Доларот, увезената инфлација, од проектот 2014-та (тој завчера почна!)... од земјотресите во Јапан или Шпанија, од бомбардирањето на Либија, поевтинувањето на нафтата, убиството на Бин Ладен !?.....Ако нечини минусот, ама ни плусот не е добар... Еееее тука веќе дискусии нема!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom