Барање за ТВ серија на германски јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата musketarr
  • Време на започнување Време на започнување
Ау, извини, јас си помислив дека Рекс сум ја прочитала во мислењето, бидејќи таа е австриска.:oops:
 
Момци и девојки, би сакал да споделите искуство доколку имате гледано некоја добра германска ТВ серија, или препорачајте некоја, да не речам жанрот не е важен но претпочитам да е комедија, или трилер како и да е....и порничи не доаѓаат во обзир да се разбереме, не дека не се добри германците во тоа, туку ми треба повеќе разговор дека учам германски јазик....
Можеш било која серија да ја побараш, само барај german dubbed (синхронизирана на германски), можеш така и да си ставиш соодветен македонски превод и можеби и подобро да ги разбереш. Во Германија СИТЕ филмови и серии се синхронизирани, побарај на некој од странските торент сајтови (не замунда) како што ти пишав и можеш се' да најдеш.

А австијците зборуваат на германски :)
Инаку освен Рекс (на времето на А1), Аларм за кобра и Медикоптер (Телма) за други незнам
Австријците зборуваат германски ама на некој комплетно неразбирлив дијалект. Не се сеќавам во Рекс каков им беше дијалектот, веројатно збореа на Hochdeutsch, ама ако отидеш во Виена или било каде во Австрија треба да се помачиш за да ги разбереш.
 
Не е точно ова посебно за литературниот јазик (фино разбирлив е) ама ако зборат на дијалект во филм или серија се случува за германски пазар да иде со превод :D.

Иако според мене Германците само мрчат а разбираат :) .
 
Разбирлив колку што ако си од Скопје ќе ги разбереш струмичани или беровчани кога ќе зацепаат на дијалект, мене некогаш ми треба титл кога идам кај пријатели во Берово кога си зборат меѓу себе :D
Затоа и реков, литературен (Hochdeutsch) е сосема друга работа и е разбирлив ама Австријците воглавно си зборат на дијалект, просечниот австриски жител не се труди многу на литературен германски да збори и ако ти е послаб германскиот тешко дека ќе ги разбереш.
 
Пак викам не си во право, литературниот австриски е сосема разбирлив за секој што знае германски и секако Германците немаат проблем да го разберат а дијалектите нормално се потешко разбирливи и за нив Германците знаат да си стават превод.

За другото си во право и нормално дека меѓу себе зборат најчесто на дијалект :).
 
Истото го кажуваме, ама слабо се разбираме :) Кога Австријците зборат литературно, минимална е разликата и разбирлив е, да, истото и јас го кажав. Нема литературен австриски и литературен германски, тоа е истиот, како што два пати напишав, Hochdeutsch. Со тоа нема проблем. Проблемот настанува со дијалектите и фактот што повеќето Австријци зборат на дијалект. Over and out и се надевам конечно разбрана :)
 
Ќе се разбереме некако на крај :D.

Има разлики меѓу литературните јазици, официјално нема ама во пракса има, не се големи (освен во Швајцарија) ама на ТВ одма осеќаш дали се вестите на ARD, ORF или на SF иако би требало да е еден ист литературен јазик сепак си има разлики ако ништо друго барем во изговорот и нагласокот на зборовите (Германија-Австрија).
 
Кога веќе го спомнавте Комесарот Рекс дали некој има торенти од ова серија никаде не можам да најдам. :)
 
Не е точно ова посебно за литературниот јазик (фино разбирлив е) ама ако зборат на дијалект во филм или серија се случува за германски пазар да иде со превод :D.

Иако според мене Германците само мрчат а разбираат :) .

грешка си, еве моментално јас сега на одмор сум во австрија од тука ти пишувам
значи имат и овие многу различни дијалекти зависи од каде си како кај нас во мк(скопјански-кумановски пр.) многу пропуштаат букви и затоа испагја многу различно едвај се разбират ама бива некако :D
 
За литературниот австриски кажав дека е разбирлив а дијалектите се сосема друга приказна посебно по планините, Тирол и Форалберг ако си слушал ништо не се разбира :D
 
татко ми работи во тирол, трај...:confused::icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom