Band of Brothers

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Браќа по оружје (Band of Brothers) е минисеријал од 10 епизоди од 2001ва година кој зборува за Втората Светска Војна а е работена според истоимената книга на историчарот и биограф Стивен Амброуз (Stephen Ambrose). Извршни продуценти на серијалот се Стивен Спилберг и Том Хенкс после нивниот голем успех со филмот Спасувањето на војникот Рајан (1998). Приказната се фокусира на преживувањата на Е Company ("Easy Company") од вториот батаљон. 506та падобранска десантна единица, под команда на 101-та Воздушна Дивизија на војската на Америка. Серијалот го покрива тренингот на единицата во Токо, Џорџија, воздушниот десант во Нормандија, операцијата Market Garden, битката за Бастоњ и понатамошниот тек на војната до крајот.

Повеќе

Ја симнав цела, 10 епизоди не се многу.
Изгледав цела една епизода, првата, добра беше но не ме фатил мерак да ја гледам втората.
Кога ќе имам слободно време ќе ја погледнам.
 
Ја симнав цела, 10 епизоди не се многу.
Изгледав цела една епизода, првата, добра беше но не ме фатил мерак да ја гледам втората.
Кога ќе имам слободно време ќе ја погледнам.
Не чекај. Дефинитивно не си човек за серии, ако си по сериите во никој случај немаше да се ориентираш за тоа каква е серијата после една епизода, минимум 3-4 треба да се изгледаат за да можеш да донесиш некој заклучок за серијава, а оваа почнува баш од втората епизода, плус рејтингот нека ти биде нешто што ќе те тера да продолжиш.
 
Гледам серии, ми се случувало и по 15 епизоди да изгледам за 24 часа.Еве на пример 24 или Призн Брејк.
Погрешно си ме сфатил, не ја оценувам целата серија според една епизода, не викам дека не ја бива или дека е лоша, туку едноставно го немаше тој шарм да ме натера веднаш да продолжам понатаму да ја гледам.

Но и таков човек сум, можеби требаше да ја симнав во HD,така на неарна снимка ми се ствара некоја одбивност.
 
Одлична серија, градење на карактери, емоции...прва лига.
Абе со ХБО нема утка.
Исто е и со Rome и Tudors.
 
Ја симнав цела, 10 епизоди не се многу.
Изгледав цела една епизода, првата, добра беше но не ме фатил мерак да ја гледам втората.
Кога ќе имам слободно време ќе ја погледнам.

Првата епизода е само тренингот, веќе во втората почнуваат битките.
 
Втората,третата ....адреналинот да го почувствуваш :)

И не е за дечки кои гледаат
Призн брејк
и ја ставаат во исти пост со серии од таков вид :)

--- надополнето ---

-Не е којзнае каков спојлер-
 
Конечно ги прегледав сите епизоди, нај момент
Мајор Винтерс: Капетане го поздравувате ранкот а не човекот :pos:
Серијава топло ја препорачувам на сите љубители на втора светска војна и настаните од неа, не зажалив што не ја гледав порано, баш ми е мило што пред тоа ја гледав The Pacific бидејќи во последниве епизоди многу работи ми се вклопија :smir:
 
Чекав да ги догледам сите епизоди па да коментирам...еве баш сега ги завршив..стварно добра сторија...има и комични ситуации се на се добро вклопено..иначе The pacific колку епизоди е?
 
Чекав да ги догледам сите епизоди па да коментирам...еве баш сега ги завршив..стварно добра сторија...има и комични ситуации се на се добро вклопено..иначе The pacific колку епизоди е?
Исто, 10, ама не очекувај да биде добра како и оваа, за нијанса е послаба, ама е феноменална :smir:
 
Фатив и по втор пат си ја изгледав серијава...и вредеше, сум подзаборавил колку е добра :)

Ненормално добра серија. Значи ненормално. Аууу згази серијава. Дејство перфектно, атмосфера феноменална, градење на ликовите неописливо добро. Премногу ликови и премногу дешавки, али коа ја гледаш серијата тотално се соживуваш, како и ти да си таму, да си дел од нив, војната, единицата. Реална и болна серија, поготово кога ги гледаш вистинските луѓе остарени како со болка раскажуваат за моментите кои ги поминале низ цела Европа. Оценката на IMDb скроз оправдана, не ми се верува дека има само една страна серијава на форумов, заслужува повеќе. Според мене ја ставам во исти кош со The Wire, The Sopranos, Six Feet Under, не по жанр зашто се различни туку по квалитет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom