Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ама Жељко дефинитивно го глуми СајмонКаков бе национализам, песната стварно беше досадна. Ја обожавам Бијонсе, ама не и е таа песна најдобрата што ја има напишано.
Башка Жељко е Србин, а и даде ДА. Така да немаше врска муабетот со национализам.
Ама Жељко дефинитивно го глуми Сајмон![]()
Нејќам да изигравам дрвен адвокат, ама тоа со српскиот/мајчиниот јазик, не верувам дека му беше намерата да ја навреди лично, пошто откако ја испеа Јовано Јованке продолжи да го брани ставот у смисол: Ете гледаш. Српски кажа, ама не беше фората да го навреди македонскиот јазик, тоа беше мојот впечаток. Некако ко на нож да дочекувате, се фаќате за ситници.Чекајте, ако има нешто за реагирање, ќе се реагира. Рачунајте дека има многу сечење, едитирање и слично, не го дадоа баш целиот муабет со девојчето.
У секое вакво шоу има по некој Сајмон, тоа е она што го прави шоуто интересно.
Иначе не сум обожавател на Жељко и тоа ич, ама ме терате да го бранам бе!![]()
Каков бе национализам, песната стварно беше досадна. Ја обожавам Бијонсе, ама не и е таа песна најдобрата што ја има напишано.
Башка Жељко е Србин, а и даде ДА. Така да немаше врска муабетот со национализам.
Абе сеа,ти го браниш за да си го истераш инаетот на темава,почнувајќи од тоа што го оправдуваш тоа што нема Македонец во жири итн итн.....
Незнам вие може сте оперирани од срам,или национално чувство ама мене ептен глупо ми падна кога и кажа така зелката,не ве тераме ние да пеете на српски,не сум јас националист,па баш со тоа што го кажа сакајќи/не сакајќи си покажа дека е националист,очигледно за него Македонците треба на српски да зборат,на српски да пеат,всушност македонците ти се срби на крај ќе испадне. Се знае дека босанци,црногорци на српски ќе пеат,единствени таму што не им е мајчин српски се македонците,не е паднато од марс тоа на македонка така да и каже.
Судијата не ја оценува песната туку пејачот !
Колку сака нека е досадна песната, он таму е за да каже дали тој што пеел убаво пее. Ако му е досадна песната нека се жали кај Бјонсе (бтв браво за преводот)...
Иначе Емина и таа другата за мене се тотален промашај како судии. Ебате толку напалени се (коа беше тој црногорецот), ко од пубертет да не се излезени...
Ја испеа Јовано Јованке и не и рече после он, е зошо не пееше на српски... туку баш беше муабетот ете што ми е поентата
лол па ај уште тоа да и го речеше и да го задавеше девојчево таму на сред аудиција,да фати рак на тоа бемката гадна на фаца што ја има.
Еве видео за нашите,сите заедно на брзина,кратено се фино спакувано,а тоа педерчето можеше да изиграва здравко чолич () пола саат,па сами видете дали нема дискриминација за нашите.
Баш напротив. Очигледно не ме познаваш, затоа така и збориш. Националното чувство ми е сосема на високо ниво. Не реков дека ок тоа што нема Македонец во жири, ама ни на Операција Триумф немаше. Проблемот е што нашите продуценти т.е соработници од тука или не вложуваат доволно или не се залагаат доволно. Едно од тие две е. Јас проблемот кај нас го наоѓам. Имаа месеци подготовки, не можеа да се изборат за Македонец во жири?
Друго, стварно мислам дека друга му беше поентата. Па јас прва осудувам националистички изливи, особено кога се насочени кон Македонци. Ја испеа Јовано Јованке и не и рече после он, е зошо не пееше на српски... туку баш беше муабетот ете што ми е поентата. Мене поглуп момент ми беше кога никој не го разбираше другото девојче, па минута време си се убедуваа меѓу себе што уствари рекла.
Извини, некогаш џабе е добар глас, ако избереш досадна песна, после 10 секунди ќе престанам да те слушам. Не е само до гласот, мора и песната да се погоди.
Не е за нивните песни дефинитивно, туку ако имаш добар глас, а избереш досадна песна, после 20 секунди ќе престанат луѓето да те слушаат. Икс фактор не е само за глас, туку и за харизма и општо за целиот пакет.Затоа и никогаш нема да бидеш во жири
Ок, изборот на песна е важен, ама само за да ги истакне твоите квалитети, зошто целта на шоуво не е да видиме кој од светските пејачи има подобра песна, туку да видиме кој од аматерите (условно кажано) најдобро пее.
Иначе браво за девојчето шо овие као не го разбраа шо збори (зошто нели македонскиот јазик спаѓа во германска групата на јазици и за србите е неразбирлив...). Девојчето си излезе, си кажа шо си имаше на македонски и ич не и беше гајле дали ќе ја разберат или не. Има едно пиво од мене за ова !
#Respect
Не е за нивните песни дефинитивно, туку ако имаш добар глас, а избереш досадна песна, после 20 секунди ќе престанат луѓето да те слушаат. Икс фактор не е само за глас, туку и за харизма и општо за целиот пакет.
Не реков дека девојчето не е добро да се разбереме, ама од толку моќни песни што ги има Бијонсе, она една од подосадните песни ги избрала. Пази Бијонсе што е БИЈОНСЕ, што ми е омилена пејачка, па ја менувам песната кога ќе ја чујам, не па девојче што го слушам прв пат. Море да сум ја у жири, бетер од Сајмон ќе бидам...Мора строгост и tough love. Само така ќе научат.