Балканска лига на шампиони?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mercury
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде ајде , ако не успее ,море ФФМ ќе повлече врски , ќерка му на Платини за Македонец е земена :ROFLMAO:

 
Интересно, но многу тешко остварливо
 
Турција е најзагреана за регионалната лига

Првиот човек на македонскиот фудбал Илчо Ѓорѓиоски е заговорник и на идејата за формирање регионална лига, како пандан на Лигата на шампионите (ЛШ) и на Лига Европа (ЛЕ), во која би се вклучиле 42 екипи од 13 земји од поблиското опкружување на Македонија, кои нема да ги поминат квалификациите во двете најсилни европски клупски натпреварувања.
- Првите реакции од челниците на фудбалските федерации на Хрватска, на Унгарија и на Турција, со кои имав контакти, сѐ повеќе од позитивни. Турците се најмногу загреани, сакаат со нас заеднички да ја туркаат работата, тие за четврток во Скопје го најавија доаѓањето на генералниот секретар на нивната федерација на разговори на оваа тема. Во април или во мај треба да формираме и работни групи, кои на состанок во Скопје или во некој друг град би почнале со реализацијата на оваа идеја. Има позитивни реакции и од УЕФА, и тие се заинтересирани за вакво нешто, но останува сите детали да се стават на хартија и потоа да се преточат во реалност. Главните работи што треба да се решат се финансирањето и прашањето за безбедноста. Ако се најдат заеднички прифатливи решенија за сите, тогаш ова натпреварување како што планираме би почнало во сезоната 2018/2019 - вели Ѓорѓиоски.

 
Ако се направи,подобро да има Македонци во управното тело на Лигава! Да покренеш иницијатива а после Србиве и Хрвативе ќе се бутнат со свои луѓе и ќе влечат жици е непожелно.Ако сакаме поголема улога и влијание,мора да имаме Македонци.
 
Македонци, турци и унгарци по се изгледа. Другите ќе се испотепаат хахаха
 
Србиве не се поднесуваат со Босанциве,Хрвативе,Албанциве,Унгарциве и даље и обратно.Македонците со Грциве,Бугариве,Албанциве . Албанциве со сите :D ....Турциве со Грциве,Бугариве и даље .. Шпанска ебана серија сме :D
 
Србиве не се поднесуваат со Босанциве,Хрвативе,Албанциве,Унгарциве и даље и обратно.Македонците со Грциве,Бугариве,Албанциве . Албанциве со сите :D ....Турциве со Грциве,Бугариве и даље .. Шпанска ебана серија сме :D

Остај ти тоа... На крај пак ќе испадне онаа од бело дугме има нека тајна веза, тајна веза за све нас.

euro.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom