Балканска лига на шампиони?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mercury
  • Време на започнување Време на започнување

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Возраст
35
Фудбалската федерација на Македонија поднесе иницијатива до Европската фудбалска унија (УЕФА) за ново меѓународно клупско натпреварување во кое би биле вклучени екипи од 13 држави од поблиското опкружување на Македонија. Регионалното натпреварување според предлог системот презентиран како идеја до раководните структури на УЕФА би го сочинувале испаднатите клубови од квалификациите за Европските купови. Во новото натпреварување би биле вклучени екипи, елиминирани од квалификациите за Лигата на шампионите и Лига на Европа, кои ќе бидат поделени во шест групи со по седум тима. Пласман во првата елиминациска фаза ќе обезбедат победниците и второпласираните екипи во групите. Според предлогот, победникот директно би се пласирал во групната фаза во ЛШ. Второпласираната екипа би добила можност да игра во плеј-оф рундата за ЛШ, а ако не успее да ја помине, натпреварите би ги продолжила во групната фаза во ЛЕ. Во натпреварувањето би биле вклучени екипи од Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија, Кипар, Грција, Турција, Унгарија, Романија и Македонија. Во периодот од 2014 до 2017 година предлогот ќе биде ставен на анализа и разгледување од страна на службите на Уефа, ако има согласност и одобрување истиот би можел да стартува од 2018 година.



-Идејата ја презентиравме пред надлежните структури во УЕФА, го разгледувавме предлог системот за натпреварување во регионалната лига и можноста од 2018/19. година лигата официјално да започне како дел од системот на Уефа. Треба да се формира работна група која детално ќе ја развива идејата за новото клупско регионално натпреварување. Идејата е клубовите да одиграат многу повеќе меѓународни натпревари и доколку испаднат од квалификациите за Европските купови, проблем со кои се соочуваат речиси сите екипи од окружувањето и да им се даде нова можност за квалитетни натпревари кои предизвикуваат интерес кај јавноста и публиката на стадионите. Низ неофицијалните разговори, претставниците на Националните асоцијации од нашиот регион многу позитивно се изјаснија по предлогот, од причина што сите се соочуваат со истите проблеми - намален број на гледачи на стадионите, недоволен интерес за домашните првенства, мал број на меѓународни натпревари. Сметаме дека проектот е издржан, првичните реакции се позитивни и се надеваме дека заеднички ќе издејствуваме да дојдеме до конечна реализација на регионалното клупско натпреварување, иако идејата допрва треба да се операционализира. Клубови од регионот би играле поголем број на натпревари, интересот кај публиката за натпреварите би бил поголем, спонзорите и телевизиските куќи би имале одлична основа да го најдат својот интерес и конечно тимовите од регионот би добиле многу поголема шанса да влезат меѓу најдобрите во Лигата на шампионите или Лигата на Европа, изјави Илчо Ѓорѓиоски, Претседател на ФФМ.

Според предлог системот натпреварите од регионалното натпреварување би се играле во термините за пресметките од ЛШ и ЛЕ. Сезонава вкупно 36 екипи од регионот беа елиминирани од квалификациите за Европските купови.

http://ffm.mk/ffm-so-inicijativa-za-klupsko-regionalno-natprevaruvanje
Во линкот го има и предлог системот за натпреварувањето

Доста интересно ,како на времето што беше интертото купот трето натпреварување по ранг каде што играа екипи од цела европа.Само уште да биде прифатено од уефа,и можеби ќе живне фудбалот кај нас и регионот.
 
ФФМ брао за нив , реков уше одамна дека се праи иницијатива ,ама кој кусо да ми рече Вмроец и сум забегал ... Си има добра управа , си бркаат наши играчи од дијаспора, нов формат ,селекција на млади и следење ,постојано натпревари и даље , сеа иницијатива се прати од сите други федерации кои се палеја на безбедносни причини и не сакаа ич Балканска лига .... ФФМ си работи и не може никој да ми каже дека грешам :P
 
more like балканска лига на гладијаторски битки меѓу навивачите.
 
Абе идејата си е супер али че да го биде хавуз на трибини така да мислам дека не е изводливо да се организира без последици.
 
Epa izgleda problemot za uefa ke bide publikata,a kaj nas na balkanot se znae kakva e organizacijata
 
Може да се организира, но сигурно ќе биде забрането да присуствуваат гостински навивачи.
 
Дал да се смеам, дал да плачам, земи мајко секира и расцепи ме напола во спиење.
Абе овије единичариве од ффм две чисти да немале во то зељките бре. Абе бегајте таму, мафнете се љиоти едни, немојте едно дерби да реализирате ко шо требит, цела лига кашапопара, услови никавки тие поднесле некоја си изгиризана идеја до кај стрико Мича, ќе праеле некој прототип од ново клупско наптреварување. О Илчоо, мајмун еден недокљафтен, абе ти и тие таму тентерковците се слушате шо зборвите бе.
Сеа кај нас во полн ек, шо да ти речам цутит фудбалов уш овие си прает бајрам на умот, е зато до ова дереџе дојдовме, ни фудбал ни бутур ќе видиш во земјава, даби две метри под земја пропаднале со си цела структура на ффм.
 
Може ама лигата да си има своја војска која ќе и помага на полицијата да ги осигура граничните премини пред секоја утакмица од висок ризик, а ќе ги има многу. :) Сепак тоа нема да го спречи вреѓањето од страна на домашните навивачи и изливот на верска и национална омраза. Едноставно неизводливо. Овие па ФФМ тие ќе организирале нешто, ќе им се убацат тука тие грците будали ќе направат хаос.
 
:pos: Има право Гомез, овие нашиве малоумници ќе организираат вакво нешто... Замислете навала на Гробари, Делии, БББ, Торцида, ГТ8, ГТ9 и тие турчиштата ненормални.
Нашава шугава полиција неможе да се справи со 200 Комити а не 2.000 навивачи од горе наброените групи.

Плус замислете дерби помеѓу српските и хрватските екипи, покољ.
Исто и против турците ко ќе играат, или ко ќе ни дојде Олимпијакос или ПАОК у Скопје. :cenzura:
 
Ете Галата и Олимпијакос ќе се откажуваат од ЛШ да играат у Балканска Лига. На тешки дроги се овие од ФФМ, не гледаат првенствово за кур не го бива, они ќе давале предлози за регионална лига.:pos:
 
Добро е да се има регионална лига за екипите од држави со послаби првенства ама нашиве бе еј, ем шуто ем боде, ем од организација ни О немаат ем пикаат гз кај што не треба. Јас па баш сакам да им ја прифатат идејава, нека ги дознае Европа што гомна се.
 
Искрени да биднеме ако се сака може да се организира, но организаторите да бидат озбилни луѓе кои имаат углед во УЕФА од балканскиве простори, а не некои неспособни мамлази, има регионално кошаркарско натпреварување каде што нема некои поголеми инциденти.
 
Искрени да биднеме ако се сака може да се организира, но организаторите да бидат озбилни луѓе кои имаат углед во УЕФА од балканскиве простори, а не некои неспособни мамлази, има регионално кошаркарско натпреварување каде што нема некои поголеми инциденти.
Нема споредба помеѓу фудбал и кошарка. Освен Звезда, Партизан, Панатинаикос и Олимпијакос која друга екипа има ватрени навивачи.

За фудбал да не почнувам, секоја екипа што ќе настапи на тоа балканско првенство има група од 10.000 навивачи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom