Што има во потрошувачката кошничка?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Потрошувачката кошница за четиричлено семејство во Македонија за јули изнесувала 11.892 денари.

Никогаш не ми била јасна методологијата на пресметка на потрошувачката кошница, а досега не сум налетал на таков податок, односно - што има во таа кошница, според која испаѓа дека на човек му се доволни 2.973 денари месечно за трошење.

Знае некој што има (нема) во кошницата?
 
Член од
6 јуни 2010
Мислења
119
Поени од реакции
3

мислиш за храна така?
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
мислиш за храна така?
И пијалоци и средства за лична хигиена. Се она што е неопходно, но како што ми изгледа темава ќе треба да заврши кај мене :D Никогаш не сум сретнал што се содржи... ниту па спомнале од прилика што има
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Потрошувачката кошница е потребниот износ на едно 4 члено семејство да се исхрани.

Се зема како вредност, според цените на неопходните продукти и се одредува учеството на таа кошница во однос на платите.

Состав:

Заводот за статистика ја составува месечната кошница врз основа на просечните потреби на населението, кои често се многу помали од реалните.

Така, според статистичарите, едно семејство месечно троши по 26 килограми леб, 13 килограми млеко, 1,6 килограми месо, 2,3 килограми сирење, 700 грама кашкавал, 6 литри зејтин, а секојдневното живеење покажува дека тие количини се поголеми.

„Потрошувачката кошница се составува врз основа на просекот на потрошувачката на количествата на производите. Тоа значи дека со методологијата на испитување сме пресметале дека толку може да си дозволат граѓаните, што не значи дека тоа е доволно за живеење“, велат во Заводот за статистика.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=AB2CDFB521C1FF4E8919F98C0178F86C

http://www.stat.gov.mk/pdf/2010/4.1.10.52.pdf
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Се знае точно што содржи една потрошувачка кошница.
Пошто тоа го објавува Државен завод за статистика, на нејзината страна се наоѓаат сите извештаи и податоци. Конкретно за кошницата и што содржи таа тоа е наведено овде:

http://www.stat.gov.mk/pdf/2010/4.1.10.40.pdf
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
У ствари тоа е просек (кој не се менува низ годината, т.е. за секој месец во годината е иста) колку троши 1 домаќинство во Македонија -само за исхрана и пијалоци.
Средства за хигиена, па и други трошоци не влегуваат во оваа кошница...само храна и пиење. Според ова гледам најмногу трошиме на леб 28 кила и на брашно 15 кила...лебари :)
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
У ствари тоа е просек (кој не се менува низ годината, т.е. за секој месец во годината е иста) колку троши 1 домаќинство во Македонија -само за исхрана и пијалоци.
Средства за хигиена, па и други трошоци не влегуваат во оваа кошница...само храна и пиење. Според ова гледам најмногу трошиме на леб 28 кила и на брашно 15 кила...лебари :)
Не точно ова.
Методолигијата е доста арбитрарна кошницата се составува од ќутуре и не е во консултација со нутриционисти или било какви експерти.
Се работи за сериозно погрешна и длабоко дефектна методологија. Добра е само како споредба на движењето на цените. Но, немој да помислил некој дека може да се живее здраво и нормално на т.н. Потршувачка кошница.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Не точно ова.
Методолигијата е доста арбитрарна кошницата се составува од ќутуре и не е во консултација со нутриционисти или било какви експерти.
Се работи за сериозно погрешна и длабоко дефектна методологија. Добра е само како споредба на движењето на цените. Но, немој да помислил некој дека може да се живее здраво и нормално на т.н. Потршувачка кошница.
Па да, храна која користи македонско семејство за 1 месец што не значи дека е квалитетна. Се формира врза основа на едно истражување за потрошувачка на домаќинствата.
Баш е интересно да се спореди со прехрамбената кошница на некоја еу држава...во смисол на квалитетот на исхрана.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
1.6 килограми месо за четворица за цел месец според статистичарите? Ма дај, па тоа е еден оброк со месо за четворица во цел месец : ) Изгледа, статистичариве се вегетаријанци : )

Можеби кошничкава е во ред за да служи споредбено во однос на цените на истите производи со другите месеци, ама количиниве по производ не ми имаат допир со реалноста, односно со големината на кошничката во реалноста, па макар збориме и за количини за преживување. Како некој замислен показател, со нереални количини на потрошувачка, а од тука и со нереален показател колку денари се потребни за преживување.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Има нелогичности -пример 400 грама чоколадо, тоа се 4-5 чоколади што е некако малку...или 700 грама кашкавал, 1.2 кг ослич што е премалку (сам јас јадам 2-3 кг риба месечно-а плус фамилија), башка туна, скуша...не се опфатени. Кујзнае, ова е некој просек за сите села и градови а такви просеци даваат ориз, зелка и месо=сарма :)
Од друга страна многу високи ми делуваат други бројки...6 литри зејтин за една фамилија е бааги количина.
И да е податокот као што треба, се користи психолошкиот ефект "од просечната плата 8 илјади остануваат за други потреби" при што не се напоменува дека многу се поголеми трошоците за тие други потреби (интернет, струја, вода, даноци, кредити, облека...мал милион давачки). За разлика од кај нас, на пример на сајтот на Британија може да се најдат податоци и за други трошоци преку што може да се дојде до податок за вкупни просечни расходи по домаќинство.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Има нелогичности
Од друга страна многу високи ми делуваат други бројки...6 литри зејтин за една фамилија е бааги количина.
Да, да, и мене зејтинов ми падна во око како нелогичен. Изгледа тој килограм и нешто месечно од месото е предвиден да се подготвува во голема фритеза : )

Поефтините продукти имаат поголеми количини, додека поскапите имаат нелогично мали количини во кошничката.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
ха, со ваква кошничка нормално ќе ни ставаат железо у брашно :pos:!
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
Им кажал некој дека млекото се мери во литри, а не во килограми? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom