Баклава

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мислам дека нема тема за нив, не е е битно. Немам многу информации за нив ама сакам многу да ги слушам, посебно вокалот женски кој што е ангелски. Ги изведуваат нашите македонски изворни песни со нивни потпис до перфекција, најомилени од нив ми се овие три и сите ми се на прво место не можам да се одлучам:



 
За Баклава дознав пред 5-6 месеци, ме воодушевија при прво слушање, ме восхитија...

Тоа е уметност во вистинската смисла на зборот. Не можам да престанам да ги слушам оттогаш. Сега пред 15 дена, на 1 јуни имаа концерт во МОБ, но не бев во можност да отидам. Го имам албумот и постојано врти на repeat.
Покрај Твојте очи Лено, омилени ми се Глас, Душа, Ден и Псалм. Нивната музика ми е храна за душата. :)

Еве и еден текст за да придонесам во темава.



Баклава - Ден

Онаму Сонце се раѓа
а не е исток...
Стојам на крајот од светот
губам сила...

Од орото
од сестрите
си заминав од песните...
Самовила
горделива
да бидам не сакам
пеперутка
која нема да ја дочека ни
зората
дел од вечноста на овој
ден
пеперутка
која нема сила да ја види
зората
дел од вечноста на новиот
ден

Држи нè Сонце во денот
што ни сјае
Животот пламнат да гори
дур љубов трае

Вознеси ме
возљуби ме
ме имаш само овој ден...
Зазорува
Зарумени
Невиност на љубовта...

Од солзите се крилата на радоста...


 
Прекрасна музика, прекрасен вокал, магично се чувствувам кога ќе ги слушам, има моменти кога се гордеам дека сум Македонец, слушајќи ги Баклава баш го имам тоа чуство. Секоја чест за Баклава. :smir:
 
Баклава ме потсеќа на лето, 2009 :) Тогаш почнав да ги слушам, случајно. Мене омилена песна ми е Ден :smir:
 
Немам нешто многу слушано, ама од тоа што имам, оваа ми е омилена :)


Со посвета до една посебна личност ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom