Бадеми

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Бадемот по потекло е од Персија и Месопотамија, од каде што уште пред нашата ера се проширил во Сирија и Грција.
Одгледуваниот бадем се појавил во раното Бронзено доба, а плодови на бадем се пронајдени во Тутанкамоновата гробница (1325 г.пр.н.е.).
Античкото потекло на ова растение се докажува и со фактот дека се спомнува во Библијата. Во тоа време бадемот се сметал за религиозно дрво. Со него се украсувале домовите за време на верски свечености. Неговите гранчиња се користени за бркање на лоши духови од болни деца.

bademi_2_1260.jpg
Грците го третираат како симбол на плодноста, па за него постојат разни легенди: настанувањето на слаткиот бадем е поврзано со легендата за љубовта на преубавата девојка Фелида и нејзиниот сакан Демофонт. Во време додека тој бил на пропатување, девојката од тага се претворила во свенато бадемово дрво. По враќањето во татковината Демофонт долго тагувал по саканата, па боговите се сожалиле и кога во тага го опфатил исушеното дрво тоа оживеало, пуштило листови и почнало да отвора прекрасни цветови.
Настанувањето на горчливиот бадем, пак, е поврзано со трагичната смрт на ќерката на Мидас. Тој израснал на она место каде што таа си забодела нож в срце по дознавањето за смртта на својот маж.
Постои и верување дека бадемовото дрво потекнува директно од Зевс. Поточно, од неговото семе е роден хермафродитот Агдитис, кого боговите го кастрирале, а на местото каде што се фрлени гениталиите израснало дрво на бадем.
Во грчката митологија бадемот ја претставува младоста, кревкоста и девствената милина.
Бадемото дрво го најавува доаѓањето на пролетта и донесува плод кој се користи во 13 традиционални божиќни слатки од Прованса.
Во II в. пр.н.е. бадем почнуваат да одгледуваат Римјаните, нешто подоцна се прават обиди во Франција и Германија, но не е успеано поради климатските фактори. Кинезите бадемовото дрво го спомнуваат дури во 10. век, како стебло од земјите на „Мухамеданците“. Во 16. век е пренесен во Северна Америка.
Денес бадемот најмногу се одгледува на Медитеранот и во Средоземјето, потоа во Франција, Португалија, Иран, Мароко, Турција, а водечки производител во светот се САД. Најсеверната дестинација каде што се одгледува бадем е Исланд.
Бадемот е овошје чие јадро се јаде и кај нас главно се користи за подготвување на слатки, а поретко за грицкање. Како и другото јадровито овошје, има голема енергетска вредност поради големата содржина на масти, белковини и помалку јаглени хидрати, а го карактеризира богатство од минерални елементи. Од сите коскени плодови бадемите содржат најголемо количество на протеини, па токму затоа се вреден додаток во исхраната на вегетаријанците. Богати се со минералите магнезиум, калиум, фосфор и особено калциум. Исто така се богати со монозаситени масни киселини кои помагаат кај намалувањето на нивото на холестерол во крвта. Содржат високо количество на олеинска киселина која штити од срцеви заболувања.

bademi.jpg


Бадемите се богат извор на антиоксиданси, витамин Е, магнезиум, калциум, растителни влакна и протеини, па на организмот му даваат чувство на заситеност. Богатството од минерали користи особено за здравје на коските, па затоа се мошне корисни за превенција од остеопороза.Маслото на слаткиот бадем ја поседува сета благотворност на овој свет. Поради исцелителното дејство тоа спаѓа во најкорисните масла за нега на кожата и масажа на телото.
Мошне е лесно и дејствува смирувачки, па одговара на сите типови на кожа. Бидејќи добро ја регулира влажноста, посебно е примерено за сува, чувствителна и детска кожа. Екстракт од бадем во лосиони и креми ја штити, храни и омекнува кожата создавајќи чувство на пријатност. Ја јакне еластичноста на кожата поради што е задолжителен дел од негата на бремените жени.
За успешно одгледување на бадемот погодни се плодни, растресити земјишта на кои подолго не се задржува вода. Тој бара топли и осончени терени. Во фаза на мирување може да поднесе ниски температури и до минус 20 степени Целзиусови без видливи оштетувања, но бидејќи цути рано, на крајот од февруари, доцните пролетни мразеви и температури од минус 1 до минус 2,5 степени Целзиусови можат да направат големи штети. Добро поднесува суша, иако во периодот на интензивен раст на плодовите, средина на летото, доколку се појави подолг сушен период би било пожелно да се изврши наводнување за да се одржи родот и да се оствари оптимална родност и квалитет на плодовите.
Бадемот се сади на растојание од 5 х 5, односно 5 х 6 метри ако се работи за плантажно одгледување, а ако се работи за одделни овошки може да се сади и на поголемо растојание. За да се остварат редовни и стабилни приноси и оптимална крупност и квалитет на плодовите карактеристични за соодветна сорта, бадемот мора секоја година редовно да се крои. Кроењето е слично како кај праската, што подразбира остра резидба. Доколку не се врши кроење се случува оголување на скелетните гранки и преместување на родноста на перифериите на круната, што е мошне неповолно.

Pe%C4%8Deni+bademi+kao+tapas+(1).JPG


Бадемот е долговочен овошен вид, со редовна агротехника и одржување може успешно да се одгледува 60 и повеќе години, а почнува да раѓа во третата година од садењето. Полн род достигнува од десеттата година.
Бадемовиот плод е составен од 2 елемента: надворешен- мека, зелена, кадифеста кора и внатрешен цврст орев со боја на слонова коска. Се бере од крајот на август. Доцните сорти се берат на почетокот од октомври. Плодот е зрел кога месестиот дел- лушпата ќе пукне и коскичката сама ќе испадне.
Најнови сознанија:
Нектарот од бадемовото дрво произведува извонреден и опасен отров. Тоа е единствено познато растение кое има отров во својот цветен нектар. Истражување извршено на Универзитетот Хаива открило дека пчелите се мистериозно привлечени од токсичната супстанција.
Се смета дека токсинот наречен амигдалин, кој е најден во бадемовиот нектар, е всушност еволуционо прилагодување кое на тоа дрво му дава предност во однос на своето опкружување. Претходни истражувања веќе покажаа дека амигдалинот може да се најде во нектарот на бадемот во концентрација од 4 до 10 милиграми по литар. Исто е познато дека бадемовото дрво е единствено растение кое го има овој токсин во цветениот нектар. Всушност, класификацискиот подвид на ова дрво еAmygdalus, именуван така откако е откриен токсинот..
За мали цицачи ова е смртоносна супстанција и е високо концентриран во семето на неникнати горчливи бадеми. Овие бадеми се исто така опасни и за човечка конзумација.
Групата научници истражувала зошто ова растение произведува толку моќен токсин, чиј нуспродукт е цијанид, во својот нектар. Објаснението е дека присуството на амигдалин во нектарот наизглед не е во согласност со целта на нектарот- привлекување на инсекти на цветот за да се излачи храна и да се опраши, па на тој начин да се придонесе за размножување на растението.
Тие изложиле медоносни пчели на плочи на нектар кои имале различни концентрации на токсин и плочи на нектар без токсин. Првиот тим набљудувал четири различни концентрации на амигдалин, слични на природни нивоа на токсин во бадемовиот нектар: 2,5 до 10 милиграми по литар. Вториот тим набљудувал многу повисоки нивоа од оние најдени во природен облик: 5 до 50 милиграми по литар. Во обата случаја и за секој од состојците пчелите повеќе преферирале нектар кој содржел амигдалин, отколку опција без амигдалин.
Утврдено е дека иако амигдалинот е отровен за цицачите, не е отровен за инсектите, како што се медоносните пчели. Дури дејствува како стимулант кој привлекува такви инсекти.

46484493.jpg


Интересно е дека во Калифорнија енормно растат бадеми кои без пчели не донесуваат плод. Фармерите кои произведуваат бадеми се принудени да ги увезуваат од такви далечини како што е Австралија- камиони кошници во текот на сезоната на цутење на бадемот за да се обезбеди опрашување.
Ако јадете бадеми, би можеле да спречите појава на дијабетес и срцеви заболувања, велат американски научници кои забележале значително подобрување во крвната слика на лица кои јаделе повеќе од овие плодови. Дијабетесот е една од болестите кои најбрзо се шират низ светот, а типот 2 е најзачестен. Развојот на болеста може да се спречи со исхрана во која се застапени бадеми, објави Journal of the American College of Nutrition.
Ако вклучите бадеми во својата секојдневна исхрана, ќе го олесните дијабетесот од типот 2 и доколку тој се зголемил. Дијабетичарите патат од недостиг на инсулин т.е. не можат да ја искористат глукозата од крвта зашто таа не може да влезе во станицата и да се претвори во енергија. Кај неконтролираниот дијабетес глукозата и маснотијата остануваат во крвта и со време ги оштетуваат виталните органи.
Меѓутоа, студијата спроведена на Универзитетот по медицина во Њу Џерси покажала дека исхраната богата со бадеми предизвикува поголема делотворност на инсулин и го намалува LDL холестеролот кај оние луѓе кои имаат зголемено ниво на глукоза во крвта, но се уште не толку високо за да ги сметаат за дијабетичари.
Водителот на истражувањето Д-р Мајкл Виен вели:
„Ова им дава надеж на оние кои имаат поголем ризик за развој на хронични болести, како што се дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести. Новата исхрана би можела да ги промени факторите на ризик кои играат улога во развојот на болестите“.
Ширум Европа од дијабетес боледуваат околу 55 милиони луѓе.
 
Бадемот е најздрав апетисан ама штета е што е скапичко околу 700-800 ден на кило:(
 
Абе мораше слики да ставиш.Сега ми се пријаде а немам скршен денар во џебов.:(
 
Бадемите се далеку поздрави ако се јадат сирови, одкако ќе одстојат една вечер во вода, никако печени!
 
Како и да ги јадеш пак се вкусни.
ПС. Уште ми се јадат бадеми:(
 
Не зборувам за вкус, него за здравствените бенефити од јадењето на бадемите.
 
Не зборувам за вкус, него за здравствените бенефити од јадењето на бадемите.
Шуќур некој да се најде да објасни дека (исклучиво) суровите бадеми мора барем 24 часа во вода да отстојат со често менување на водата, пред да се консумираат. Со натопувањето се неутрализираат (отстрануваат) ензим инхибиторите во лушпата од бадемот и со тоа на нашиот организам стануваат достапни даааааалеку поголем број на хранливи состојќи. Факултативно е по натопувањето да се лупат бадемите.

П.С. Млеко од бадеми? Извонредно хранливо, здраво и превкусно за сите генерации како и за нетолерантните на лактоза. Додадете си стапче ванила, лажица мед или пак урма и уживајте во вашето превкусно млеко. :love:

 
Јас имам бадеми,а печени се за мерак (па со пифце мх мх ) :pipi:
У грло да ти застанат............пичка мајчина ! Што мрзам кога некој се фали вака.

Шала,на здравје нека ти се. :)

Па не мора кило да купувате ебате не мора да се товиш,земи за пеевче од локалната семкара чисто да се освежиш,иначе многу се добри и ги јадам.
 
Бадемите се далеку поздрави ако се јадат сирови, одкако ќе одстојат една вечер во вода, никако печени!

Незнам дали имаш јадено печени,ама пред да се печат се земаат бадемите и се потопуваат во вода и стојат едно 5-10 минути,потоа кога добро ке ја примат водата се истура од тавата,се разредуваат бадемите убаво во истата и потоа се додава сол. Потоа се стават да се печат на 250 степени 10 минути,па се намалува рерната на 200 и се печат уште 30тина минути мислам.

Незнам дали е здраво мада мислам дека не е ни многу штетно,ама ептен се вкусни. Исто и не печени се добри ама повеќе ако изедеш и стомакот ќе почне да зафркава :D
 
Леле темава ја погодив.

Имам дома една кеса и баш деновиве се мислев што да им праам.Сакав да ги печам така со сол,ама иако највкусни не се баш најздрави така а?Дајте некоја идеја што да им правам пошто прва година ми раѓа бадемот и никад не сум имал до сега.
 
Леле темава ја погодив.

Имам дома една кеса и баш деновиве се мислев што да им праам.Сакав да ги печам така со сол,ама иако највкусни не се баш најздрави така а?Дајте некоја идеја што да им правам пошто прва година ми раѓа бадемот и никад не сум имал до сега.

Абе земи печи ги со сол,ќе свршиш после кога ќе пробаш ем топли ем соленки. Абе нездрави,нема да умреш ебаго од тоа едно ќесе,јас колку до сеа сум јадел па ништо не ми станало (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom