Б.Ц. и ФРЧКО - ОДГОВОРНИ ЗА АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување Време на започнување
Кривична за Црвенковски

Досие: Глигоров ИВ
Она што е најинтересно во целиот случај со атентатот врз Киро Глигоров, кој веќе прераснува во обемно досие, е што во моментот кога тогашниот министер за внатрешни работи Љ.Д.Ф. решава да не покренува кривични пријави, одмавнувајќи со рака во правец на јавното обвинителство, во стилот нему својствен, “кој ги е…!”, изворот на Форум и сведок на настанот од ДБК поднесува кривични пријави како граѓанско лице!
КАДЕ СЕ!?

“Кривичните пријави гласат на име на Бранко Црвенковски и Љубомир Данаилов Фрчкоски”, тврди нашиот извор.
Овие кривични пријави ги товарат двајцата политичари за вмешаност во организирањето и прикривањето докази во случајот на атентатот на Киро Глигоров.
“Пријавите не се повлечени, но не се знае нивната судбина. Во предметот на истражниот судија се нотирани, но каде и кој ги тргнал, никој не знае”, вели изворот.
Во судскиот предмет на истражниот судија од тогашниот окружен суд, Здравко Василев, наводно имало уште еден документ кој посочувал на тогашниот премиер и министер за внатрешни работи. Како што веќе откри Форум во минатиот број, истражниот предмет бил ставен ад акта во подрумот на судот за да биде уништен. Обидот не успева, ама очигледно налогодавецот за уништување со далечинско, преку претседателката на новиот Апелационен суд, успеал да ги “поништи” кривичните пријави!
Всушност, во прашање е и истражниот исказ на потсекретарот на МВР во оставка, Слободан Богоевски. Тој тврдел дека предупредувал во повеќе наврти и со прецизни извештаи посочувал на тоа кој го создал политичкиот и безбедносниот контекст, кој ги создал условите за атентатот и во која насока да се движи истрагата.
Оттука, не е чудно што поранешниот министер како нов сведок го нуди Фидан Костовски, за кој најверојатно ќе излезе дека е неподобен, но кој целата перцепција за настанот ја трга од Фрчкоски и ја насочува на друго место.
Во меѓувреме, во заштита на Љ.Д.Ф. се ставаат и новинари-послушници на машинеријата на СДСМ кои велат дека тоа што Форум посочи оти Глигоров им пречел на Црвенковски и на неговите блиски шверцерски и мафијашки босови, е удар врз државата и нејзините интереси. Во нападот врз Форум, токму со таквите ступидни аргументи, всушност и од друг, пристрасен извор добиваат потврда наодите дека имало цела спрега на личности, криминалци и институции, но и медиуми на чело со тогашната МТВ и нејзиниот директор, кои имале прецизна задача атентатот да ја добие бараната димензија на алиби, а не вистинската димензија на пуч против иднината на Македонија!


http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7723&Itemid=139
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom