F
FilipMacedon
Гостин
Б.Ц. и ФРЧКО - ОДГОВОРНИ ЗА АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ
ИНТЕРВЈУ НА СЛОБОДАН БОГОВСКИ ЗА МАГАЗИНОТ “НИЕ”
ЦРВЕНКОВСКИ И ФРЧКОВСКИ - ОДГОВОРНИ ЗА АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ
Слободан Богоевски прв човек на службата за државна безбедност за време на атентатот врз претседателот Глигоров. Во магазинот НИЕ сведочи што недостасувало и кој потфрлил во истрагата.
Богоевски бил разочаран од функционирањето на МВР три месеци пред да биде извршен атентатот, ден пред 5 октомври тој поднел неотповиклива оставка, го предупредил и Глигоров но не добил резултат.
По тринаесет години вели дека колумните на Фрчковски се само приказни за мали деца. Го обвинува за несоработка со останатите органи и за прикривање на информации. Како одговорен го посочува и тогашниот премиер Бранко Црвенковски.
Богоевски вели дека имало крупни грешки во текот на истрагата. Наместо директорот на државната безбедност да раководи со штабот кој работел на причините за атентатот на тоа место биле поставени сосема неискусни луѓе. Богоевски чуствувал дека МВР се распаѓа.
Првиот човек на тогашната служба за државна безбедност посочува и клучни датуми пред атентатот. Осум дена пред тоа бил потпишан договорот помегу Македонија и Грција. Починале многу од директно вклучените во атентатот и никој не го истражувал тоа. Богоевски прави и профил на можниот атентатор.
Слободан Богоевски не очекува дека последните сведоштва на Фрчковски ќе помогнат во разоткривање на атентаторoт.
- извор и видео: sitel.com.mk;