Азија

  • Креатор на темата Креатор на темата bube
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Се виде дека нашата политичка ориентација во последниве 17/18 години е потполно погрешна. Нашиот поглед кон запад ни донесе само зло. Тропањето на вратите на нашите вечни непријатели ни донесе само штета. Нашите богати непријатели уште од првиот миг на нашето осамостојување ги остварија своите национални интереси во Македонија. Меѓудругото слободен прилив на луѓе и добра во едно насока. Аминуваа на уништивањето на оние капацитети кои им беа конкуренција во некоја смисла, малкуте производители кои пробаа да извезуваат кај нив беа опструирани на најразлични начини. Дипломатските односи ги поставија на понижувачко ниво(визен режим).
Диктираа постепено уништување и разнебитување на Македонија во секоја смисла. Смислија посебни театри , во вид на договори , стабилизации , асоцијации, олеснувања итд. Не обедуваа дека тоа е доказ за нашиот напредок, а во пракса осетивме уназадување и потежок товар на нашиот грб.
Во пракса им ги поклонивме нашите златни кокошки и нивните производи , на пример возила се привилегирани во однос на азијатските производители.
Оттаму можеби за Македонија ќе биде попаметно своите национални интереси да ги бара во Азија, поконкретно Јапонија, Кореа ,Сингапур итд. Целосно свртување би било погрешно, на пример према Русија чиишто најдобри денови изминуваат.
Не е фер од наша страна Европејците да ги привилегираме со смалени давачки за увоз а да им плаќаме за визи , а во Јапонија да патуваме слободно а нивниот извоз во Македонија да го оптоваруваме со дополнителни царини.


Интервју:
Македонија да се промовира во Јапонија
13404EB60B30ED4F99990BA772CCEFAB.jpg

Акио Танака, јапонски амбасадор во Македонија
Тамара Грнчароска


Амбасадоре, како би ја оцениле соработката меѓу Македонија и Јапонија?

Односите меѓу двете земји генерално се одлични. Сепак, верувам дека може уште повеќе да ги зацврстиме. За таа цел би сакал да го промовирам заемното разбирање на едно основно ниво, низ заедничка размена на луѓе и идеи на полето на едукацијата и развојот на човечките ресурси.

Јапонија важи за еден од поголемите странски донатори во земјава, особено во областа на образованието, здравството... Кој е интересот на Вашата земја за такво нешто?

Јапонија како втора најголема економија во светот и членка на Г-8 им дава голема важност на мирот, стабилноста и просперитетот, не само во Азија туку и во целиот свет и придонесува кон тоа. Имајќи на ум дека вашата земја е единствена република што стана независна од поранешна СФРЈ на мирен начин, очекуваме стабилноста на вашата земја да игра многу важна улога за мирот и стабилноста во целиот регион. Јапонија има цел да и' помага на вашата земја во напорите во реформирањето и обединувањето на мултиетничкото општество низ економската соработка и на тој начин да придонесе за мирот, стабилноста и просперитетот, не само во вашата земја туку и на Западен Балкан и целиот свет.

До каде е реализацијата на проектите што ги финансира Јапонија во Македонија?

Свесен сум дека вашата земја целосно ги разбира претходно споменатите цели зад кои стои јапонската економска соработка со вашата земја. Би сакал да побарам од вашата земја да ја интензивира соработката за време на фазата на имплементација на значајните проекти, за подобрување на ефектите добиени од јапонската програма за економска соработка. Високо го цениме позитивниот прием на јапонската економска соработка од страна на Владата и луѓето во вашата земја.
Сметате ли дека сето тоа е доволна причина за отворање јапонска амбасада во Скопје, а не нашата држава да се покрива со амбасадата во Виена?

Знам дека од големо значење за понатамошниот развој на билатералните односи меѓу двете земји е заемно отворање амбасади во главните градови на секоја од државите. Како јапонски амбасадор во вашата земја, мора да кажам дека искрено се надевам оти Јапонија ќе отвори амбасада во Скопје колку што е можно поскоро. Очекувам и вашата земја да отвори амбасада во Токио, со што ќе ги демонстрира својата заложба и декларираниот интерес за зацврстување на билатералните односи меѓу нашите две земји. Верувам дека отворање ваша амбасада во Јапонија позитивно ќе влијае врз јапонската влада во тие размислувања.

Во рамките на сегашната посета на Македонија ќе одржите предавање на Скопскиот универзитет на тема „Јапонската дипломатија“. Кој е поводот за тоа?

Како јапонски амбасадор во вашата земја би сакал да ја искористам оваа можност за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете земји. Според мене, важно е да се поттикнува интересот кај вашите луѓе, особено кај младите, за Јапонија. Моето предавање ќе го рефлектира тоа гледиште.

Во земјава Јапонија изгради имиџ на држава што и' помага и што и' е голем пријател на Македонија. Кој е имиџот што го има нашата земја во Јапонија?

Се плашам дека многу Јапонци не се многу добро информирани за вашата земја и за нејзиното политичко, економско и културно наследство. Тие најмногу го поврзуваат зборот Македонија со историската личност Александар Велики. Меѓутоа, од моите три посети на Македонија, од кои едната беше приватна, знам многу убави места во земјава, како што е Охридско Езеро, и би сакал да им пренесам на јапонските граѓани за атрактивноста на вашата земја. Жал ми е што толку убава земја, со толку многу потенцијал, не им е многу позната на Јапонците. Би сакал да ја изразам мојата надеж дека вашата Влада ќе преземе иницијатива за промовирање на вашата земја кај луѓето во Јапонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom