Автомобили кои ги моторизираа македонските граѓани!

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Возраст
39
Зборуваме за луѓе од средната класа...
Еве ги по ред...

Zastava 750

448871.jpg



Zastava 1300

z1300-4.jpg


VW Буба 1200/1300


vw1200ls_01.jpg


Zastava 101/128

z1.jpg


Zastava Yugo

yugo45.jpg


Lada Riva (се двоумев меѓу 1200 и оваа, ама селаните најчесто оваа ја земаа)
2107.jpg


Daewoo Tico

tico_01.jpg


Ако имате и други предлози...слободно со слика кажете...
 
Еве го и легендарниот Голф 1, кој се произведуваше во сараевски ТАС. Едно од возилата кои ја моторизираа тогашната држава. на многумина им беше и прво возило во животот, кола со западен шмек, омилен дизелаш, кој оди на се што мириса на нафта :) (се разбира, имаше и бензинци)

 
Предлози конкретни немам ама темава е супер:wink:.
 
Супер е...па нема други предлози тие се колите :) хахаха
 
Да забораив на R4! Многу застапен како и Спачекот (кој МНОГУ малку го има по улиците па и на отпадите...каде отидоа сите спачеци?!)
 
Огради, олуци и друга железарија Волкси, ама не кај нас, во Грција и Бугарија!
 
Има само еден или два во БТ...повеќе Ami 8 има...отколку спачеци. Дијаните се помалце...ама ги има неколку...
 
Да не сте го заборавиле легендариот PZ?:helou:
250px-Polski_Fiat_125p.jpg
 
ПЗ-то беше комбинација од каросеријата на Фиат 125, и механика и ентериер на Фиат 1300/1500, со мотор од 1500. Значи моделот 125 со претходникот 1300/1500. Подоцна, кон средината на 70-тите се модернизира внатрешноста малку, а и фејслифтот е во стилот на 125 Специал. Други штопови, подруга маска на ладникот со посебни маски на фаровите, полските дизајнери си поиграле малце...
Заприметете некогаш колку му се тркалата навнатре вовлечени :). Тоа заради комбинацијата од 2 коли.
 
B31017.jpg


Горе напишав дека се двоумев меѓу Рива и 1200-ка (Fiat 124), ама еве ќе ја ставам и неа...

Како и познатото „пегличе” Fiat 126p

020710.jpg
 
Eве една приказна:
ФИАТ започнува со производство на моделот 128 во 1969, и веднаш станува кола на годината 1970. Застава го преземе производството на 101 според лиценца на 128, но со од ФИАТ неприфатениот дизајн за петовратна комбилимузина.
Како настанал Голф 1? Во тоа време, ФИАТ 128 бил бестселер, а бубата на Волксваген веќе остарена и технички назадна. И се решава да се направи нејзин наследник, па господата од Волксваген, купиле од салон еден 128, го расклопиле комплетно за да видат што и како Италијанците направиле, ангажирале Италијанец за дизајнот (Џуџаро) и во 1974 се родил Голфот. Кој е Голф, знаете сами. Цела таа компактна класа се нарекува и Голф класа.
 
Струмикс напиша:
ангажирале Италијанец за дизајнот (Џуџаро) .
Малку оф топик,
Џуџаро е едно од најголемите имиња во послератната автомобилска индустрија, за тоа нема збор, Но не ли ти се чини дека премногу се искомерцијализирал, дури почнал и автомобилски гуми да дизајнира! Можеби и јас сум заебан малку, по дифолт не сакам мејнстрим!:helou:
 
Gravity Grave напиша:
Малку оф топик,
Џуџаро е едно од најголемите имиња во послератната автомобилска индустрија, за тоа нема збор, Но не ли ти се чини дека премногу се искомерцијализирал, дури почнал и автомобилски гуми да дизајнира! Можеби и јас сум заебан малку, по дифолт не сакам мејнстрим!:helou:

Сите дизајнери се и индустриски дизајнери. Нема врска тоа дека дизајнира тркала!- не гуми има разлика...
Џуиџаро е прогласен за дизајнер на столетието...а инжењер е Фердинанд Порше.

А за приказната за 128 што бил купен и расклопен од VW е апсолутно точна па и VW го признаваат тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom