Автоматски управувано возило

  • Креатор на темата Креатор на темата Square One
  • Време на започнување Време на започнување
Замисли вирус на компијутерот и автомобилот да ти врти само лево....ХАхХАхХАаа:pos::pos::pos:
 
Па, зошто да не?Кога веќе во автомобилот нон стоп користам гпс зошто да не се управува самата?Можеби не е идеално решение за урбана средина но за долги патувања е одлична алатка за спречување на собраќајни несреќи.
 
Што мислите вие за ова, дали е подобро да има вакви автоматско управувани коли или пак управувани од човек? Дали ќе се чувствувате посигурни кога ве вози компјутер или кога вие ја имате контролата на возилото?


НИ НА СОН!!!! само еден глуп сензор да се сјебе, се иде по ѓаволите...замисли да се сјебе сензорот кој што мери дистанца на предмети пред тебе... додека да му ја “одземеш“ контролата на компјутерот ке измава едно 20 коли, 10 автобуси и барем 5-6 семафори и/или стубови... проблемот кај овие “уреди“ (така да го крстиме целиот склоп на кола+компјутер) е што невозможно е да имаш гаранција дека сензорите ке му бидат исправни цело време... не заборавајте дека во електрониката секогаш постои можност за грешка... опкружени сте со електроника на секој сантиметар од вашиот живот. погледнете дека половина и повеке од тие електронски уреди откажуваат уште во првата година од својот работен век и се тоа заради некој еден сензор кој грешно дал податок или ете, му се десило нешто...

па во коливе... кој ми гарантира дека нема да влезе глувче и да грицне еден кабел? ете ти сензор во аут. ете ти беља, ете ти не исправност... факторот на “виша сила“ никој не го зема во предвид. еден мочан мобилен телефон па ке се укочи од време на време...

мојот одоговор е дефинитивно НЕ за вакво нешто... ако сакате да се возите по дефинитивна трасирана рута, и да бидете сигурни дека нема да има удес идете и возете се со воз или метро по пруги...
 
Автоматски управуваните возила се измислени пред многу време... викат се такси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom