Авто новости

Samo 2 Lumma 558 GT modeli se proizvedeni za sega vo svetot,seuste se ocekuva modelot da bide pretstaven na avtosalonot vo Zeneva. Drago mi e da kazam deka nasata zemja poseduva eden model , a uste po drago mi e da kazam deka ja imam vo mojata kolekcija so videa . Edna poznata holandska strana za koli duri napravi statija vo koja se spomnuva nasata zemja


http://www.autogespot.com/nl/item/10119/tuning-topspot-porsche-lumma-clr-558-gt.html
 
Како успеал наш да купи една од вкупно две? Да не е некој директор во Porsche?
 
Како успеал наш да купи една од вкупно две? Да не е некој директор во Porsche?
ne veruvam deka ima nesto vrska so porsche covekot ... Ova prasanje ostanuva dilema za mene : )...A inace toa drugoto porsche go poseduva Eljero Elia , poznat fudbaler
 
Koj direktor koe porsche . Mislite li deka masloto brilijant ima vrska so porsche :) Lumata e vo nivna sopstvenost, a mislam ako mozes da si platis se si ima svoja cena .
 
Битолски се ко што видов ја

Не бре какви битолски, штипски се табличките на Лумата, ST пишува а не BT.
Инаку браво за тој што ја купил.

--- надополнето ---

Премиера Lancia Ypsilon


Lancia премиерно ja прикажа новата генерација на Ypsilon која ќе ја доживее светската премиера на претстојниот салон во Женева и во САД, Велика Британија и Ирска ќе се продава под беџот на Chrysler.


lancia-ypsilon-1-2011-1.jpg



Последната информација што ја пласиравме за новата генерација на Ypsilon ја предвиде можноста дека иако на европско тло во Велика Британија и Ирска малечкото на Lancia ќе се продава под беџот на Chrysler.
Ова е нормално со оглед на фактот пласиран директно од големиот шеф Серџо Маркионе дека иднината на Lancia е врзана со Chrysler. Новата генерација на Ypsilon за првпат во историјата ан моделот нуди пет врати.
Малечката комбилимузина носи прилично динамичен и воедно аристократски дизајн својствен за моделите на Lancia. Тука е препознатливата маска во облик на штит која во иднина одлично ќе соодејствува и со маската на Chrysler.
Дизајнерските смерници поставени со Delta продолжуваат и кај Ypsilon кој заради димензиите е далеку позаоблен. Оваа појава како напумпано топче ослободува многу простор во кабината и покрај должината од само 3.840 mm.


lancia-ypsilon-3-2011-1.jpg



Ypsilon е поставен на платформата на Fiat 500, но има меѓуоскино растојание поголемо за 300 mm и затоа ослободува занчително повеќе простор на задната клупа. Просторот назад се должи и на новата иновација на Fiat наречена тенки седишта.
Новата конструкција на седиштата со исклучително тенок потпирач кој ослободува доволно простор за нозе на задната клупа премиерно е претставена во Ypsilon, а во иднина ќе ја добиат и другите модели на алијансата.
Lancia Ypsilon отсекогаш носела имиџ на мал луксузен автомобил и со оглед на сегментот каде влегува е релативно добро прифатена на пазарите во Европа, посебно на домашниот италијански пазар.
Нема причина со новата генерација да се сменат основните начела во понудата на Ypsilon. Затоа двобојната каросерија, користењето на алкантара и кожа во кабината и високото ниво на опременост остануваат.


lancia-ypsilon-2-2011-1.jpg



Во Женева Ypsilon ќе биде претставен со 1.3 литарскиот Multijet со 95 КС со кожени седишта од Castiglio и со новиот 0.9 литарски Twinair со 85 КС. Во понудата ќе бидат вметнати и бензинците од 1.2 и од 1.4 литри.
Ново во понудата на Ypsilоn се мика метализираните бои кои во себе содржат трошки на силикатен кристален минерал кои делуваат како мали призми и на бојата и даваат посебен сјај под директна сончева светлина и воедно создаваат привидно менување на бојата во зависност од аголот на гледање.
Внатре се очекува мало богатство од опрема како системот Blue&Me, автоматски клима уред, сензори за паркирање за дожд и светла, сараунд систем со моќност од 500 W, систем за навигација, темпомат, кожа, алкантара...
Lancia сеуште не дава податоци како перформанси, потрошувачка, цена. Не кажува ниту кога стартува со комерцијализација, но ветува дека сето ова ќе биде обелоденето на салонот во Женева.
 
Популарната “Ајкула”на Citroen во футуристичка варијанта
citroen-ds24_tkpAP_1292_615x0.jpg

повеќе...

ова на изглед, благе везе нема со ајкулата... барем препознатливите жмигавци горе на кров да му ги оставеа и ке рече човек да бе види ајкулата... а вака ништо.. сосема нов дизајн на “развлечена“ кола...
 
Пошто незнаев каде да го поставам прашањево (се извињавам ако е офтопик), Ситроен ц4 за 10.500 евра ?А од друга страна коли од Пежо,Рено и Опел(206,клио,корса) Се исто или -1000евра максимум разлика а една класа подолу од ситроенов ?
 
Пошто незнаев каде да го поставам прашањево (се извињавам ако е офтопик), Ситроен ц4 за 10.500 евра ?А од друга страна коли од Пежо,Рено и Опел(206,клио,корса) Се исто или -1000евра максимум разлика а една класа подолу од ситроенов ?

и прашањето ти е...?
 
и прашањето ти е...?
па која е форава со ценава , ддв нема ,фабричка грешка ? што е тоа заради тоа што е поефтин за разлика од други коли од негова класа ?
 
па која е форава со ценава , ддв нема ,фабричка грешка ? што е тоа заради тоа што е поефтин за разлика од други коли од негова класа ?

Тоа е затоа што веќе има нов модел на C4. Стариот модел е на заминување. Истото е и со Форд Фокус.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom