Авионски несреќи

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Секако дека не е возможно да ѕвони телефон на некој патник по таква несреќа. Или е заборавен телефонот или е тоа некоја фитна. Но жално е тоа што се случи, статистички гледано во една година има по 2 страшни несреќи но од толку многу летови и тоа е реалноста.

Пронајдените остатоци не се од авионот на „Ер Франс“

Рио де Женеиро, 5 јуни (МИА) - Пронајдените остатоци во Атланскиот Океан вчера од страна на бразилските воено поморски сили, не се од патничниот авион на „Ер Франс“ како што се тврдеше претходно, изјави директорот на одделот за контрола на воздухопловното пространство, генерал Рамон Кардосо.
- Досега не е пронајден ниту еден дел од авионот на „Ер Франс“. Можам да потврдам дека пронајдените остатоци не се од тој авион, истакна Кардосо.
Бразилскиот генерал вчера соопшти дека бразилските воено поморски сили извадиле од Атлантикот остаток од багажниот оддел на авионот „Ербас А-330“, кој се урна во Атланскиот Океан со 228 патници и членови на екипажот во ноќта меѓу неделата и понеделникот.
Сега Кардосо на прес-конференција изјави дека пронајдениот дел бил од дрвена багажна платформа, а на авионот на „Ер Франс“ немало такви. Тој нагласи дека бразилските воено поморски сили ќе ги соберат сите делови за анализа од овој реон, каде што се претпоставува дека потонал авионот.
Генералот објасни дека пронајдената дамка од гориво на океанската површина била од машинско масло, а не од керозин и било од брод, а не од авион.

Извор
 
Ова е нешто сумљиво.Матат нешто овие од Ер франс.
 
Секако дека не е возможно да ѕвони телефон на некој патник по таква несреќа. Или е заборавен телефонот или е тоа некоја фитна. Но жално е тоа што се случи, статистички гледано во една година има по 2 страшни несреќи но од толку многу летови и тоа е реалноста.

Пронајдените остатоци не се од авионот на „Ер Франс“



Извор

епа ако не се од тој авион остатоците може и овој авион не е урнат:toe::toe:сумливо е нешто тука :raz::raz:
 
Не разбирам.
Рекоа дека црната кутија емитува сигнал 30 дена.ОК, претпоставија дека авионот паднал во океанот на голема длабочина.Сега испадна дека не го знаат ни точното место на падот.Ова е тешка мистерија.Авионот не знаат кај е ни недела после исчезнувањето.WTF???
 
ова станува тема за МИСТЕРИИ...:)

Богами, освен доколку не е потонат целиот авион во океанот, веќе како што читам нема официјални траги на самата површина. Тоа масло што го нашле, било од брод, значи не било керозин. Но пак ми е чудно како е возможно со оваа технологија да не можат да лоцираат ни еден дел на површината, што е веројатно дека нешто сепак испливало.
 
Богами, освен доколку не е потонат целиот авион во океанот, веќе како што читам нема официјални траги на самата површина. Тоа масло што го нашле, било од брод, значи не било керозин. Но пак ми е чудно како е возможно со оваа технологија да не можат да лоцираат ни еден дел на површината, што е веројатно дека нешто сепак испливало.

абе кај може цел авион да потоне ако треба едно прозорче ќе искочи на површина...кој знае тие што направиле може и не е урнат авионот може е заробен од други авиони :raz::raz::raz::raz:
 
абе кај може цел авион да потоне ако треба едно прозорче ќе искочи на површина...кој знае тие што направиле може и не е урнат авионот може е заробен од други авиони :raz::raz::raz::raz:

заробен од други???:vozbud: и шо ако исплива едно прозорче??? ке го лоцираат?? тоа нема ни да се забележи... незнам, ова може и некој заговор да е...чудно...
 
Престанете да тресете глупости, нема никакво “заробување’’ ниту нешто слично.

Сега излегува на површина зошто ја матат работата жабарите. Најверојатно авионот тотално зарибал бидејќи пилотите премногу успориле кога влегле во невремето. Кое срање од авион е тоа Airbus-от, да застане на сред летање, Бог да чува...

Jean Serrat, a retired airline pilot, told Agence-France Presse: "If the BEA [accident investigation bureau] is making a recommendation so early, it is because they know very well what happened. If they know what happened, they have a duty to make a recommendation, for safety reasons ... The first thing you do when you fly into turbulence is to reduce speed to counter its effects. If you reduce speed too much you stall."

http://www.timesonline.co.uk/tol/news/world/europe/article6430398.ece
 
Дома > Свет
prazno.gif
Ербасот испратил 24 пораки за дефекти


Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
06.06.2009 13:50
avion-a330-francija.jpg

Екипажот на авионот „Ер франс“ Ербас А330, кој минатата недела се урна во Атлантикот, испратил во рок од пет минути 24 пораки за проблеми со леталото, соопшти денеска француското Биро за истрага и анализа.
Авионот, кој леташе на релација Рио-Париз, меѓу 2.10 и 2.14 ноќта во неделата спроти саботата, испратил 24 пораки АКАРС, односно пораки за дефекти или други проблеми со леталото, изјави претставникот на Бирото Ален Бујар.
Овие пораки се однесуваат на различни дефекти или прекини во работата на системот, меѓу кои и системот за автоматско пилотирање, додаваат од Бирото за истрага и анализа.
 
Дали авионот воопшто е на тоа место срушен.Зошто ако потонел таму без да се скрше некој дел сигурно кога би потонал би бил сокршен од водениот притисок зошто авионот не е подморница.
 
Ajde do kaj stignavme, ke napravime na kraj prikazna deka e Zaroben od Vonzemjanci koi prestojuvaat vo Atlantida! !!! :pos2:
 
Сега читав, биле проблематични некакви Pitot туби, важни за мерење на воздушната брзина... пилотите најдобро знаат. Се смета дека замрзнале. Производителот им препорачал на сите што имаат купено таков модел да ги заменат тие туби ама ете, не биле сменети. Од Air France одбиле коментар. Инаку, најден е билет со број што е потврдено дека е од тој лет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom