Australian Open 2019

Кој ќе го освои Australian Open 2019?

  • Novak Djokovic

    Гласови: 7 36,8%
  • Kei Nishikori

    Гласови: 0 0,0%
  • Lucas Pouille

    Гласови: 2 10,5%
  • Milos Raonic

    Гласови: 0 0,0%
  • Stefanos Tsitsipas

    Гласови: 0 0,0%
  • Rafael Nadal

    Гласови: 10 52,6%

  • Вкупно гласачи
    19
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
31.077
Поени од реакции
38.886


Here we go again. Иако сезоната официјално е започната веќе 2 недели, вистинскиот старт, како и секоја зима, ќе го имаме во Мелбурн. Австралија Опен е првиот Грен Слем турнир во годината, а за мене лично најубав и најинтересен. Започнува утре вечер во 01:00 после полноќ и ќе се одржува до 27ми Јануари.

Фаворит во машка конкуренција е Новак Ѓоковиќ, кој во вториот дел од минатата сезона успеа да ја врати препознатливата форма, а со тоа и првото место на АТП листата. Титулата ќе ја брани Роџер Федерер, кој беше шампион во Австралија во последните 2 години. А Рафаел Надал ќе се обиде да ја освои својата втора титула во Мелбурн, па ако го посака среќата да го поврати и првото место на АТП ранг листата. За да се случи тоа Рафа мора да го освои турнирот, а Ѓоковиќ да не стигне до 4тата рунда. Хуан Мартин дел Потро нема да настапува на турнирот, а петкратниот финалист Енди Мареј за последен пат ќе се појави во Мелбурн, откако најави пензионирање после Вимблдон ова лето. Најмногу титули на Австралија Опен во машка конкуренција имаат Ноле и Роџер - и двајцата по 6.

Во женска конкуренција дури 10 тенисерки се во игра за првото место на ВТА ранг листата после завршувањето на турнирот. На таа позиција моментално се наоѓа Симона Халеп, која секако е една од фаворитките за освојување. Титулата ќе ја брани Каролина Возниаки, а Серена Вилијамс ќе атакува на ол-тајм рекордот на Маргарет Корт од 24 ГС титули.


Новитет на претстојното издание на Австралија Опен е тај брејкот во одлучувачкиот петти сет. Годинава нема да се игра на 2 гејма разлика, туку победникот ќе се одлучува преку тај брек, кој ќе се игра до 10 освоени поени. Ждребовите за машка и женска конуренција може да ги пронајдете тука.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.763
Поени од реакции
4.153
Endi so edna noga se drzi so Bautista,svaka cast. :cuc::cuc: Istiot Bautista sto pred nekoja nedela Djokovic nemozese do brejk da mu stigne :D I sega uste ako uspee da izgubi od Endi od 2-0 vodstvo...[DOUBLEPOST=1547465442][/DOUBLEPOST] upload_2019-1-14_12-29-49.png
Ќе ми биде ова еден од полошите падови од кога се кладам на тенис :D 2-0 и брејк во 3 сет за Баутиста и успеа се да усере
За Мареј свака част,незнам како успева да издржи вакво ниво на тенис .....
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2008
Мислења
81
Поени од реакции
14
Povreden My Ass... uopste ne lici na povreden posledni 2 seta...

Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 

No9

Член од
18 ноември 2013
Мислења
550
Поени од реакции
748
Штета го имаше на 0-30, да погодеше тука мислам дека ќе го добиеше мечот
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.075
Поени од реакции
1.189
Klon na us open. Nikogas so svoj identitet. Nikogas ne sum go sakal ovoj grand slam.
Јас пак УС Опен, нз зошто но секогаш сум надвор од пратењето на УС Опен, дали сега има поголема еуфорија или нешто слично, ама некако од сите турнири, нај не го пратам УС Опен.
 
L

Löwe

Гостин
Не памтам вакво коло одамна. Сите фаворити лаганина прво коло. Без посериозно изненадување.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.963
Поени од реакции
8.682
Поен на турнирот ќе биде 1000%.. Твинер од Јебави/Молтени,можеби тој е Јебави ама не ги познавам кој е кој.ПЕР-ФЕК-ЦИ-ЈА :bravobe::bravobe::bravobe::bravobe::bravobe:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
31.077
Поени од реакции
38.886
Вавринка мавање мислиш игра финале со Новак. :D


А Иво Карловиќ на скоро 40 години му играше супер тај брејк на Нишикори. :cuc:
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.111
Поени од реакции
6.833
Колку лесен ждреб има Надал, до полуфинале ниту еден сериозен противник.
Ноле не знам колку ќе се справи со Зверев, можеби ќе има предност што се игра на 5 сета.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.460
Му ја пушти за да не се сретне со Новак во финале, да не расипе меѓусебен скор. :D:D:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom