Федерер не личеше на себе во дуелот со Ноле,едноставно изваден од баланс,пренервозен во клучни моменти од мечот,страшно многу грешки,исклучително лош прв сервис,што во двобој со извонреден тенисер каков што е Џокович е повеќе од погубно.За долгогодишен прв светски рекет и повеќекратен освојувач на гренд-слем турнири е необјасниво тоа што при водство од 5-3 во вториот сет и можност истиот да го заврши рутинирано,овој се решава на дроп-шот во момент кога тоа е најмалку потребно.Мислам оти тоа беше и клучниот момент од дуелов.Едноставно,Федерер не е истиот играч од пред некоја година,тоа е повеќе од евидентно,недостига особината која го красеше во целиот тек од неговата кариера,психичката стабилност.Ноле,засклужено оди во финале,иако сум фан на Федерер одамна,заслужениот пораз мора чесно да се признае.Во финале би сакал да го гледам со Мареј,претпоставките се дека така и ќе биде,макар што турнирот до сега донесе големи изненадувања,но според моменталната форма и ранкингот,очекувано е дека токму овие двајца ќе си ги одмерат силите.
За На Ли што да се каже,имаше херојски настап,да спасиш меч топки со моментно светски рекет број еден и тоа на сервис на противникот,со прекрасен бекхенд и два одлични ретрни на серва, во исклучително важен меч кој речиси и беше изгубен е исклучително постигнување.Со тие потези и извонредното враќање од изгубена позиција во вториот сет,девојката си ја заслужи победата.