Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
zatoa jas velam ne se ISTI ...ne deka vo vreme na branko beshe mnogu poubavo ili ni dale neshto plus ,ama NEMASHE KONTRAPROTESTI ,barem ke si kazesh deka ne ti e ubavo ,sega ni toa
Не паметам успешен протест на стечајци во тоа време. Ги запираа велешани на клучката за Штип/Скопје. А Велес беше градот кој остана гол и бос. Цел, не пола туку цел. Контра протест немаше, но и те како имаше полиција/уцени и закани. За медиумски мрак да не ни зборам, кога истото гомно е од тогаш Латас само со обратна маица. Им кажа народот нив дека се нула. И сто години да се буцкаат во политика додека нашите генерации го паметат „геноцидот“ нема да ги гласаат. Оти истите фаци беа што се и денес.
Јас во принцип не ни ги споменувам, оти тие не постојат тие се минато една голема нула. Нивната грешка е немерлива, неспоредлива. Цунами класично.
Ова денес ти е иста смрдеа само во различно паковање.
 
mozebi neshto epten licno te strefilo ,zatoa velam deka oni go jadea mesoto ,no gi ostavaa koskite da gi lizeme ,ovie sega go jadat mesoto ,gi jadat i koskite ,plus te tepaat da kazesh deka ti e ubavo ,vaka slikovito gi opishuvam dvete vreminja ,barankovo i gujovo ...spored mene ,sekoj si ima mislenje ,neli
 
И да чекаме уште 25 години додека да не спаси ?

Бидејќи, чисто за потсетување, Исус бил распнат и воскреснал на отприлика 30 годишна возраст.

Ако нашиот месија сега е основно, ќе треба да чекаме уште минимум 20 години додека да не спаси ?

Ама поентата не е во тоа да го чекаме месијата Леандра, туку во тоа самите да се спасиме себеси, како знаеме и умееме.

Еве земи ги српскиве студенти за пример - протестираа низ Белград, не попуштаа и на крајот успеаа да извршат притисок врз власта за да одговори позитивно на нивните барања.

Треба и ние да го следиме нивниот пример, а месијата, ако веќе е роден, ќе не спаси во иднина здравје Боже, но засега, треба самите да се спасиме себеси.
Зарем сеуште има луге кој веруваат дека има месија кој ќеја извлече македонија од тонење?
Да предпоставиме дека е роден месијата и треба да чекаме едно 20,25 години, на месијата му преостанува едино да го угасне светлото кое ја осветлува македонија...Ако очекуваме некој да не се роди и даја спаси оваа раја ни нема спас.
 
mozebi neshto epten licno te strefilo ,zatoa velam deka oni go jadea mesoto ,no gi ostavaa koskite da gi lizeme ,ovie sega go jadat mesoto ,gi jadat i koskite ,plus te tepaat da kazesh deka ti e ubavo ,vaka slikovito gi opishuvam dvete vreminja ,barankovo i gujovo ...spored mene ,sekoj si ima mislenje ,neli

Секој има право на свое мислење секако :)
 
Сеа малку бројки.

Груевски е на власт веќе 8 години, 11 му се извесни, 15 многу веројатни. Има зад себе 200 илјади луѓе кои би сечеле вени за него и уште 300 илјади со кои се пазари. Бране беше премиер 8 години, претседател уште 5. За 150 илјади луѓе во државава е Бог лично. А двајцата владеат/еле како што се пишуваше погоре.

Од друга страна, Љубчо беше поголем демократ и дозволуваше многу општествени движења да му го поткопуваат авторитетот. Владееше 4 години, ама реално изгуби власт после точно една година. Победата од 100к гласа во ноември 1998ма, се претвори во пораз од 60к гласа во првиот круг на претседателските во 1999та. Олеснителна околност е што го изгуби коалициониот партнер што му ги донесе тие гласови, ама и тоа е резултат на политиката. Денес зад него има 30-40 илјади луѓе.

Бучковски беше најголем демократ од сите, дозволуваше да го гаѓаат со молотови коктели, ги примаше Велија и Лена како легитимни претставници на тутунари (едниот како бивш, другата како иден тутунар :vozbud: ), правеше компромиси и со ќоро и со сакато, само за да не излезе дека потиснал некоја општествена група и на крај стигна сметката. Во 2004та наследи партија која со Бранко го победи Кедев со 80 илјади гласа разлика, за во 2006та да заврши со истата разлика ама зад Груевски. Значи 2 години такво владеење му донесоа 160к гласа помалку. На последните избори освои едвај 10к гласа, иако во партијата го имаше и Минчо (кој му беше вицепремиер), кој важи за најголемиот приватен работодавач во Македонија. И од сега единствениот човек во светот кој има повеќе луѓе на платен список отколку гласачи. :pos:

За тие пред нив кои праќале на Голи Отоци или во некоја јама во Јасен и земале деца за јаничари нема потреба да се прави муабет. Едните владееле 80 години и денес народот би им градел споменици, другите владееле 5 века.

Прашање кое следува после се ова е, од кого побогу би не спасувал тој несудениот месија? Од самите нас? Настрана што постоењето на таков човек кој е доволно паметен да води и да биде „месија“, а доволно глуп да не види како народот сака да биде воден е само по себе парадокс.
 
Абе такви непристрасни има една купа - ги има непристрасни дури и во парламентот, цело време си се непристрасни, ама кога треба да се притисне копчето за гласање, си го притискаат како треба.
Камо да бев во парламенот, друга приказна ке беше , ама ете јбг.
 
Со неколку временски не многу трајни исклучоци (а и за нив ќе се јави некој да изнесе сомнежи) се наметнува силен впечаток дека нешто е постојано гнило во државата македонска, дека таа гнилост во голема мера го има зафатено општеството и дека за нејзино евентуално „чистење“ ќе требаат натчовечки напори, крајна несебичност и јуначко саможртвување. Нешто како крајно ризична хируршка интервенција со која се отстранува гангренозно ткиво, со цел да се зачува она што останало здраво. Ако воопшто има такво, здраво ткиво. И ако воопшто има некој кадарен да изведе ваков потфат, кој многу малку би го ценеле, а не се знае бројот (скоро сите?) на оние што не би го поддржале. И тоа би требало да се случи веднаш, не утре, туку завчера, најдобро лани или пред две децении.

А бидејќи такво нешто очигледно не се случува, се наметнува еден ептен силен впечаток дека нема ни да се случи, а ако се случи ќе биде предоцна, па со самото тоа како да не се ни случило.

Иселенички муабети и планови слушам секојдневно - од познаници, подалечни и поблиски, од наметливи комшии, од патриоти и од предавници, од малолетни и не толку малолетни, од сиромашни и од не толку сиромашни. Секој си има некоја своја спасоносна визија за иднината, и во ретко која од нив фигурира Македонија.
 
Бучковски беше најголем демократ од сите, дозволуваше да го гаѓаат со молотови коктели, .
Претпоставувам не си од Струга и не си бил таму за време на тие случувња. Бидејќи сликата е илјада зборови еве едно видео да видиме за каква демократија зтанува збор.
Демократијата може да се види на 18 секунди.
http://youtu.be/EFksl_nu0l4?t=18s

Ако тоа е демократија, аферим.
Инаку ова во видеово е само дел, имаше и подемократски снимки, но не можам да ги најдам. Ако некој има нека стави за да знаат идните генерации за каква демократија станува збор и никогаш повеќе да не ни се повтори пендрек демократија.
 
Последно уредено од модератор:
Сеа малку бројки.

Груевски е на власт веќе 8 години, 11 му се извесни, 15 многу веројатни. Има зад себе 200 илјади луѓе кои би сечеле вени за него и уште 300 илјади со кои се пазари. Бране беше премиер 8 години, претседател уште 5. За 150 илјади луѓе во државава е Бог лично. А двајцата владеат/еле како што се пишуваше погоре.

Од друга страна, Љубчо беше поголем демократ и дозволуваше многу општествени движења да му го поткопуваат авторитетот. Владееше 4 години, ама реално изгуби власт после точно една година. Победата од 100к гласа во ноември 1998ма, се претвори во пораз од 60к гласа во првиот круг на претседателските во 1999та. Олеснителна околност е што го изгуби коалициониот партнер што му ги донесе тие гласови, ама и тоа е резултат на политиката. Денес зад него има 30-40 илјади луѓе.

Бучковски беше најголем демократ од сите, дозволуваше да го гаѓаат со молотови коктели, ги примаше Велија и Лена како легитимни претставници на тутунари (едниот како бивш, другата како иден тутунар :vozbud: ), правеше компромиси и со ќоро и со сакато, само за да не излезе дека потиснал некоја општествена група и на крај стигна сметката. Во 2004та наследи партија која со Бранко го победи Кедев со 80 илјади гласа разлика, за во 2006та да заврши со истата разлика ама зад Груевски. Значи 2 години такво владеење му донесоа 160к гласа помалку. На последните избори освои едвај 10к гласа, иако во партијата го имаше и Минчо (кој му беше вицепремиер), кој важи за најголемиот приватен работодавач во Македонија. И од сега единствениот човек во светот кој има повеќе луѓе на платен список отколку гласачи. :pos:

За тие пред нив кои праќале на Голи Отоци или во некоја јама во Јасен и земале деца за јаничари нема потреба да се прави муабет. Едните владееле 80 години и денес народот би им градел споменици, другите владееле 5 века.

Прашање кое следува после се ова е, од кого побогу би не спасувал тој несудениот месија? Од самите нас? Настрана што постоењето на таков човек кој е доволно паметен да води и да биде „месија“, а доволно глуп да не види како народот сака да биде воден е само по себе парадокс.

Ова испаѓа дека за Македончето најубаво е да имаме некој сличен на диктатор. Упс, чекај... :vozbud:
 
Претпоставувам не си од Струга и не си бил таму за време на тие случувња. Бидејќи сликата е илјада зборови еве едно видео да видиме за каква демократија зтанува збор.
Демократијата може да се види на 18 секунди.
http://youtu.be/EFksl_nu0l4?t=18s

Ако тоа е демократија, аферим.
Инаку ова во видеово е само дел, имаше и подемократски снимки, но не можам да ги најдам. Ако некој има нека стави за да знаат идните генерации за каква демократија станува збор и никогаш повеќе да не ни се повтори пендрек демократија.
Тоа што се случи на видеото е за време на извлекувањето на тогаш претседателот на владеачка партија и министерот за одбрана Бучковски од толпа која го гаѓаше со молотови. И не е ништо. Знаеш ли што би се случило ако фрлиш молотов кон зграда во која се наоѓа Обама? Ќе бидеш стрелан во истиот момент. Демократија не значи дека полицијата не може да употреби сила.
 
Тоа што се случи на видеото е за време на извлекувањето на тогаш претседателот на владеачка партија и министерот за одбрана Бучковски од толпа која го гаѓаше со молотови. И не е ништо. Знаеш ли што би се случило ако фрлиш молотов кон зграда во која се наоѓа Обама? Ќе бидеш стрелан во истиот момент. Демократија не значи дека полицијата не може да употреби сила. .
Споредбата не е на место, се работи за поинаков настан да не се објаснуваме знаеме дека не е исто. Освен тоа ние сме 1,5 милиони народ и секој човек е битен.

Штета што на интернетов нема видео и од после тоа, случувањата и демократијата подоцна во ноќта низ Струга.
 
Е колега колега ( @Bojco ) . После ке викале ние во државно ништо не сме работеле.
Е ке викаат ке викаат.
10743589_665594483558563_1757511810_n.jpg
 
Така е брат, се сложувам во се со тебе!Тука сум!
Остај тоа што си тука туку дај да смислиме нешто, да ја замачкаме работата оти кој ке ги слуша после. 10 страни ке наполнат како ради нас пропаѓа државата и бла бла бла нешто во тој стил.
Кажи дека ова не е во државна , туку во некоја друга држава, најверојатно некаде на запад. Ти знаеш пошто плочките во државна не биле вакви, башка чешмата е поинаква, мантилите се поинакви, само 3/1 од кафе и вотка пиете и такви работи.
Можи ке наседнат.
 
Е колега колега ( @Bojco ) . После ке викале ние во државно ништо не сме работеле.
Е ке викаат ке викаат.
10743589_665594483558563_1757511810_n.jpg
Идила,прекрасна идила...дел од твојот коментар за лекарската грижа,кој сака нека бега преку граница, мене овде мие убаво!!

Епа на запад нема вакви софри...работниот простор даго претвараш во меана..........
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom