Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Хорхе го има фатено трема пред да предава на Јејл па има мавнато некоја чашка на екс како седатив. Простете му за небулозите :)
 
Каков народ-таква држава. Народот го избра...Живееме во многу досадно општство...секој втор македонец сака да се исели од овде, за некоја година ако продолжи ова иселување, ништо нема да остане...Иванов= креатура од човек.
 
Можи требаше да речи абе све е у курац ојдено. Замисли одиш да си ја промовираш државата и наместо тоа кукаш и се жалиш.
Тоа така ви иди оти од претходните бевте така научени, тие беа учени така во Белград и тоа е тоа.
За бројките претходно имавме бистрено политики, да не се повторуваме.
А сите вие што демек се потсмевате како божем ова она, запрашајте се колку други лидери на држави си ја кудат државата од каде што доаѓаат и на која се претседатели. Тоа како прво, а како второ кој од вас кога ке оди на гости некаде си ја куди фамилијата, куќата. Кога оди на интервју наместо да се фали си се куди. Ама и не ви замерувам, се сте вие либерал демократи и секогаш тревата кај комшијата е позелена од вашата.
 
Vlade, i jas sum za toa narodot da si ostane tuka, ama gledame so se desava. I nema potreba ova da mi prostite na zborovi °tele° ovakvi gluposti da kenja pred ironicno tie sto vekje si go fatile patot. Kojznae prisutnite Makedonci tamu so si mislele koga go slusale ovoj kakvi gluposti lupa. Sramota e davanje ovakvi izjavi od predsedatel na bilokoja drzava, pa cak i ako e diktator od tretiot svet. Poarno nisto da ne se kazuva nego da se srami sam sebe i drzavava.
 
И ја се чудев и неверував за злосторствата на Пол Пот. Сите тие кои избегале од Полињата на Смртта и сведочеа за сите злосторства на Црвените Кмери, врз сопствениот народ, ми личеа на предавници. Зошто да им верувам?
И активистите на ANC, исто така коа ја клеветеа својата држава за апартхејд, никој не им веруваше. Пошто, нели нема логика некој да збори лошо за својата држава. Сведочењата на избеганите од енвер-хоџината Албанија нормално никој од надвор не ги есапеше.
Така и јас денес, никако не ги земам здраво за готови сите муабети од избегани и преживеани од Исламската Држава. Тоа се едноставно предавници на својата власт, држава, кои заради лични интереси ја валкаат во странство.

ВладеМКД, Влаволин и други штабски тастатури - не си го трошете времето и тастатурите, за да ги убедувате луѓето, по социјални мрежи, дека тука е супер и да не бегаат. Нема потреба од тоа. Луѓето не ни бегаат од Македонија, затоа што Македонија е успешна приказна. Стварно. Од најофицијлен македонски извор ова го дознав, од ООН. Порелевнтно здравје.
Нема поента да убедувате да остане некој, кој ниту си оди, ниту сака да си оди. Едноставно сетоа тоа исселување да ти било урбан мит:

"Нашиот економски успех придонесува младите да останат во Македонија, а нашите најуспешни поединци живеат во Македонија, а работат за светскиот пазар, им порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на студентите на Јеил во Америка каде вчера одржа предавање за развојот на мутиетничкото општество во минатото на Балканот."
 
Последно уредено:
Na Xorxe sigurno govorot mu go pisuval nekoj taze administrativec zaposlen na iljadnicite °fer i demokratski° konkursi za novi i novi fikusari ko so e ovoj npr:

1. Помошник раководител на сектор за документација и библиотека (1)извршител(и);- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - факултет од областа на хуманистички науки, општествени науки
- најмалку 4 години работно искуство во струката од кои 1 година во државната служба
- способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок
- компјутерски вештини од областа на канцелариското работење
- одлични комуникациски вештини
- исполнителност, самоиницијативност, чесност и лојалност
- ориентираност кон тимска работа
Плата: 30.105,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

E gospodine pretsedatele, za ovoj so vekje e vlezen tuka so 105% sigurnost znaeme deka nema da si odi i deka i na tebe i na pastirot od jutra do sutra vi gi cisti kondurite i zadnicata....
 
Последно уредено:
Можи требаше да речи абе све е у курац ојдено. Замисли одиш да си ја промовираш државата и наместо тоа кукаш и се жалиш.
Тоа така ви иди оти од претходните бевте така научени, тие беа учени така во Белград и тоа е тоа.
За бројките претходно имавме бистрено политики, да не се повторуваме.
А сите вие што демек се потсмевате како божем ова она, запрашајте се колку други лидери на држави си ја кудат државата од каде што доаѓаат и на која се претседатели. Тоа како прво, а како второ кој од вас кога ке оди на гости некаде си ја куди фамилијата, куќата. Кога оди на интервју наместо да се фали си се куди. Ама и не ви замерувам, се сте вие либерал демократи и секогаш тревата кај комшијата е позелена од вашата.
еве уште еден tyzee
 
Секој што вреди интелектуално веќе е надвор од државава и тоа на добра работна позиција, овој пионов што по некоја случајност е претседател ми збори за стабилна економија. Кој е таа стабилна економија кога најголем (Убедливо) работодавец ти е владата, каде неписмен џандар (на кои му требало врски и за џандар да стане) е повеќе платен од некој машински или електро инженер...ц ц ц
 
Бројките се од Еуростат и се базираат на пописите низ Европа од 2011-та. Во оваа бројка не се влезени луѓето на црно.

Топ 5 дестинации за Македонците се:
- Италија - 73.400
- Германија - 55.600
- Швајцарија - 44.588
- Австрија - 18.626
- Словенија - 8.861
 
И плус тие со бугарски пасош.
 
Vlade, i jas sum za toa narodot da si ostane tuka, ama gledame so se desava. I nema potreba ova da mi prostite na zborovi °tele° ovakvi gluposti da kenja pred ironicno tie sto vekje si go fatile patot. Kojznae prisutnite Makedonci tamu so si mislele koga go slusale ovoj kakvi gluposti lupa. Sramota e davanje ovakvi izjavi od predsedatel na bilokoja drzava, pa cak i ako e diktator od tretiot svet. Poarno nisto da ne se kazuva nego da se srami sam sebe i drzavava.
Од каде тоа дека јас сум за народот да остане тука. Кој сака и може нека замини. Никој не ги држи , најмалце јас.Подобро тоа отколку да ти плачи цело време колку е способен ама ете околностите не му се погодени. Бујрум нека замини па нека види сам колку е способен. И стварно има и способни но има и фикуси. Таму во туѓина ке си видат кој е кој.
И јас воопшто не навлегов во тоа дали тој тоа што го кажал е точно или не е. Не е ни битно. Тука дома можеме да се препираме до 100 и едно и назад, ама дома. За надвор е друга приказна. Кој сфати сфати, кој не штета.
 
Шефе, во Македонија одамна нема место за паметните и способните.
Денес на позиции и со моќ во раце се кљошарите, неписмените и криминалците. А тие од дното на душата ги презираат интелигентните и способните, бидејќи истите докажуваат колку овие се прости и мизерни во душата. Затоа 25 години се врши егзодус на се’ што е попаметно од просекот македонски.

Венко Андоновски го има тоа многу добро објаснето во една колумна (за тие што можат да разберат):

Да се убие најдобриот

Не гледам телевизија, но го гледам одвреме-навреме „Македонски идол“. И, како и секој човек кога гледа натпревар, и јас имав свој идол. Тоа беше Нико од Битола. Веднаш да кажам – ниту го знам ниту го познавам. Не ми е ниту роднина ниту пријател. Нико отпадна од конкуренцијата минатиот круг. И, бидејќи сум субјективен, ќе кажам – отпадна НЕПРАВЕДНО.

Веднаш да им се извинам на преостанатите учесници – сите се добри и нека ги служи среќата за понатаму. Но, Нико, според мене беше – не идол, туку Бог. Затоа и го отфрлија. Има огромна разлика (барем во Светото писмо) меѓу идоли и Бог. Кажано е: не правете идоли и слики на Бога, туку почитувајте го Бога. А Нико, нека ми простат другите, за сите нив го ИЗМИСЛИЛ ПЕЕЊЕТО. Тоа е мој субјективен став. Но она за што сакам да пишувам не е моето отворено навивање за Нико. Сакам да пишувам за негативната селекција.

Што е негативна селекција? Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот. Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот. Тоа е моја дефиниција, по искуствата со персонализмот и колективитетите.

За мене, Нико е најсупериорниот глас што некогаш сум го слушнал во Македонија, по Тоше Проески. Дури и жирито (Игор Џамбазов, Калиопи, Тони Михајловски) не штедеше зборови на пофалба. Со некои пријатели се обложив уште тогаш дека на момчето црно му се пишува со таков талент, и го добив облогот. Иако многумина мислеа дека Нико ќе биде новиот македонски идол, јас сепак бев во право. Прогнозирав дека ќе го исфрлат, и тоа не веднаш, ама некаде ДОВОЛНО РАНО пред крај (за да го понижат) – сигурно. Зошто? Затоа што просечноста не поднесува генијалност. Затоа што незнаењето е сурово кон знаењето, а знаењето е благо кон незнаењето. Затоа што знаењето има разбирање за незнаењето и во тоа е неговата слабост, а незнаењето нема разбирање за знаењето и во тоа е неговата слепа сила. Отсекогаш било така.

Знам дека и оние што седат во жирито самите искусиле доста од таа горчина. Го искусиле истото она што му се случи на Нико – клоца токму кога си најдобар. Или афера кога си најдобар. Да паднеш во калта, да те оцрнат. Човек не трпи подобар од себе, дури и да е високо морално и религиозно воспитан. А посебно не трпи десеткратно подобри од себе. Народот, пак, е посебна приказна. Збирна, анонимна множина без морал и одговорност кон убавото и доброто. Народот избираше (преку телефонски гласови), не жирито. Истиот народ што во јуни ќе гласа за политичките партии и за власта на која ќе и ја довери својата судбина. И што ќе одбере? Сигурно нема да го одбере најдоброто – тоа го покажа и со отфрлањето на Нико. Народот сака идоли, шупливи кипови, не сака богови. Она што е најдобро никогаш не победува. Сенека на едно место во „Блажениот живот“ вели: „Кога станува збор за човечките работи, тие не се така добро поставени за да подобрите нешта им се допаѓаат на поголемиот дел луѓе; напротив, мноштвото е показател на најлошото“.

Значи, Нико е само една од илјадниците анонимни жртви на тој невкус, на таа гилотина на толпата. Нико е секој оној што со својот талент (пред три седмици напишав колумна со наслов „Данок на талентот“) го привлекува вниманието на просечните. Логиката на толпата е - Нико треба да се убие. Тој е различен, премногу добар. Медиокритетите тоа тешко го поднесуваат. Тие шизнуваат при помислата дека некој подобро го работи она што и тие го работат. И тогаш, медиокритетите се ЗДРУЖУВААТ, без разлика што еден на друг би си ги ископале очите. Заедно се додека не го елиминираат заедничкиот непријател, НАЈДОБРИОТ. Кога него ќе го нема, ќе се свртат повторно еден против друг!

Така изгледаа и коментарите од неговите колеги, откако тој го напушти шоуто, односно откако веќе не ги загрозуваше. Изнарекоа илјада гадости за него – те ваков бил, те онаков. Главните забелешки се сумираа во една поента – бил премногу ОСОБЕНА, речиси напорна личност. Поубав комплимент за личност – нема. Ама во некои минати времиња. Денес, за да бидеш идол, треба да бидеш колективно прифатен, не смееш да имаш особени белези. Просечен идол. Сува вода. Ладен оган. Време на целосни компромиси, кои произведуваат бесмислени оксиморони и, се разбира, морони. И затоа, човекот Нико ги прифати сите тие забелешки со огромна доза на НЕВЕРУВАЊЕ. Не можеше да верува дека неговите довчерашни колеги, другари, цимери – му правеле лице. Одеднаш, тој излезе лош човек, а за тоа никој не му рекол ниту збор, сé додека „бил жив“! По симболичката смрт – му кажаа што мислат за него. Замислете колку жално би било да чекаме некој да умре, за да можеме слободно да кажеме што сме мислеле за него! Каков лигав свет е ова?

Нико, сепак, од ова шоу ќе излезе со позитивни искуства. Прво, ќе научи дека светот не ги сака најдобрите. Напротив, сака да ги убие. Да се убие Спасителот – тоа не е ништо ново по Библијата! Второ, идолот не значи и најдобар. Идолот е конструкција, пожелна и посакувана слика – па колкупати мојата пријателка Калиопи му забележа на Нико за СТАЈЛИНГОТ. Ваков збор, инаку, во македонскиот јазик, не постои. Тоа се вели – изгледот. Очигледно, во сликата за пејачот-идол, изгледот е сé поважен. Тоа е свртување од суштината (гласот, душата) кон формата (облеката). Ама тоа се новите времиња. Важен е изгледот на ГЛАСОТ. И гласањата, кои лесно се местат со спонзори.

Значи, Нико, главата горе! Ти си брате, најдобар, и затоа си најлош. Тоа е логиката на нашиот менталитет! Ние, обичните, не го сакаме најдобриот, затоа што најдобриот ни покажува колку сме ретардирани, недугави, неработливи. Во оваа држава постојат луѓе што откако ќе го испијат утринското кафе, прават планови како сопствениот бофал ќе го продадат како А-класа. И прават планови (цели стратегии нацртани на хамер) како ќе им постават бариери на способните, од Бога бакнатите, на надарените. Значи, целта е да се постави барикада. Не е тоа само на „Македонски идол“. Тоа се случува секаде – на факултетите, во политиката, кај чиновниците, во МАНУ. Секаде. И затоа, млад мој фавориту – не се откажувај! Ова е држава во која (ако замислиме дека секоја професија е бокс-меч) мораш да победиш со нокаут, оти ако одиш на победа со поени, судиите ќе го наместат мечот, и иако си супериорен, ќе загубиш со 3:2!
Тоа бара енергија. Тоа цица енергија. Ама тоа е тоа. Македонија. Вечна. Толку вечна што не подлежи на развој.

И уште една исто така добра од Венко:

Данок на талентот

Завчера уште една пријателка ми најави заминување од Македонија. Интересно е дека, како и другите случаи што сум ги споменувал во колумниве, и таа не е без работа. Веќе неколкупати сум пишувал за слични случаи: Македонија сé повеќе ја напуштаат вработени (и учени), а не невработени луѓе. Во една колумна, дури, напишав дека во последниве десет години Македонија го доживува НАЈГОЛЕМИОТ ЕГЗОДУС во историјата. Во случајов станува збор за лекарка-специјалист, која, ете, решила да си ги спакува куферите и да си замине од овде. Првата причина е: со својата плата не може да си ги плати ни кредит-картичките, а камоли да си планира иднина за себе.

Секогаш кога ми заминува драг пријател или пријателка од државава чувствувам тага. И секогаш се прашувам зошто вработени луѓе, луѓе од кариера ја напуштаат државава. По одговорот не мора да трагам бесконечно долго: да имав и јас професија што се цени во странство, немаше да чекам ниту миг. Најмалку дваесет години чекаме да се промени нешто, но и покрај сите предизборни политички ветувања – нема ни трага од некаква суштинска промена, освен формални, козметички корекции.

Значи, уште еден пример за фантастичен кадар (тоа го велат и нејзините ментори и учители), потребен на Македонија, ќе ја напушти државата. И ниту некој ќе знае, ниту ќе почувствува тоа, а најмалку ќе го сети политичкото дебело месо обложено со сало. Пробала најпрвин да избега од ДРЖАВНО во ПРИВАТНО, но и таму немало место. Кај секој случај исто: ако е вработен, најпрвин пробува да избега од „државно“ во „приватно“, а потоа, ако не успее, заминува во странство. Тоа е уште еден доказ за она што во десетици колумни сум пробал да го кажам – сé што е државно УНИШТИВМЕ; сé што е приватно го УНИШТУВАМЕ. Што всушност сакаме?

Кои се аргументите на мојата пријателка? Прво: не е толку голем проблем таа да преживее. Не е проблем ни тоа што нејзиниот директор, како на најспособна, сака да и ја исече главата. Отсекогаш медиокритетите, со силата на златните вилици на власта, им ги прегризувале вратните жили на гениите. Салиери против Моцарт – приказна позната уште од Сократ, кој ја испи својата чаша со отров, приготвен од медиокритетите. Главниот проблем на мојата пријателка е – ЗАРЕМ ВО ВАКВА ДРЖАВА ЌЕ РАЃА И КОЈ ВО ОВАА МОРАЛНА ПЕРВЕРЗИЈА ЌЕ ГИ ВОСПИТУВА НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА?

Пред таков аргумент нема одбрана. Ќе раскажам нешто во нејзин прилог, нешто што редовно им го предавам на моите студенти, кога говорам за фантастиката. Имено, бидејќи сум професор по книжевност, секогаш кога говорам за фантастиката им нагласувам дека прв и основен услов за да настане фантастичен ефект во некое дело е – неверојатниот настан. И им велам на студентите – критериумот дали нешто ќе се смета за веројатно или неверојатно зависи ЕДИНСТВЕНО од искуството, а според тоа и од степенот на знаења (образование) на оној што го проценува настанот. На едно предавање, за пластично да ја илустрирам тезата дека веројатното/неверојатното е категорија сврзана со искуството и со возраста, се послужив со педагошки недозволен пример. Им реков: „Ако сега ако ви кажам дека крај прозорецов прелета на метла деканот, што ќе ми кажете?“ Прснаа во смеа. За среќа, деканот ми е пријател, па нема да се лути. „Значи, се смеете затоа што тоа за вас е неверојатно, на границата на бесмисленото“, реков. „Меѓутоа, ако тоа му го кажам на дете од градинка, кое драстично се разликува во степенот на знаењето од вас, тоа ќе се сврти кон прозорецот и сигурно ќе праша: „Каде е чичкото?“ Значи, она што за школуван и искусен човек спаѓа во категоријата „неверојатно“, за нешколуван и неискусен спаѓа во категоријата – веројатно.

И тогаш стана еден од студентите што брзо сфаќаат и ми рече: „Професоре, значи, нашите политичари ни го продаваат неверојатното како веројатно само затоа што ние сме неискусни и необразовани како деца?“.

Да, драги мои. Во секое предизборие, власта на неписмениот и необразован граѓанин на Република Македонија му го продава неверојатното како веројатно. Фантастиката му ја продава за реализам. Затоа и лесно се владее со необразован и запустен народ. Мојот студент продолжи со логицирање – ме праша дали во Македонија, иако се смениле пет-шест владејачки гарнитури, недостигот од промени се должи не на константната желба за богатење на гарнитурите, туку на константната ниска писменост и образование на гласачите, кои како такви веруваат во чуда? Морав да го прекинам – сепак нашиот час беше час по книжевност и методската единица беше категоријата „веројатно“ наспроти „неверојатно“, а не политиколошка расправа за тоа како политиката лесно владее со неписмените, полуобразованите и медиокритетите.

Се враќам сега на мојата пријателка, која во овој миг си ги пакува куферите. Кога ја прашав кога дефинитивно ја донела одлуката да си замине, таа ми рече: „Во еден целосно безначаен момент. Имав пациентка за која имав досие (анамнеза), но ја прашав: ‘Мајче, што ти е тебе?’ Ми одговори: ‘Оперисана сум.’ Ја прашав: ‘Од што си оперисана?’ Таа рече дека не знае, дека никој не и кажал“. Тогаш мојата пријателка ја прашала: „А знаеш ли како ти се вика соседот?“ Оваа рекла „да“, и го кажала името. „Знаеш ли како му се вика жената?“ Оваа рекла „да“. Потем ја прашала а дали соседот има љубовница, на што уследил одговорот „да“. „А дали и го знаеш името?“ Не само што жената го знаела името на љубовницата туку знаела и каков автомобил вози, и чија ќерка е, и каде работи. На тоа мојата пријателка и рекла: „Мајче, не можам да сфатам колку имаш интерес да знаеш за другите, а за својата болест – ништо“.
Е тоа е тоа – луѓето си заминуваат и поради нискиот просек на образование кај обичниот народ. Како што рече мојата пријателка во заминување: „Не можам да се помирам со фактот дека ние што нешто знаеме, во споредба со оние што се главното гласачко тело на нацијата, водиме со 100:0. А тие нас нé победуваат на секое гласање со 100:0. Па, потем, оние што доаѓаат на власт кон нас што нешто знаеме се однесуваат како да водат со 100:0.

И оди сега кажи и да остане, кога со своите зборови ги прави парче сите од власта, опозицијата, неопределените, плашливите, недугавите, богатите, сиромавите со 100:0. Со среќа да си одиш во новата резервна татковина и приватна држава, драга моја пријателке! И да победиш таму со 100:0, оти овде и кога имаш 100, имаш 0. Сто отсто одат секогаш за данок на талентот!
 
И ја се чудев и неверував за злосторствата на Пол Пот. Сите тие кои избегале од Полињата на Смртта и сведочеа за сите злосторства на Црвените Кмери, врз сопствениот народ, ми личеа на предавници. Зошто да им верувам?
И активистите на ANC, исто така коа ја клеветеа својата држава за апартхејд, никој не им веруваше. Пошто, нели нема логика некој да збори лошо за својата држава. Сведочењата на избеганите од енвер-хоџината Албанија нормално никој од надвор не ги есапеше.
Така и јас денес, никако не ги земам здраво за готови сите муабети од избегани и преживеани од Исламската Држава. Тоа се едноставно предавници на својата власт, држава, кои заради лични интереси ја валкаат во странство.

ВладеМКД, Влаволин и други штабски тастатури - не си го трошете времето и тастатурите, за да ги убедувате луѓето, по социјални мрежи, дека тука е супер и да не бегаат. Нема потреба од тоа. Луѓето не ни бегаат од Македонија, затоа што Македонија е успешна приказна. Стварно. Од најофицијлен македонски извор ова го дознав, од ООН. Порелевнтно здравје.
Нема поента да убедувате да остане некој, кој ниту си оди, ниту сака да си оди. Едноставно сетоа тоа исселување да ти било урбан мит:

"Нашиот економски успех придонесува младите да останат во Македонија, а нашите најуспешни поединци живеат во Македонија, а работат за светскиот пазар, им порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на студентите на Јеил во Америка каде вчера одржа предавање за развојот на мутиетничкото општество во минатото на Балканот."
А што тебе пак те заболи за Пол Пот или Камбоџа. Се почувствува повикан да интервенираш. Башка што и не беше некоја тајна што се случува во Камбоџа. Сите што требаа да знаат знаеја, ама види чудо никој не интервенира. Само ти ете се закрена да поможиш. Ајде потсетисе како падна режимот во Камбоџа.
Или пак за ИСИЛ. Ете знаеш и што? Да не одиш со пушка во рака да им ебиш матер. Или сега кога ке ги распукаш на форумот, сами ке се предадат. Мислам генерално што те боли тебе за било што што не те засега лично и персонално, што не ја засега државата директно па и индиректно. Да не граничиш со Сирија и Ирак па ете те засегна.
Ајде читни го малце амбасадорот на Украина во Македонија и какви колумни тој пишува во Дневник мислам. Се само убави работи што се во интерес на Украина. И нормално. Амбасадор е на Украина. што треба според тебе да кажува. Како таму има легална влада, како нема фашисти, како незнам што и како. Ајде немора тој, земи го американскиот амбасадор тука. Било кој што биле и што ке дојдат. Во очи те гледа и те лаже. Еднаш како не му се згреши да си ја критикува државата и нејзината политка. Било надворешна или внатрешна. Ама не само ние сме требале да бидиме со крстот на чело. Само ние чим одиме некаде во странство треба цел валкан веш да го изнесеме надвор, сите да знаат. Мудро и дипломатски нема што.[DOUBLEPOST=1411766441][/DOUBLEPOST]
Шефе, во Македонија одамна нема место за паметните и способните.
Денес на позиции и со моќ во раце се кљошарите, неписмените и криминалците. А тие од дното на душата ги презираат интелигентните и способните, бидејќи истите докажуваат колку овие се прости и мизерни во душата. Затоа 25 години се врши егзодус на се’ што е попаметно од просекот македонски.

Венко Андоновски го има тоа многу добро објаснето во една колумна (за тие што можат да разберат):

Да се убие најдобриот

Не гледам телевизија, но го гледам одвреме-навреме „Македонски идол“. И, како и секој човек кога гледа натпревар, и јас имав свој идол. Тоа беше Нико од Битола. Веднаш да кажам – ниту го знам ниту го познавам. Не ми е ниту роднина ниту пријател. Нико отпадна од конкуренцијата минатиот круг. И, бидејќи сум субјективен, ќе кажам – отпадна НЕПРАВЕДНО.

Веднаш да им се извинам на преостанатите учесници – сите се добри и нека ги служи среќата за понатаму. Но, Нико, според мене беше – не идол, туку Бог. Затоа и го отфрлија. Има огромна разлика (барем во Светото писмо) меѓу идоли и Бог. Кажано е: не правете идоли и слики на Бога, туку почитувајте го Бога. А Нико, нека ми простат другите, за сите нив го ИЗМИСЛИЛ ПЕЕЊЕТО. Тоа е мој субјективен став. Но она за што сакам да пишувам не е моето отворено навивање за Нико. Сакам да пишувам за негативната селекција.

Што е негативна селекција? Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот. Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот. Тоа е моја дефиниција, по искуствата со персонализмот и колективитетите.

За мене, Нико е најсупериорниот глас што некогаш сум го слушнал во Македонија, по Тоше Проески. Дури и жирито (Игор Џамбазов, Калиопи, Тони Михајловски) не штедеше зборови на пофалба. Со некои пријатели се обложив уште тогаш дека на момчето црно му се пишува со таков талент, и го добив облогот. Иако многумина мислеа дека Нико ќе биде новиот македонски идол, јас сепак бев во право. Прогнозирав дека ќе го исфрлат, и тоа не веднаш, ама некаде ДОВОЛНО РАНО пред крај (за да го понижат) – сигурно. Зошто? Затоа што просечноста не поднесува генијалност. Затоа што незнаењето е сурово кон знаењето, а знаењето е благо кон незнаењето. Затоа што знаењето има разбирање за незнаењето и во тоа е неговата слабост, а незнаењето нема разбирање за знаењето и во тоа е неговата слепа сила. Отсекогаш било така.

Знам дека и оние што седат во жирито самите искусиле доста од таа горчина. Го искусиле истото она што му се случи на Нико – клоца токму кога си најдобар. Или афера кога си најдобар. Да паднеш во калта, да те оцрнат. Човек не трпи подобар од себе, дури и да е високо морално и религиозно воспитан. А посебно не трпи десеткратно подобри од себе. Народот, пак, е посебна приказна. Збирна, анонимна множина без морал и одговорност кон убавото и доброто. Народот избираше (преку телефонски гласови), не жирито. Истиот народ што во јуни ќе гласа за политичките партии и за власта на која ќе и ја довери својата судбина. И што ќе одбере? Сигурно нема да го одбере најдоброто – тоа го покажа и со отфрлањето на Нико. Народот сака идоли, шупливи кипови, не сака богови. Она што е најдобро никогаш не победува. Сенека на едно место во „Блажениот живот“ вели: „Кога станува збор за човечките работи, тие не се така добро поставени за да подобрите нешта им се допаѓаат на поголемиот дел луѓе; напротив, мноштвото е показател на најлошото“.

Значи, Нико е само една од илјадниците анонимни жртви на тој невкус, на таа гилотина на толпата. Нико е секој оној што со својот талент (пред три седмици напишав колумна со наслов „Данок на талентот“) го привлекува вниманието на просечните. Логиката на толпата е - Нико треба да се убие. Тој е различен, премногу добар. Медиокритетите тоа тешко го поднесуваат. Тие шизнуваат при помислата дека некој подобро го работи она што и тие го работат. И тогаш, медиокритетите се ЗДРУЖУВААТ, без разлика што еден на друг би си ги ископале очите. Заедно се додека не го елиминираат заедничкиот непријател, НАЈДОБРИОТ. Кога него ќе го нема, ќе се свртат повторно еден против друг!

Така изгледаа и коментарите од неговите колеги, откако тој го напушти шоуто, односно откако веќе не ги загрозуваше. Изнарекоа илјада гадости за него – те ваков бил, те онаков. Главните забелешки се сумираа во една поента – бил премногу ОСОБЕНА, речиси напорна личност. Поубав комплимент за личност – нема. Ама во некои минати времиња. Денес, за да бидеш идол, треба да бидеш колективно прифатен, не смееш да имаш особени белези. Просечен идол. Сува вода. Ладен оган. Време на целосни компромиси, кои произведуваат бесмислени оксиморони и, се разбира, морони. И затоа, човекот Нико ги прифати сите тие забелешки со огромна доза на НЕВЕРУВАЊЕ. Не можеше да верува дека неговите довчерашни колеги, другари, цимери – му правеле лице. Одеднаш, тој излезе лош човек, а за тоа никој не му рекол ниту збор, сé додека „бил жив“! По симболичката смрт – му кажаа што мислат за него. Замислете колку жално би било да чекаме некој да умре, за да можеме слободно да кажеме што сме мислеле за него! Каков лигав свет е ова?

Нико, сепак, од ова шоу ќе излезе со позитивни искуства. Прво, ќе научи дека светот не ги сака најдобрите. Напротив, сака да ги убие. Да се убие Спасителот – тоа не е ништо ново по Библијата! Второ, идолот не значи и најдобар. Идолот е конструкција, пожелна и посакувана слика – па колкупати мојата пријателка Калиопи му забележа на Нико за СТАЈЛИНГОТ. Ваков збор, инаку, во македонскиот јазик, не постои. Тоа се вели – изгледот. Очигледно, во сликата за пејачот-идол, изгледот е сé поважен. Тоа е свртување од суштината (гласот, душата) кон формата (облеката). Ама тоа се новите времиња. Важен е изгледот на ГЛАСОТ. И гласањата, кои лесно се местат со спонзори.

Значи, Нико, главата горе! Ти си брате, најдобар, и затоа си најлош. Тоа е логиката на нашиот менталитет! Ние, обичните, не го сакаме најдобриот, затоа што најдобриот ни покажува колку сме ретардирани, недугави, неработливи. Во оваа држава постојат луѓе што откако ќе го испијат утринското кафе, прават планови како сопствениот бофал ќе го продадат како А-класа. И прават планови (цели стратегии нацртани на хамер) како ќе им постават бариери на способните, од Бога бакнатите, на надарените. Значи, целта е да се постави барикада. Не е тоа само на „Македонски идол“. Тоа се случува секаде – на факултетите, во политиката, кај чиновниците, во МАНУ. Секаде. И затоа, млад мој фавориту – не се откажувај! Ова е држава во која (ако замислиме дека секоја професија е бокс-меч) мораш да победиш со нокаут, оти ако одиш на победа со поени, судиите ќе го наместат мечот, и иако си супериорен, ќе загубиш со 3:2!
Тоа бара енергија. Тоа цица енергија. Ама тоа е тоа. Македонија. Вечна. Толку вечна што не подлежи на развој.

И уште една исто така добра од Венко:

Данок на талентот

Завчера уште една пријателка ми најави заминување од Македонија. Интересно е дека, како и другите случаи што сум ги споменувал во колумниве, и таа не е без работа. Веќе неколкупати сум пишувал за слични случаи: Македонија сé повеќе ја напуштаат вработени (и учени), а не невработени луѓе. Во една колумна, дури, напишав дека во последниве десет години Македонија го доживува НАЈГОЛЕМИОТ ЕГЗОДУС во историјата. Во случајов станува збор за лекарка-специјалист, која, ете, решила да си ги спакува куферите и да си замине од овде. Првата причина е: со својата плата не може да си ги плати ни кредит-картичките, а камоли да си планира иднина за себе.

Секогаш кога ми заминува драг пријател или пријателка од државава чувствувам тага. И секогаш се прашувам зошто вработени луѓе, луѓе од кариера ја напуштаат државава. По одговорот не мора да трагам бесконечно долго: да имав и јас професија што се цени во странство, немаше да чекам ниту миг. Најмалку дваесет години чекаме да се промени нешто, но и покрај сите предизборни политички ветувања – нема ни трага од некаква суштинска промена, освен формални, козметички корекции.

Значи, уште еден пример за фантастичен кадар (тоа го велат и нејзините ментори и учители), потребен на Македонија, ќе ја напушти државата. И ниту некој ќе знае, ниту ќе почувствува тоа, а најмалку ќе го сети политичкото дебело месо обложено со сало. Пробала најпрвин да избега од ДРЖАВНО во ПРИВАТНО, но и таму немало место. Кај секој случај исто: ако е вработен, најпрвин пробува да избега од „државно“ во „приватно“, а потоа, ако не успее, заминува во странство. Тоа е уште еден доказ за она што во десетици колумни сум пробал да го кажам – сé што е државно УНИШТИВМЕ; сé што е приватно го УНИШТУВАМЕ. Што всушност сакаме?

Кои се аргументите на мојата пријателка? Прво: не е толку голем проблем таа да преживее. Не е проблем ни тоа што нејзиниот директор, како на најспособна, сака да и ја исече главата. Отсекогаш медиокритетите, со силата на златните вилици на власта, им ги прегризувале вратните жили на гениите. Салиери против Моцарт – приказна позната уште од Сократ, кој ја испи својата чаша со отров, приготвен од медиокритетите. Главниот проблем на мојата пријателка е – ЗАРЕМ ВО ВАКВА ДРЖАВА ЌЕ РАЃА И КОЈ ВО ОВАА МОРАЛНА ПЕРВЕРЗИЈА ЌЕ ГИ ВОСПИТУВА НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА?

Пред таков аргумент нема одбрана. Ќе раскажам нешто во нејзин прилог, нешто што редовно им го предавам на моите студенти, кога говорам за фантастиката. Имено, бидејќи сум професор по книжевност, секогаш кога говорам за фантастиката им нагласувам дека прв и основен услов за да настане фантастичен ефект во некое дело е – неверојатниот настан. И им велам на студентите – критериумот дали нешто ќе се смета за веројатно или неверојатно зависи ЕДИНСТВЕНО од искуството, а според тоа и од степенот на знаења (образование) на оној што го проценува настанот. На едно предавање, за пластично да ја илустрирам тезата дека веројатното/неверојатното е категорија сврзана со искуството и со возраста, се послужив со педагошки недозволен пример. Им реков: „Ако сега ако ви кажам дека крај прозорецов прелета на метла деканот, што ќе ми кажете?“ Прснаа во смеа. За среќа, деканот ми е пријател, па нема да се лути. „Значи, се смеете затоа што тоа за вас е неверојатно, на границата на бесмисленото“, реков. „Меѓутоа, ако тоа му го кажам на дете од градинка, кое драстично се разликува во степенот на знаењето од вас, тоа ќе се сврти кон прозорецот и сигурно ќе праша: „Каде е чичкото?“ Значи, она што за школуван и искусен човек спаѓа во категоријата „неверојатно“, за нешколуван и неискусен спаѓа во категоријата – веројатно.

И тогаш стана еден од студентите што брзо сфаќаат и ми рече: „Професоре, значи, нашите политичари ни го продаваат неверојатното како веројатно само затоа што ние сме неискусни и необразовани како деца?“.

Да, драги мои. Во секое предизборие, власта на неписмениот и необразован граѓанин на Република Македонија му го продава неверојатното како веројатно. Фантастиката му ја продава за реализам. Затоа и лесно се владее со необразован и запустен народ. Мојот студент продолжи со логицирање – ме праша дали во Македонија, иако се смениле пет-шест владејачки гарнитури, недостигот од промени се должи не на константната желба за богатење на гарнитурите, туку на константната ниска писменост и образование на гласачите, кои како такви веруваат во чуда? Морав да го прекинам – сепак нашиот час беше час по книжевност и методската единица беше категоријата „веројатно“ наспроти „неверојатно“, а не политиколошка расправа за тоа како политиката лесно владее со неписмените, полуобразованите и медиокритетите.

Се враќам сега на мојата пријателка, која во овој миг си ги пакува куферите. Кога ја прашав кога дефинитивно ја донела одлуката да си замине, таа ми рече: „Во еден целосно безначаен момент. Имав пациентка за која имав досие (анамнеза), но ја прашав: ‘Мајче, што ти е тебе?’ Ми одговори: ‘Оперисана сум.’ Ја прашав: ‘Од што си оперисана?’ Таа рече дека не знае, дека никој не и кажал“. Тогаш мојата пријателка ја прашала: „А знаеш ли како ти се вика соседот?“ Оваа рекла „да“, и го кажала името. „Знаеш ли како му се вика жената?“ Оваа рекла „да“. Потем ја прашала а дали соседот има љубовница, на што уследил одговорот „да“. „А дали и го знаеш името?“ Не само што жената го знаела името на љубовницата туку знаела и каков автомобил вози, и чија ќерка е, и каде работи. На тоа мојата пријателка и рекла: „Мајче, не можам да сфатам колку имаш интерес да знаеш за другите, а за својата болест – ништо“.
Е тоа е тоа – луѓето си заминуваат и поради нискиот просек на образование кај обичниот народ. Како што рече мојата пријателка во заминување: „Не можам да се помирам со фактот дека ние што нешто знаеме, во споредба со оние што се главното гласачко тело на нацијата, водиме со 100:0. А тие нас нé победуваат на секое гласање со 100:0. Па, потем, оние што доаѓаат на власт кон нас што нешто знаеме се однесуваат како да водат со 100:0.

И оди сега кажи и да остане, кога со своите зборови ги прави парче сите од власта, опозицијата, неопределените, плашливите, недугавите, богатите, сиромавите со 100:0. Со среќа да си одиш во новата резервна татковина и приватна држава, драга моја пријателке! И да победиш таму со 100:0, оти овде и кога имаш 100, имаш 0. Сто отсто одат секогаш за данок на талентот!
Шефе обрни повеќе внимание на тоа што јас напишав, посебно при крајот. Значи мојата реплика воопшто не беше наменета за тоа дали тоа што е кажано е точно или не е. Како што реков тоа е за дома, за надвор тука мед и млеко течи и крај. Сега ме сфати?
 
Бројките се од Еуростат и се базираат на пописите низ Европа од 2011-та. Во оваа бројка не се влезени луѓето на црно.

Топ 5 дестинации за Македонците се:
- Италија - 73.400
- Германија - 55.600
- Швајцарија - 44.588
- Австрија - 18.626
- Словенија - 8.861

И плус тие со бугарски пасош.

Да, чисто информативно, во овие официјални бројки спаѓаат само Македонците со македонски пасоши, но не и Македонците, или подобро кажано, новопечените македонски татари, со татарски пасоши.

А бидејќи Татарстан, или подобро кажано, Бугарија, неофицијално има издадено над 50.000 татарски пасоши на граѓани на Република Македонија, неофицијалните бројки во споредба со официјалните бројки на Еуростат, се значително поголеми.
 
А што тебе пак те заболи за Пол Пот или Камбоџа. Се почувствува повикан да интервенираш. Башка што и не беше некоја тајна што се случува во Камбоџа. Сите што требаа да знаат знаеја, ама види чудо никој не интервенира. Само ти ете се закрена да поможиш. Ајде потсетисе како падна режимот во Камбоџа.
Или пак за ИСИЛ. Ете знаеш и што? Да не одиш со пушка во рака да им ебиш матер. Или сега кога ке ги распукаш на форумот, сами ке се предадат. Мислам генерално што те боли тебе за било што што не те засега лично и персонално, што не ја засега државата директно па и индиректно. Да не граничиш со Сирија и Ирак па ете те засегна.
Ајде читни го малце амбасадорот на Украина во Македонија и какви колумни тој пишува во Дневник мислам. Се само убави работи што се во интерес на Украина. И нормално. Амбасадор е на Украина. што треба според тебе да кажува. Како таму има легална влада, како нема фашисти, како незнам што и како. Ајде немора тој, земи го американскиот амбасадор тука. Било кој што биле и што ке дојдат. Во очи те гледа и те лаже. Еднаш како не му се згреши да си ја критикува државата и нејзината политка. Било надворешна или внатрешна. Ама не само ние сме требале да бидиме со крстот на чело. Само ние чим одиме некаде во странство треба цел валкан веш да го изнесеме надвор, сите да знаат. Мудро и дипломатски нема што.[DOUBLEPOST=1411766441][/DOUBLEPOST]
Шефе обрни повеќе внимание на тоа што јас напишав, посебно при крајот. Значи мојата реплика воопшто не беше наменета за тоа дали тоа што е кажано е точно или не е. Како што реков тоа е за дома, за надвор тука мед и млеко течи и крај. Сега ме сфати?
кога си слушнал и дали воопшто некогаш ќе слушнеш премиерите на германија,норвешка,шведска сами да се фалат со вакви детски приказни на сериозни универзитети?проблемот со излагањето на иванов е што не праат разлика меѓу реален живот и изборна кампања.неговиот говор е класична предизборна кампања.овој пример доволно кажува колку се 'detached' од реалниот свет и нормалниот народ.
патем,нели е подобро да оставиме бројките да зборуваат за нас наместо да повторуваме како папагали ноторни лаги? навистина мислиш дека студентите присутни на излагањето на иванов нема да ја проверат веродостојноста на неговите зборови?мислиш дека студентите на еден од најдобрите универзитети на планетава ќе му веруваат само ради фактот дека е претседател на банана држава?и кажи ми каков ефект ќе има неговото излагање кога студентите ќе утврдат дека све што кажа иванов е 'bollocks'? сосема спротивен од она што ти го пропагираш.дома срање,надвор да лажеме дека е мед и млеко.странците неможеш нити па треба да ги лажеш.на крајот од денот јас и ти живееме во дупкава. што фајде имаме ние од лажењето на иванов?само фактот дека студентите сеа си викаат...ако претседателот лаже за вакви работи,што останува за останатите жители на таа држава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom