У малите градови мајсторите се утепаа луѓе зимајќи за занает да ги учат.си зимаат нивни,ете ја знам у неготино кај што сите мајстори си даваат занает на децата или братучеди,никој не зима непознати за да ги учи занает.
фамилиите кои ги спомнуваш у росоман и ресен ја имале земјата и праските којзнае колку години.ајде почни од нула со праски без да имаш земја да видиш колку ќе те кошта

,и рачунај дека 3 години нема да зимаш пари ќе чекаш праските да родат.
за било што да почнеш у македонија требаат пари,а тие пари не можеш да ги заштедиш од 150евра плата.
за твое инфо тутунот има работа скоро цела година,не само 5-6 месеци,али очигледно никад не си работел па мислиш дека е само 5 месеци.имаш правење вергии, садење вергии,плевење,садење на нива,полевање,копање,берење,сушење,калапење,балирање,продавање.само коа го бериш секој ден стануваш у 3-4 и до 9 бериш па после тоа дома нижеш машински,после попладне ко заладува пак одиш бериш и пак нижеш вечерта.и вака работиш се додека не заврши бербата.
е сеа ова со 50 илјади евра ми се чини дека ти малку претера.ме мрзе да рачунам сеа,а и не знам колку е моментално цената на истиот,али за да земеш толку пари треба многу тутун да имаш.со самото тоа ќе имаш потреба од аргати(тутунот не чека,ако не го бериш на време,ќе изгоре од сонцето) и зголемени трошоци(превоз,струја,вода,простор за складирање итн).да се правеа толку пари од тутун,сите бизнисмени до сеа ќе се префрлеа на тутун садење

.
Маалски колонијал ако немаш свое место не се исплаќа,у принцип у маалски колнијал идеш само за цигари,или ти дошле гости а немаш пиво,за се друго сите одат у поголеми маркети пошо е поефтино.
И не може секој на брод да оди,прво и за таму требаат пари,друго некои не се чувстуваат добро на брод,им се врти и слично,кај ќе ги пратиш нив?

За било што да почниш у македонија требаат пари,кои во македонија со мизерна плата од 150 евра не можат да се заработат.
Успут да те прашам зашо не садиш тутун ако има заработка повеќе од 50 илјади евра годишно?