Што е лошо со купување куќа на кредит? Ако имаш малку мозок ќе сватиш дека најлесно и најбрзо се прави пари со ТУЃИ пари. Јас секогаш кога можам ако условите се добри купувам недвижнина на кредит. Подобро да имам 20% во 5 куќи него една да платам во кеш. Овде за разлика од Македонија не е проблем да се издаде, имам даночни бенефиции за тоа што сум инвестирал и секоја година цените рипаат по барем 5%. Ама тоа е овде има услови и може тоа да се направи во Македонија потешко....
Зошто побогу би носел кола од Австралија или Америка во Македонија? Нема потреба да се фалиме ова може смешно звучи ама вие тоа го правите за нас.... Први сте да се пофалите еве го братучед ми /другар ми од америка...
Иначе да јасно ми е како уживаш низ Македонија сите тоа сме го виделе горе доле. Живееш во резерват 200км квадратни, до пред некоја година не не пуштаа
да шетаме ни бараа визи а сега те дупчат на аеродром да им покажеш што носоиш у новчаник. Тоа за пивото и коњите претпоставувам беше наменето за
@gade дечково што живее во Лондон, град што има повеќе историја и култура во една населба него сите места што ги напиша погоре.
Заостанат, глуп и сељак си не ради тоа што си во Македонија него ради како размислуваш. Никој овде ништо не проповеда, напротив има неколку души што пробуваат да ни обајснат како не чини надвор. Мене а верувам и на било кој што сме надвор ич не ни прави разлика дали ти сакаш во МКД да живееш или не, твоја одлука, твој живот....
Ете зошто си сељак. Ај што не ја сфаќаш поентата на патување и шетање ама мора да се чукаш и во гради кој си и од кај си па макар и на хаваите. Имаш потреба да се докажуваш пред милјардери арапи или кинези а?
Значи имаш мал фамилјарен бизнис благодарение на пари кој си ги заработил во странство. Каде беше државата, институциите, банките да ти помогнат? Не ме сфаќај грешно ова не е плуакање по Македонија, ние сите си ја сакаме Македонија независно кај сме, мене ме интересира што е твоето мислење за ова пошто на запад има милјон програми државата и банките да ти помогнат да отпочнеш приватен бизнис.
Ние не прикажуваме ништо полошо од тоа што е. Сме живееле во македонија, знаеме како е, како ни било и што се случува. Она прикажување е повеќе од другите за како е во странство. Валво се уби да ни докаже колку е лошо прво во германија а после и во швајцарија, човек да не знае дали да се смее или да плачи бе, македонија со кој држави ги споредувате...
Далеку од тоа дека секогаш е се ради партиите ама и тоа игра улога. Има цел куп работи зошто Македонија не функционира како држава, партиите може и треба дел од тоа да средат, полека и го прават. Финтата е што 25 години чекаме, колку генерации треба да бидат жртвувани за да стане колку толку присојно (не комотно)
За тебе природно е да се трошат толку пари на барок и врби? Природно е на 2км да имаш 200 спомонеци? Да се трошат даночни пари на секакви субвенции и да им се умилкуваат на пензионерите (гласачите) секогаш пред избори а притоа да се нема стратегија како да ги задржиш младите кадри што ги произведуваш? Со пишување по форуми и продавање патриотизам, мало морген, пројдоа тие денови...
Да ти го дадат имотот? Среќна нова 46та... Да знаеш само колку ги има такви надвор на кој комуњарите им го зеле имотот. Истите тие ти ја поклонија државата, тие беа тие што го формираа ДПМНЕ, што го финансираа и конечно ги тргнаа комуњарите од Македонија. Нема што одлична идеја ти е ова, оригинална ептен.
Видиш брат баш заради ОВА сме надвор. Тоа што го пишуваш на прв поглед е ОК, зашто во македонија стварно така и си функционира системот. Народ не знае за друго па се ложи на вакви муабети. Во Австралија на пример тоа вака се решава... Прво нема што комшијата да инвестира. Вода до неговиот плац ќе донесе компанијата за ВОДОВОД која добила лиценца од државата за таа работа. Добиле право да имаат монопол и како такво државата им наложува они да спроведат цефки и се што треба до твојот плац и да ти обезбедат услови ти да се приклучиш на мрежата. Ти како секој друг ќе платиш ИСТО за приклучок независно од тоа колакава била таа инвестиција на фирмата за водовод. Исто и за струја, ќе ти се донесе приклучок до пред плацот а поната е твоја одговорност. Ако пробаш овде да асфалтираш надвор од твојот плац (и за на твој плац ти треба дозвола иначе) можеш и у затвор да завршиш. Кој си бе ти да узурпираш државно земјиште. Се знае кој ќе ти донесе улица/асфалт пред врата и тоа се знае уште пред плацот да биде одобрен за продавање. Си има план и систем и се функционира. За тоа што пораснала цената на плацот ради конекција на сервисите од наредната година и ти и комшијата во странство ќе плаќате повисоки комуналии зависно од вредноста на имотот. Проблем решен на функционален начин без притоа никој на никого очи да му вади. Е тоа е тоа, затоа сме надвор