Всушност, постот на девојката е доста субјективен и едностран. Далеку од тоа дека не го заслужила работното место (и штета е што млади образовани не успеваат да се вработат а корумпирани диносауруси успеваат), но во идиличен систем кога корупцијата би била ниска, другиот кандидат би бил успешен иако со инфериорно образование поради било која од следниве причини:
1. Не знаеме колку кандидати имало за работното место, оттаму паѓа во вода констатацијата дека Meh, е најдобар кандидат.
2. Кој фактор кажува дека таа е најдобар кандидат? Дипломата со скоро совршен просек? Пак, дипломата не значи дека си квалификуван за некоја работа, туку дека имаш учено како да работиш во таа област, што е различно од практичното искуство.
Потоа, Meh не спомна дали има било какво друго работно искуство. 2 години после дипломирање доаѓа дека има старост од околу 22-23 години, така? Ако до тогаш немате најдено никаква работа од каде би црпеле искуство (макар и келнер) од каде очекувате да добиете работа што директно ќе влијае на образованието на идните генерации? Било кој дипломец со добар просек и некакво работно искуство би добил предност пред Meh, во случај таа да нема никогаш работено.
3. Наведениот г-дин Зорниќ завршил средно пред 20-30 години. Сигурно не садел тутун во Прилеп за да преживее цел живот, нели? Што ако бил наставник со долгогодишно искуство? Без разлика што е само со средно, неговото искуство ќе добие предност пред образованието на Meh, посебно ако Зорниќ покажал добри резултати.
4. Името. Зорниќ звучи баш бошњачки што би му дало предност во оваа позиција пред сите нас со презимиња на -вски и -ов.
5. Некоја глупава икс причина како на пример директорот да ја изгуби апликацијата на Meh, па Зорниќ да дојде примарен кандидат.
Сума сумарум, во нормален систем ништо не ви гарантира работа. Работното место е привилегија, не право, за кое влијаат многу фактори за да се добие. И образованието не ви гарантира работа. Всушност, универзитетите се бизниси што се тука за да не просветат и образоваат во некоја област, а не да ни гарантираат работни места од кои ќе носиме леб дома, но тоа е друга тема.
Срамота е што луѓето добиваат работа на валкани начини пред млади и надежни луѓе, но тоа е. Meh, извини што бев критичен кон тебе, не сакам да те дискредитирам, само го искажувам моето мислење. Со среќа следниот пат за работа, да се надеваме дека нема да наидеш на такви местенки пак и ќе си го искористиш учењето како што треба.