Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа што го пишав реков важи кога правната држава функционира. Алудирав на фактот дека постот на мех не ја кажа целата слика, не дека човекот што ја добил работата го заслужил тоа.

Ми се свиѓа како размислуваш, но сепак ќе се согласам со гринго. Вистина дека има многу варијабли, но реално да вработиш човек со средно во држава во која смрди на невработени со факултет па и магистри/доктори е смешно.

Како прво он со средно не би требало воопшто да има право/привилегија да се јави на конкурсот. Она можеби нема искуство, но со подлогата што ја има т.е теоријата со година две пракса ќе го прошиша како ништо и он никогаш нема да ја стигне.

П.С Точно дека факултетот не е никаков доказ за способност, но сепак мора да постои некоја референтна точка според која ќе се водиме.
 
Имам дипломирано на филозофскиот факултет во Скопје, смер социјална работа и политика со просек од 9,5. Многу мои колеги и професори ме советуваа да продолжам со магистерски студии меѓутоа тешката финансиска состојба ме натера да стопирам со образованието и да барам работа. И така конкурс по конкурс си поднесувам документи на секој оглас што ќе слушнам дека е објавен и така цели две години од дипломирањето. Разбрав дека има конкурс во основното училиште Лирија од с. Житоше местото каде што учев јас се бараше наставник по Бошњачки јазик и култура. Поради недостаток на образовен кадар по Бошњачки јазик и култура решив тука да си ја пробам среќата. Си поднесов молба, диплома, уверение за завршени испити ме зачуди што во огласот бараа потврда за неосудуван ги читав останатите конкурси во дневните весници никаде не го бараа тој документ освен на огласот за Лирија.

После неколку дена почнав од разни луѓе да добивам гласини дека конкурсот е наместен дека треба да го добие лицето Ешеф Зорниќ, мој познаник и согра|анин што за мене беше незамисливо бидејќи знам дека човекот има завршено Средно Економско во Прилеп и тоа пред 20-30 години. Мене лично не ми се веруваше дека такво нешто може да се случи, кој е тој директор што ќе дозволи во неговото училиште да предава кадар со средно образование мислев дека сме 2014 а не 1945 кога се вработуваше секаков кадар.

Дојде и тој ден стаса известувањето за конкурсот. Бев запрепастена, примено е лице со средно образование а јас со просек 9.5 со универзитетска диплома со положени испити педагогија, психологија, и други предмети кој се многу битни за образовниот процес бев одбиена. Замислете го чувството да ве победи некој на конкурс со средно образование, па каква е оваа држава да си ја потцени својата диплома што ја издал универзитетот Кирил и Методиј а да дозволи да предава човек со средно образование од Кузман Јосифовски Питу.

Link.

Народе, исели се!

Овде нема ништо незаконски, ама и девојката и Саше толку знаат. :facepalm:
Кога нема наставник што е со соодветно образование за одреден предмет, тогаш директорот има право да избере кого сака, односно оној што го смета за најдобар. Еее, кај нас на времето еден куп луѓе со средно предаваа англиски, и нормално, кога се бира така, мора да е со врски, оти ни не може поинаку.
Кога би ја вработиле девојката и таа би земала плата како да е со средно, зашто нема соодветно образование. Кај овие случаи, конкурс се распишува двапати годишно за да се види во меѓувреме да не се јави некој што е квалификуван :)
А девојката не знае ни да се потпише ни да препише од дипломата барем ( Елма Џанкович,) така што, на здравје нека и’ е просекот. Да сум јас работодавец, ќе изберам работник со најмал просек.

Во врска со тоа, а на темата: убавото во земјите на Западна Европа е што однапред знаеш што те чека. ЗНачи, ако студираш француски во Австрија, може и 10 години да чекаш за да работиш на струката. Ама тоа го знаеш уште пред да се запишеш. Во Макеоднија ама баш никој нема појма кога ќе заврши дали ќе најде работа или не.
 
Колку само се приметува твојата исфрустрираност на темите за емигрирање на запад, поради тоа што гледаш како високообразовани млади успеваат таму, додека ти...
:)
Da de, bas ovakvi so filozofski ili slicen fikusarski fakultet uspevaat. Abe so da ti kazam co crven tepih gi precekuvaat tamu. Da e ziva i zdrava javnata administracija inaku ovakvi sekojdnevno ke umiraat za leb.
 
Колку само се приметува твојата исфрустрираност на темите за емигрирање на запад, поради тоа што гледаш како високообразовани млади успеваат таму, додека ти...
:)

Ако заприметиш ни вие не сте ништо помалце исфрустрирани, баш напротив.
 
Сите имаме слично нешто доживеано , подобро е сега од колку многу покасно.
Не бери гајле ќе преживееш , не е крај на светот, ова ќе те направи малку појака во иднина


Пиши и го тоа нејзе, ќе има две можности - или да ти каже "фала на советот" или ќе ти ја тресне вратата пред нос.
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 20:04 ---
Toa sto e korumpiran sistemot e, bez krienje. Drug problem e toa sto lugje mislat deka ako zavrsile fakultet na odreden smer se isto taka kvalifikuvani za rabota vo istata taa nasoka i mora da ja dobijat taa rabota vednas. Za zal, I vo korumpiran i vo normalen sistem toa ne vazi. Nisto ne vi garantira deka ke dobiete rabota nekade bez razlika sto imate uceno.


Па дури и да истата е единствен пријавен со сите квалификации наспроти среднистот со партиска книшка. Имаш право, корумпиран систем сме. Не знам како е во нормален, досега тоа не сум го видел на овие простори.

Болдот - те поддржувам.
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 20:07 ---
1. Не знаеме колку кандидати имало за работното место, оттаму паѓа во вода констатацијата дека Meh, е најдобар кандидат.

.


Meh само го пренесе постот, не сум јас ова на линкот. :) И дефинитивно јас не сум најдобар кандидат за местото бидејќи сум ептен далеку од педагогија по професија.
 
Всушност, постот на девојката е доста субјективен и едностран. Далеку од тоа дека не го заслужила работното место (и штета е што млади образовани не успеваат да се вработат а корумпирани диносауруси успеваат), но во идиличен систем кога корупцијата би била ниска, другиот кандидат би бил успешен иако со инфериорно образование поради било која од следниве причини:

1. Не знаеме колку кандидати имало за работното место, оттаму паѓа во вода констатацијата дека Meh, е најдобар кандидат.

2. Кој фактор кажува дека таа е најдобар кандидат? Дипломата со скоро совршен просек? Пак, дипломата не значи дека си квалификуван за некоја работа, туку дека имаш учено како да работиш во таа област, што е различно од практичното искуство.

Потоа, Meh не спомна дали има било какво друго работно искуство. 2 години после дипломирање доаѓа дека има старост од околу 22-23 години, така? Ако до тогаш немате најдено никаква работа од каде би црпеле искуство (макар и келнер) од каде очекувате да добиете работа што директно ќе влијае на образованието на идните генерации? Било кој дипломец со добар просек и некакво работно искуство би добил предност пред Meh, во случај таа да нема никогаш работено.

3. Наведениот г-дин Зорниќ завршил средно пред 20-30 години. Сигурно не садел тутун во Прилеп за да преживее цел живот, нели? Што ако бил наставник со долгогодишно искуство? Без разлика што е само со средно, неговото искуство ќе добие предност пред образованието на Meh, посебно ако Зорниќ покажал добри резултати.

4. Името. Зорниќ звучи баш бошњачки што би му дало предност во оваа позиција пред сите нас со презимиња на -вски и -ов.

5. Некоја глупава икс причина како на пример директорот да ја изгуби апликацијата на Meh, па Зорниќ да дојде примарен кандидат.

Сума сумарум, во нормален систем ништо не ви гарантира работа. Работното место е привилегија, не право, за кое влијаат многу фактори за да се добие. И образованието не ви гарантира работа. Всушност, универзитетите се бизниси што се тука за да не просветат и образоваат во некоја област, а не да ни гарантираат работни места од кои ќе носиме леб дома, но тоа е друга тема.

Срамота е што луѓето добиваат работа на валкани начини пред млади и надежни луѓе, но тоа е. Meh, извини што бев критичен кон тебе, не сакам да те дискредитирам, само го искажувам моето мислење. Со среќа следниот пат за работа, да се надеваме дека нема да наидеш на такви местенки пак и ќе си го искористиш учењето како што треба.
Ова ти држи вода само за приватно и тоа каде не се бара оваа квалификација. За државно донесоа еден куп закони и правила за тоа што критериуми треба да исполнуваш за да аплицираш, де магистратура, де докторат, де диплома од топ универзитети и ред други работи и овде примаат човек со завршено средно.
Јасно тие зошто попусто филозофираш демек имал долгогодишно искуство и дека ништо не гарантира работа и ред други работи што немаат врска со реалноста.
Во сите нормални земји со нормален систем каде се иселуваат нашите имаат класификација со колку години работно искуство и диплома во кои граници ти се движи платата, на пример човек во некоја гранка со диплома и 5 години работно искуство треба да му се движи платата од X-Y илјади евра. Ова поточно го имам гледано за Австрија, ама сигурно ако побараш ќе најдеш и за Германија, Франција итн.
Затоа тие кафански муабети и објаснување на одредени тези од твои видувања не ти држат вода или да ти преведам не трескај глупости.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Кога би ја вработиле девојката и таа би земала плата како да е со средно, зашто нема соодветно образование. Кај овие случаи, конкурс се распишува двапати годишно за да се види во меѓувреме да не се јави некој што е квалификуван :)


без разлика средно или високо, платата за наставник е таа ... нема една плата за наставник со средно, а друга за со факултет ... а конкурс се распишува еднаш годишно, а не два пати ... до 3 месеци може да се вработи некој без објавување на конкурс, по желба на директорот ...
 
без разлика средно или високо, платата за наставник е таа ... нема една плата за наставник со средно, а друга за со факултет ... а конкурс се распишува еднаш годишно, а не два пати ... до 3 месеци може да се вработи некој без објавување на конкурс, по желба на директорот ...
Tuka si greska, eve na primer razlika vo plata za diplomirana medicinska sestra i taa so sredno skolo e poveke od 50% a rabotat isto.
 
без разлика средно или високо, платата за наставник е таа ... нема една плата за наставник со средно, а друга за со факултет ... а конкурс се распишува еднаш годишно, а не два пати ... до 3 месеци може да се вработи некој без објавување на конкурс, по желба на директорот ...

Ова е спеифичен случај и вработениот зема плата со средно, зашто дури и да има факултет, не е соодветен на барањето. Не се важат ниту дипломите од курсеви за странски јазици.
Во таквите случаи се распишува конкурс двапати годишно, еднаш на почетокот на школската година, еднаш на полугодието.
Директорот може да прими работник брзо и неодложно (без конкурс, т.е. да те викнат од дома), ама после 30 дена мора да распише конкурс, па кога се распишува конкурс на крајот на септември или почетокот на октомври, тогаш се знае дека веќе е најден вработениот, а конкурсот е формалност.
Незаконски е што најчесто конкурсите траат 1 ден од денот на објавувањето, а треба да траат осум дена.
 
Со овие цифри, да не претерам, ама еден чистач таму значи живее како просечен факултетски образован човек во МК... Моја убава Македонијо...

Како чистачи претежно работат луѓе што не го знаат германскиот јазик, без разлика каква диплома имаат. Значи за некој што сака да емигрира во Германија, најбитно е солидно да го научи германскиот јазик, а се друго ќе си дојде со ред, односно зависи како ќе си ја нареди работата.

Конкретно за оние што немаат високо образование, мислам дека баш најмногу за нив вреди да емигрираат во Германија, зошто во Македонија кога не успеваат луѓе со магистерски и докторски дипломи, сигурно дека нема да успеат луѓе со средно образование.
Во Германија може да се изучуваат различни занаети, за кои додека изучуваш некој занает, исто така те плаќаат. Пред скоро време додека бев на гости кај роднини, запознав една циганка од Македонија, вработена во болница како медицинска сестра (а во Мк има завршено средно економско школо), али откако пред неколку години се преселила со фамилијата во Германија, посетувала обука за медицински сестри (или за негувателки, не ме држете за збор), и сега зема нето плата од 2000 евра, што некој без образование (а и со образование) во Македонија може само да ги сонува.
 
Медицински сестри се страшно барано на пазарот овде и негувателки. Со течен Германски јазик, беше б1 ниво сега и за нив е б2. Само ако е некоја будала мед сестра да не го научи јазикот и да остане во МКД.
 
Медицински сестри се страшно барано на пазарот овде и негувателки. Со течен Германски јазик, беше б1 ниво сега и за нив е б2. Само ако е некоја будала мед сестра да не го научи јазикот и да остане во МКД.
Toa da, isto gi baraat kako i doktorite, posebno vo institucii za zgrizuvanje i lecenje na stari lica. Tuka e garantiran uspeh,nema promasaj, bez razlika za koja drzava od zapadna EU se raboti
 
Медицински сестри се страшно барано на пазарот овде и негувателки. Со течен Германски јазик, беше б1 ниво сега и за нив е б2. Само ако е некоја будала мед сестра да не го научи јазикот и да остане во МКД.


Барани се во цел свет. Негувателки за стари лица, медицински сестри, специјализирани медицински сестри секаде веќе заработуваат солидно.
 
Барани се во цел свет. Негувателки за стари лица, медицински сестри, специјализирани медицински сестри секаде веќе заработуваат солидно.
Во мкд треба да завршиш средна школа ако не се лажам за оваа работа. Овде имаат некој курс (незнам колку трае, може година дена макс) и стануваат медицински сестри. Кај вас како е? Средно образование или курс?

Уствари има ли во МКД некој курс за медицински сестри? (апсолутно немам поим дали може и кај нас такво нешто да има)

И колку што знам од МКД кај нас сестрата става инекции, вади крв, применува терапија, па во институции како Филип Втори, Систина, тоа се таму сестри со супер моќи. Јас мислам дека имаат познавање колку доктор (оние со долго искуство).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom