Ќе земаш 5000 евра ако си програмер, лекар, менаџер. Реално за обична работа може да очекуваш највеќе 2000 евра.
Од таа плата кога ќе ги одземеш трошоците за стан, сметки каде ќе ти е крајот. Ако се иде фамилијарно или со партнерка која исто така ќе работи тогаш може, а сам да се плаќа сметки како за цела фамилија не се исплати.
Ти мислиш дека тие 5000 евра ќе се трошат исто како кај нас. Затоа сите сакаат таму да заработуваат, а тука да ги трошат.
Зошто сите наши носат цигари од тука, а си видел ли по колку живеат во еден стан само за да немаат големи трошоци? Еден другар е со 10 цимери во стан во Лондон.
Од една страна штедат од друга живеат во мизерни услови. Исти се овие што живеат во Чикаго.
Кај нас со 500 евра зависи колку членови во семејството ќе живеат од неа колку е поголем бројот нормално дека нема да се издржува. Во просек за еден член мислам дека е доволно за пристоен живот затоа што веќе имаш сместување а некои и платени сметки. Сигурно нема секој ден да се јаде во ресторани и да се купува скапа облека.
Со 1200 евра вкупна плата двајца со дете ќе живеат убав живот. Кажувам од искуство. Значи одмори на убави места а не места од типот на Паралија.
Шетање каде ќе сакаш, 2-3 пати во недела јадење во ресторан, среден стан, кола, скапа облека, секоја недела полнење на количката во маркет....