Audi R8 – 5,2 V10 со 525 КС!

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
По долги препирки дали ќе има или нема да има, Audi ја претстави посилната верзија на супер – автомобилот R8, во која сега ќе се вградува 5,2 литарскиот FSI V10 мотор, кој развива 525 КС и го става R8 во рангот на Ferrari F430 и Lamborghini Gallardo.

audi-r8-najjako-01.jpg

Срцето на автомобилот, моторот, е атмосферски бензинец со 10 цилиндари во V распоред и директно впрскување на горивото. Развива 525 КС при 8.000 врт/мин и 530 Nm при 6.500 врт/мин, бројки кои јасно кажуваат дека моторот ќе сака често да се врти до црвеното поле, кое стартува на високите 8.700 врт/мин. Ќе бидат користени два менувачи – мануелен со шест степени и автоматски секвенцијален R-Tronic, исто така со шест степени.

Надворешно, посилната верзија на R8 нема многу да се разликува од “обичната”, освен што отворите за воздух ќе бидат малку поголеми и LED фаровите ќе се нудат во стандардната опрема.

audi-r8-najjako-02.jpg

Перформансите на посилниот модел ќе бидат за голема почит – до 100 km/h ќе забрзува за 3,9 секунди (V8 за 4,6) и ќе постигнува максимална брзина од 316 km/h (V8 постигнува 301 km/h). Цената на овој модел ќе биде 142.400 евра во Западна Европа, што е за околу 30.000 евра повеќе од послабиот модел.

Audi R8 V10, премиерата ќе ја доживее на саемот во Детроит во Јануари, а ќе почне да се продава од Март месец наредната година.

audi-r8-najjako-03.jpg

Извор: Koli.com.mk​

audi-r8-najjako-04.jpg



audi-r8-najjako-05.jpg



audi-r8-najjako-06.jpg



audi-r8-najjako-07.jpg



audi-r8-najjako-08.jpg
 
Е ова е веќе нешто:)
освен што има јака машина и добар дизајн има :icon_lol:
 
Еј колава е добра само има една многу голема маана тоа е ЦЕНАТА :raz: како ли да ја купам :vozbud:
 
:drk::drk::drk:
ја обожавам колава, посебно во црвенава варијанта :vozbud: ау како би ми одговарала :vozbud:

Видов Audi R8 пред 2-3 месеци во Скопје и тоа беше љубов на прв поглед :pipi: :icon_lol:
 
:drk::drk::drk:
ја обожавам колава, посебно во црвенава варијанта :vozbud: ау како би ми одговарала :vozbud:

Видов Audi R8 пред 2-3 месеци во Скопје и тоа беше љубов на прв поглед :pipi: :icon_lol:

Ако е и црна, не се лутам јас... Инаку меѓу најубавите спортски автомобили денес. Ме интересира до каде е TDI верзијата? Мислам дека размислуваа за дизелаш
 
Шеташе една црна Р8 летоска низ Гв.....колата е страшно убава....и еве признавам дека не би ја одбил за поклон.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom