- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
- Возраст
- 41
- Локација
- кај дримон
- Веб-сајт
- www.facebook.com
По долги препирки дали ќе има или нема да има, Audi ја претстави посилната верзија на супер – автомобилот R8, во која сега ќе се вградува 5,2 литарскиот FSI V10 мотор, кој развива 525 КС и го става R8 во рангот на Ferrari F430 и Lamborghini Gallardo.
Срцето на автомобилот, моторот, е атмосферски бензинец со 10 цилиндари во V распоред и директно впрскување на горивото. Развива 525 КС при 8.000 врт/мин и 530 Nm при 6.500 врт/мин, бројки кои јасно кажуваат дека моторот ќе сака често да се врти до црвеното поле, кое стартува на високите 8.700 врт/мин. Ќе бидат користени два менувачи – мануелен со шест степени и автоматски секвенцијален R-Tronic, исто така со шест степени.
Надворешно, посилната верзија на R8 нема многу да се разликува од “обичната”, освен што отворите за воздух ќе бидат малку поголеми и LED фаровите ќе се нудат во стандардната опрема.
Перформансите на посилниот модел ќе бидат за голема почит – до 100 km/h ќе забрзува за 3,9 секунди (V8 за 4,6) и ќе постигнува максимална брзина од 316 km/h (V8 постигнува 301 km/h). Цената на овој модел ќе биде 142.400 евра во Западна Европа, што е за околу 30.000 евра повеќе од послабиот модел.
Audi R8 V10, премиерата ќе ја доживее на саемот во Детроит во Јануари, а ќе почне да се продава од Март месец наредната година.
Извор: Koli.com.mk