ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Ако гледаме така, да не беше селската публика да му се издере на Делпо пред да го удри форхендот на сет топката за Федерер можда и ќе тепаше во два сета Делпо, who knows.. Немој такви смешни констатации да изнесуваш, Фед, Надал и Ноле секогаш мака мачеле со него затоа што типот има муда пред се, а и кога е во форма нема одбрана од неговите форхенди. Во втор сет на почетокот кога почна да млати Делпо по топчето Федерер не знаеше главата каде му е.[DOUBLEPOST=1509373597][/DOUBLEPOST]Федерер го откажа Париз.
 
Последно уредено:
upload_2017-11-1_17-43-49.png

Рафа со денешната победа и официјално ја обезбеди титулата Year End no.1 за 2017. Ова е четврта титула за него, а претходно како најдобар завршуваше во 2008,2010,2013.
Новак Ѓоковиќ исто така 4 пати има завршено како број 1 на крајот на годината, а Роџер Федерер 5 пати.
Рекордер во open era (од 1973г.) е Пит Сампрас со 6 пати.

Во меѓувреме, во Париз учеството го заврши и Александар Зверев кој беше проектиран како противник на Дел Потро во третото коло, вака Дел Потро ќе треба да игра против Робин Хаасе, а во четвртфинале со победа да ја обезбеди визата за Лондон против (Димитров/Гаске/Иснер) откако Карено Буста загуби во второто коло и се е во раце на Аргентинецот кој првата шанса не ја искористи во финалето на Базел.

За завршниот турнир дел од учесниците се одамна познати, Надал, Федерер, Зверев, Тим, Чилич и Димитров. Останатите 2 места се се уште непознати, Гофан со одлични шанси да го грабне седмото, а за осмото како што кажав, Карено Буста веќе не е во турнирот, а со теоретски шанси зад него се Дел Потро, Тсонга, Пуи, Иснер.
 
Рафа се повлече од Париз поради повреда на коленото.
Нема информација дали ќе се појави во Лондон :)
 
Топ, на 3 меча до освојување на турнирот по прв пат во срање конкуренција и џабе. Финале на исто така никогаш освоен турнир, партија за сарказам, ни 30% од претходните кола. И секако да не го заборавиме Мајами, 5 финалиња и исто толку порази. :)
За Лондон не ни коментирам, не ми се верува баш дека и ќе настапи.
 
Дел Потро не ја користи и втората меч топка против Иснер за пласман во Лондон, сепак ќе има и трета, а тоа е евентуалното откажување на Надал. Меѓутоа шампионот во Париз не смее да биде Иснер или Сок, во тој случај еден од овие двајца ќе биде 8. на ATP Race листата, а како алтернатива ќе влезе Карено Буста.
 
Полуфиналната постава на мастерсот во Париз ќе биде Изнер, Бенето, Крајинович и еден од Вердаско и Сок. Тоа е сигурно најлошата полуфинална постава во историјата на мастерс турнирите.

Би било епски Бенето да го освои тунирот, и единствената титула во кариерата да му биде мастерс. :D
 
А Крајинович? :pos:
Ликот нема грен слем победа во главен жреб, пред да дојде во Париз имал 4 учества во главен жреб на мастерс на кои само еднаш успеал да се пласира во второ коло, во Мајами 2015 и тоа мечот му го предал Лајович. :pos::pos::pos:
Конкретно годинава не се појавил ниту на квалификации на еден од мастерсите, а во првиот свој обид атакува титула. :masa:
 
Eдинствен начин Крајинович да освои титула овде е да му предадат и во полуфинале и во финале. Бенето има шанса да освои, посебно овде во Париз. Ако добро се сеќавам тој дури има и победа над Федерер во оваа сала.
 
Има, во 2009. Бенето за малку ќе го победеше Федерер и на Вимблдон во 2012, водеше 2-0 во сетови, а во четвртиот имаше и 3 врзани брејк топки кои не ги искористи, подоцна го изгуби сетот во тајбрејк 6-8, истата година Федерер го освои турнирот.
Шала на страна, не би го отпишал Крајинович во дуел против Иснер, а финале како финале против кого и да игра сепак во ваква конкуренција има какви такви шанси.
 
Мислам дека во ваква конкуренција Изнер ќе освои. Игра солидно, сосем доволно за кловновите кои останаа.
 
Мислам дека во ваква конкуренција Изнер ќе освои. Игра солидно, сосем доволно за кловновите кои останаа.
Ако Бенето влезе во финале, мислам дека ќе има изгледни шанси Бенето да освои, ненормална поддршка ќе има од публиката.
А и Иснер денес 2 МТО-а имаше.
 
Секоја чест за дечкото. Ова не е недела од соништата, ова го нема ни на сон.
А ти Иснер, да си жив и здрав, следна прилика за Лондон, таму годинава ќе се игра тенис, а не само сервиси. :kuracc:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom