ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
После Надал, испадна и третиот носител на турнирот Федерер, изгуби во дуелот против Бердих со 2-0 во сетови (6-2; 7-6).
Олеснет патот на Новак до нов триумф на мастерсите.. ако го помине вечер Монфилс, ќе игра со Бердих во 1/2 финалето, а ништо чудно да гледаме исто финале како и во Монтреал против Фиш, кој утре во 1/2 финалето ќе игра против Мареј.
 
Надал се оплеска вечерва ... хахха се изгорел со врела чинија хахаха.... браво за fish одигра неверојатно не за џабе го викаат кралот на сервис топките .
 
Немаат повеќе страв тн АУТСАЈДЕРИ...
Порано самиот факт шо ќе излезат на терен против големите Надал и Роже им влеваше страв во коски...
Сега веќе тој страв го снемува,речиси и го нема....
За мене овие порази не се неочекувани...
Добра увертира и поука да се опамтетат и подобрат за двајцата пред последниот Гренд-Слем....
Ако продолжат со ваква игра,ќе се сопнат на првата посериозна препрека на УС-ОПЕН.......
Во моментот Џоковиќ е суверен владетел на тениската игра....
Далеку над сите...:cool:
Дали ќе успее да ја задржи неверојатната форма ќе видиме...
Засега му оди одлично....за малку ќе беше перфектно(да не беше тој пораз на Ролан Гарос од Роже):sneaky:
 
Немаат повеќе страв тн АУТСАЈДЕРИ...
Порано самиот факт шо ќе излезат на терен против големите Надал и Роже им влеваше страв во коски...
Сега веќе тој страв го снемува,речиси и го нема....

Го има и те како кога играат против Новак.Исто се случува како како со Рафа и Роџер што беше до лани.Надал лани играше одлично и кога игра во таква форма другите како да немаат големи очекувања од мечот и лесно успева да ја наметне својата игра Рафа.А знаеме што се случува кога било кој од овие тројца ке ја наметне својата игра :).Новак годинава направи голем подем, ги исчука Федерер и Надал каде стигна и серијава ги заплашува противниците.Добива лесни мечеви како Надал и Федерер што добиваа.Ретки се оние кои успеваа да му се спротиставт и да ја пронајдат своајта игра против него.Се губат и му дозволуваат да превземе рано контрола на мечот.Олеснета му е работата многу со тоа ама си ја заслужи јбг.Не ми е јасно како Федерер и Надал се изгубија толку.Ај до пред некој месец немаше смисла да се жалам од Надал пошто единствените порази му беа од Новак и тоа во финалиња.Освои Гренд Слем како така и не беа работе така лоши.Ама ова е мизерија што го покажува моментално.
 
Fish - Nadal 1 ; Berdych - Federer 1
Вреди да се проба .. :)))

Вредеше да се проба да, ама коњ сум јас што не ги ставив на ливче. :icon_mrgr:
--- надополнето: Aug 19, 2011 10:45 PM ---
Ќе се најде ли некој фин момак да ми ги даде коефициентите да ги видам? :)
 
Вредеше да се проба да, ама коњ сум јас што не ги ставив на ливче. :icon_mrgr:
--- надополнето: Aug 19, 2011 10:45 PM ---
Ќе се најде ли некој фин момак да ми ги даде коефициентите да ги видам? :)
2.2 за Фиш и 3.5 за Бердих.
Туку очекувам победа на Ноле и во недела уште еден трофеј.
 
^ Ако тепа денес против Монфилс, во полуфинале со Бердих, во финале со Мареј/Фиш. Ќе видиме.. :)
 
Мареј - Фиш 2-0 (6-3 ; 7-6)

Иако очекував Фиш повторно да игра финале тоа не се случи. Првиот сет успеа Мареј да направи брејк разлика и го доби со 6-3. Во вториот сет мислам дека Мареј прв направи брејк, па после Фиш врати (не ми текнува, вториот сет го гледав со прекини), па во тај брејкот Мареј беше подобар со 10 - 8.

Џокович - Бердих треба да почнат во 22:00. Очекувам интересен меч, мислам дека добар отпор ќе пружи Чехот.
 
Со овој Мареј на крај не се испаѓа.
На минатиот турнир во Монтреал испадна во второ коло, а сеа на овој, кој е една недела после Монтреал ќе игра финале.
Толку лабилен ни Новак не бил. :D
 
Добар меч на Бердих...
Сепак повредата на рамото го мачеше уште од вчерашниот меч со Федерер...
Па подобро вака шо го предаде мечот на време,зошто во вториот сет ќе изгубеше со поголема разлика во гемови,и најважно е шо можеше да си ја закомплицира повредата...
Добро финале ќе гледаме утре...
Мареј е влезен во добра форма ..
Ќе видиме дали е доволно добар за Џоковиќ.
Досегашниот нивни меѓусебен скор е 6-3 во корист на Ноле...
 
Очекував Фиш да го збрише Мареј вчера, но испадна обратно. Енди покажа заби и обели образ малце ..

Ноле морам искрено да кажам дека имаше доста среќа, Бердих му направи брејк, одлично сервираше и го диктираше темпото во првиот сет, но се деси шо се деси и не можеше да го заврши мечот.

Финалето инаку да ви кажам дека е од 18.30. На МТВ прочитав најава од 21.00, грешка е. Така да за пола саат спремајте се. Ајмо Новак !!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom