ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Значи гледам дојде до голема збрка околу тоа Џокович vs Надал, и мислам дека апсолутно тоа е непотребно. Сите имаме различни фаворити и мислам дека секој има право на свое мислење и нема потреба од конфликти.

Сега за тенисот: Неоспорно е дека Џокович игра одличен тенис и дека моментално нема кој да го победи, можеби е само моментална
супер подготвеност и одлична игра или момент кога ќе ги надмине Надал и Федерер (во што се сомневам) ќе видиме во остатокот од годината.
А според мене (значи си кажувам лично мислење бидејќи мислам дека затоа и служат овие форуми) за Џокович да биде над Надал и
Федерер треба пред се да ја задржи оваа форма (што подолго) и да освои нешто повеќе од 2 гренд слема, што ако збориме реално е едно големo ништо во споредба со 16(на Федерер) и 9(на Надал). Значи нема потреба некој одма да дига узбуна САМО ГО КАЖАВ МОЕТО МИСЛЕЊЕ! :smir:
 
22ри е, такви за Ноле треба да бидат мачји кашаљ, затоа реков, не ни помислив дека е лош играч.
Белучи е е еден од најдобрите тенисери на светот на земја.
 
Мислам дека е неблагодарно да се споредуваат играчи во својата prime форма, како што правите неколку страни за ред.

Повеќе пати е докажано дека покрај талентот, потребна е и формата, тренингот, паметот и физичката кондиција. Ноле го имаше тоа над Надал, а ако земеме да споредуваме "што би било кад би било", дајте во муабетот да ги вмешаме и Сампрас и Агаси, па да видиме кој е кој. :)
 
Го пренесуваат на МТВ 3 турнирот во Рим ?
 
Значи гледам дојде до голема збрка околу тоа Џокович vs Надал, и мислам дека апсолутно тоа е непотребно. Сите имаме различни фаворити и мислам дека секој има право на свое мислење и нема потреба од конфликти.

Сега за тенисот: Неоспорно е дека Џокович игра одличен тенис и дека моментално нема кој да го победи, можеби е само моментална
супер подготвеност и одлична игра или момент кога ќе ги надмине Надал и Федерер (во што се сомневам) ќе видиме во остатокот од годината.
А според мене (значи си кажувам лично мислење бидејќи мислам дека затоа и служат овие форуми) за Џокович да биде над Надал и
Федерер треба пред се да ја задржи оваа форма (што подолго) и да освои нешто повеќе од 2 гренд слема, што ако збориме реално е едно големo ништо во споредба со 16(на Федерер) и 9(на Надал). Значи нема потреба некој одма да дига узбуна САМО ГО КАЖАВ МОЕТО МИСЛЕЊЕ! :smir:

Истото го збориме цело време ама некој со сила ги испревртува работите и на крај испадна дека ние плачеме за поразот на надал.Пилешки мозок што сакаш.

Инаку Надал се изгуби тотално денеска.Незнам што се случува во неговата глава моментално ама како отсутен со паметот ми изгледа денеска.Неможе да се сконцентрира и да почне да игра како што треба.Со ваква игра на Надал нека му е честито првото место на Џокович.Разочарувачки е да се гледа мечов...Се губи кога не игра добро и неможе да се сконцентира бар во последно време, ке видиме што ке се случи до крај на сезоната...
 
Мислам дека е неблагодарно да се споредуваат играчи во својата prime форма, како што правите неколку страни за ред.

Повеќе пати е докажано дека покрај талентот, потребна е и формата, тренингот, паметот и физичката кондиција. Ноле го имаше тоа над Надал, а ако земеме да споредуваме "што би било кад би било", дајте во муабетот да ги вмешаме и Сампрас и Агаси, па да видиме кој е кој. :)

Сампрас да, меѓутоа никад не сум бил голам фан на Агаси, а доколку се спроедуваат со сегашниве, ако се земе севкупно како тенисери, Надал И Федерер би ги згазиле на Сампрас и Агаси доколку сега би играле меѓусебно и според некоја претпоставка сите 4 -ца би биле во топ форма :)

За мене Рожер е најкомплетниот тенисер на сите времиња и ќе биде уште долго.
 
Дефинитивно.Не верувам дека некој ке го повтори тоа што Федерер го има направено.Надал беше на добар пат ама не верувам дека ке го надмине во тој поглед.Никој нема да го помине Федерер..
 
Овој Лоренци со вајлд карта влезе на турнирот, а го елиминираше Белучи(не дека е нешто повеќе овој :)) ..а денес му се ојачал и на Надал во три сета..

Ноле стандард експресно.
Изненадување за денес поразот на Симон од Хуан Игнасио Чела.
 
Надал си ја потврди лошата форма со тоа што му требаа 3 сета за да го елиминира Лоренци(прв пат слушам за него)
 
Не беше толку лош на стартот.Играше одлично до Мадрид.Мислам дека поразите од Џокович влијаат на неговата форма многу.Губи самодоверба, сервисот му ослабна многу ама сите проблеми се во неговата глава може да го реши тоа бргу.
 
А плус голема е мотивацијата да се игра против Надал, па за тоа сите тенисери го дават максимумот против него.
 
Абе мотивацијата е иста кога играш против било кој топ 10 тенисер.Сите сакаат да изиграат најдобро што можат зашто шансите и така им се мали ама немаат што да изгубат и душа оставаат на терен.Ама надал не игра со истата сигурност како порано и стана ранлив во последно време.Сервисот му ослабува и го напаѓаат на сервис секогаш, и после поразот во мадрид знаат дека ке се разочара малце и сега ке има тешка недела сигурен сум.Последниот сет денеска ветува доста ама уште не се дојдени вистинските предизвици.
 
Точно треба да го подобри сервисот Рафа на овој турнир и на РГ пак да биде оној стариот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom