ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
И Рафа го освои првиот сет со 6-2. Ѕвер е на земјена подлога.
 
28 победи во низа, 23 титули во кариера, 5 оваа година..последен освоен турнир денеска во Белград против Лопез 7-6/6-2 :)

Фала и кај вас :pipi:

Од утре, Мастерс турнирот во Мадрид.
 
Во 1 и 2 коло на мастерсот во Мадрид прилично неочекувани резултати и изненадувачки порази на фаворитите како 12 носител Родик загуби од квалификантот Флавио Чипола, 16 носител Гаске исто така од квалификант, шпанецот Химено Травер, додека денес најнепријатното изненадувајне беше поразот на домашниот миленик Вердаско кој моментално е 17 тенисер на светот од кинезот Лу и русинот Давиденко кој загуби од Гранолерс.Што се однесува до топ 5 тенисерите кои играат утре двојките се Надал - Багдатис Дјокович - Андерсон Федерер - Лопез Марај - Симон и Содерлинг - Гиралдо.
 
Само на спорт клуб го има турниров или ина Б92 ?
 
Џоковиќ за само 51 минута го збриша Гарсија-Лопез со 6-1 6-2 и дојде до 29-та победа по ред до сега (+ двете од Дејвис Купот, се на се 31) :)... Обезбеден е пласманот во 1/4 финалето против Ферер, а доколку се пласира во 1/2 финале ќе игра со подобриот од дуелот Бердих - Белучи :)

Надал без борба се пласираше во 1/4 финалето поради откажувањето на Дел Потро... во 1/4 финалето ќе игра против Лодра...

Федерер го победи Малис со 6-4 6-3 и за противник ќе го има Содерлинг :)
 
Има денес 2 супер 1/4 финалиња !

Федерер-Содерлинг
Ноле-Ферер

:duel:
 
Заебите ги Надал, Ноле и компанија.
Белучи на овој турнир растур прај :))
Вчера Мареј, денес Бердих, утре којзнае може еден од Ферер-Новак...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom