ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Еден од најдобрите форхенди што ги имам гледано,во јачина ако не и најдобар. Штета со повредите стварно.. ама и ептен ризично го мава форхендот, не знам како да опишам ко од колено да го вади. Јас мислам дека нема да му е последен турнир ама ќе видиме.
 
Штета за Делпо, кај не дигна глава од повреди цела кариера па и татко му искоцкал скоро се што заработил низ кариерата. Не заслужува ваков "крај" лик како него кој не само како играч, него и како човек е еден од најдобрите на турот.

Иначе Бублик братот го растрти Зверев завчера и лапна прва титула. Откачен е малце ко Киријос и Беноат на моменти ама каде каде покул и посимпатичен од двјацата. Нека му се множат (y)
 
Иначе Бублик братот го растрти Зверев завчера и лапна прва титула. Откачен е малце ко Киријос и Беноат на моменти ама каде каде покул и посимпатичен од двјацата. Нека му се множат (y)
Штета што не е голем работник инаку е доста талентиран, топ сервис, волеи, офанзивен арсенал, дроп... Ама џабе кога е шарлантан, не тренира како што треба и доста често има несериозен пристап во мечевите, пример знае да изигра и двоцифрен број на андерарм сервиси, да игра дропови од трибини и слични глупоштини.
 
Ако ме држи добро меморија Бублик лани кажа дека мрази тенис и игра само за пари, така да тешко да видиме нешто повеќе од него. Штета бидејќи е стварно квалитетен играч.
Него изгледа му пресушил бунарот па се уозбили малку и џглап прва титула и тоа против Саша :icon_mrgr:
 
Дај бе да го живнеме подфорумов, порано за мастерси се отвараа посебни теми и се испишуваа 10-тина страни, па и за ВТА дури се збореше чат-пат :icon_mrgr:

После 8 изгубени финалиња, прва титула за Феликс (y)
Одлично ја почна сезонава, прво издоминира со Шапо на АТП Купот, "мал" чоук против Медо на АО во 1/4-финале и сега титула.
Ако остане здрав, типувам дека ќе игра полу-финале на Вимблдон.
 
Убава идеја имаш, меѓутоа тука имаме експерти кои ќе ти кажат дека Дел Потро ја заврши кариерата како што ја заврши поради тоа што самиот свесно (да не речам - намерно) играше на начин кој му ги носеше и обновуваше повредите. Исто така може да ти кажат дека Новак е безгрешен човек, како на терен, така и надвор од него. Може да ти кажат дека Надал се допингува т.е. дека е ботаничар и најверојатно тие суплементи внатрешно го тераат да си брца у ** пред серва.

Шала на страна, кога го отворивме подфорумот пред точно 10 години, се цепаа и близу 100 страни за грен слем, сега немаме теоретски шанси ни за 10, камо ли нешто повеќе, за послаби турнири да не правам ни муабет. Според мене проблемот е што дискусијата на тениските теми тука на форумот значајно еволуираше на ниво на фудбалски со препуцавања помеѓу членовите и целосно го изгуби статусот како дискусија за еден "бел" спорт.
 
Реално не е тоа проблемот, тогаш беше златната ера на тенис 2010-2015 имаше многу поголем ривалитет, тука беа и фановите на Федерер и топ 10 тенисерите беа каде каде поконстантни него сега.
После 8 изгубени финалиња, прва титула за Феликс (y)
Одлично ја почна сезонава, прво издоминира со Шапо на АТП Купот, "мал" чоук против Медо на АО во 1/4-финале и сега титула.
Ако остане здрав, типувам дека ќе игра полу-финале на Вимблдон.
Феликс конечно делува зрело и многу е напреднат, го имаше и мечот со Медведев дефинитвно ќе врие на побрзиве подлоги.
7ма АТП титула и за Руд кој полека ми станува еден од омилените играчи на земја, тенисер кој според мене има најдобра игра на земја и најдобар форхенд спин се разбира после Рафа,Тим и Циципас.
 
Убава идеја имаш, меѓутоа тука имаме експерти кои ќе ти кажат дека Дел Потро ја заврши кариерата како што ја заврши поради тоа што самиот свесно (да не речам - намерно) играше на начин кој му ги носеше и обновуваше повредите.
Не експерти, него експерт т.е. Господинот на кој му реплицираш :brlav:

Надал смени многу во неговата игра + намали на килажа и мускули за да си ја продолжи кариерата на врвно ниво и да намали повреди, тоа е факт.
Moyá confessed that the last problems that Rafa had in the knee motivated that need to change his style of play: “He hurt his knee and realized it was time to try. We saw how he couldn't find a way to keep the same movement

Иначе никој никогаш не рекол дека е Новак безгрешен, ене го кампања на Вучиќ му води (се надевам само го плаќа цехот за лажниот ковид тест што му го извадија), ама реално треба да си малку отиден со паметот да кажеш дека направи нешто погрешно во Австралија и дека не беше жртва на политичка игра. Е сега некој ќе каже дека е крив што имал лажен тест иако тоа немаше никаква врска со неговата депортација. Плус што да прави човек кога постојат такви ретардирани мерки. Али батали не ми се збори за ова пак, било поминало идеме даље.

Шала на страна, кога го отворивме подфорумот пред точно 10 години, се цепаа и близу 100 страни за грен слем, сега немаме теоретски шанси ни за 10, камо ли нешто повеќе, за послаби турнири да не правам ни муабет. Според мене проблемот е што дискусијата на тениските теми тука на форумот значајно еволуираше на ниво на фудбалски со препуцавања помеѓу членовите и целосно го изгуби статусот како дискусија за еден "бел" спорт.
Не беа ни порано кузнај какви дискусиите, ама бар се штампаа постови за време на турнирите, сега ни тоа го нема. Тек после финалето изникнаа ко печурки неколку ликови, пишаа еден пост и толку, ги снема. Да не тепаше Рафа ни пола од нив немаше да коментираат.

На тенисов дефинитивно му се потребни измени, доста беше шлепање на популарноста на Big 3. Во тимските спортови небитно е кој играч ќе се пензионира, клубот секако останува, а со тоа и фановите.
На спортов му требаат фанови што пред се ќе бидат љубители на тенисот, а после на одредени играчи. Вака гледаме како добар дел од "фановите" ги снемува. Тука не зборам само за форумов кој и така е во пад последниве години, ама на глобално ниво тенисот не е тоа што беше.

Еве сезонава Нетфликс ќе снимаат документарец како Drive to Survive за турот па се надевам ќе помогне нешто. Доста нови фанови донесе серијалот на Ф1 и моментално е еден од најпопуларните спортови помеѓу помладите генерации, што е топ за во иднина.

Ги слушав Мектич и Павич пред некој ден кај Вишко на подкаст и баш ми остана во глава коментарот што го дадоа за Индијан Велс. Викаат дека трибините се секогаш полни, што е невидено за натпревари во парови. Ама полни со старци кои често играат рекреативно тенис во парови, па затоа им доаѓаат на натпревари.
На турнири во други држави и градови играат пред празни трибини како по обичај пошто нема локална култура на рекреативно играње тенис. За ТВ пренос да не правиме ни муабет, од дома не ги знаат дека играат тенис не па некој друг.

Сакам да кажам дека и парови можат да бидат гледани натпревари (Кријос/Кокинакис на АО) со добар маркетинг, ама на АТП и ВТА изгледа им е побитно да лапнат што повеќе од prize money него да го промовираат спортот. Ова со Нетфликс ветува некакви промени али ќе видиме.
 
Тек после финалето изникнаа ко печурки неколку ликови, пишаа еден пост и толку, ги снема. Да не тепаше Рафа ни пола од нив немаше да коментираат.
Ова највеќе го прават фанови на Новак пошо се и најбројни и само ја ракосуваат евентуалната дискусија која би се развила меѓу нормални членови. Секако, има и Надаловци и Федовци што го прават истото али се во помал број. Сериозно не сфаќам која е поентата да пишеш пример пуши кур Федерер откако изгубил епско финале против Надал... Мислам, големава тројка направи толку многу за тенисот и спортот да и еден обичен ТВ гледач од ФИРОМ е срамота и дебилно да ги вреѓа и пцуе на социјални мрежи или форуми. Кариери без дамка, врвни спортисти, рол модели за сите млади.

Еве сеа тренд беше да се хејта Надал од Нолевци и антиваксерковци божем он лично и персонално го депортираше, бог да чува и да брани. И секако читање изјави од српски и македонски мртви порталчиња со лошо преведени и испревртени изјави. Небитно ај, се надевам на што помалце такви глупости на темава у иднина.

Него, што мислите Роџер до кога ќе игра? Јас мислам годинава иде во пензија, или на Вимблдон или во Базел.
 
Не се работи за каприци и суети, се работи за принцип. И за овој потег го почитувам. Нешто што ретко кој денес го има, и си се држи до истото, без оглед на казната. За некого е глупост, за некого привилегија. Кажа дека нема да се вакцинира, и си остана на кажаното. Многумина ке свиткаа кичма.

Пишав и претходно, секоја чест што е решен да си се држи до кажаното, без оглед на "казната" или во случајот, неможноста да игра на скоро сите Гренд Слемови.
 
Мислам дека ова беше јасно со самото тоа што едноставно не си зема сертификат за вакцинација да игра во Австралија. :)) Во Англија мислам дека веќе месец дена наназад ги тргнуваат мерките, така да не би требало да му биде проблем.
 
Гледав баш едно интересно видео за се што пропуштивте за депортацијата на Новак, еве ви линк вреди да се погледне https://www.youtube.com/watch?v=73eT31C1TUQ
@ManUtdChampions да во право си, Новак само и таму може да игра, во Париз и Ус Опен сега за сега бараат вакцинација и мисам дека ќе му е исто ко во Мелбурн, барем така кажаа и во видеово погоре. Мило ми е за Феликс до негде зашто ликот 3-4 пати ме има паднато на тикети и го замразив малце ради тоа.
За Роџер мислам дека годинава е крај и ја, во Базел.. мислев лани на Олимписки игри ќе стај крај, ама пак се повреди и ништо.. Најубава игра за око, дефинитивно, каков сервис, волеј и форхенд секако.. а и бехенд онаа 2017 година ги уби сите па и Рафа у неколку мечеви, ко у Индиан Велс.. Љубо го научи тоа бехендот конечно по 20+ год кариера.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom