ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Збориме за тенис а до сега не спомнавме ни еден македонски тенисер? знаете ли некој дали сте ги гледале или пак ги читате по весниците? Еве јас читам само за Магдинчев и мислам дека е добар победува по фјучерски но нема некој позначаен успех на некој поголем турнир. Дали можеби има некоја надеж за македонските тенисери?
 
не ќе да е до тренерот. Тренер му е тренерот што на времето му беше на Агаси, што го направи играчиште. На Родик му фали желба да игра на противнички сервис. И тој како и претходните што ги кажав се концентрираат само на свој сервис
 
Завршија преостанатите четврт-финални дуели во машка конкуренција помеѓу Давиденко - Робредо 3-2, и Пурта - Кањас 3-2. Во полуфиналето на машкиот дел од турнирот ќе се сретнат Рожер Федерер против Рафаел Надал и Николај Давиденко против Марјано Пуерта.
Во женскиот дел на турнирот во полуфиналето ќе се сретнат Мери Пирс против Елена Ликовчева и Надја Петрова против Жастин Анен-Арден.
 
Рожер Федерер против Рафаел Надал



Во колку саат? ...и најверојатно задрутре а?
 
кој ја има гледано Ана Ивановиќ, доста талентирана девојка, има само 17 години
 
Добра е. Јас 4 пати фатив пари на неа. Сингил. Ми јави другар од Белград да ја играм. Не дека била местена туку добар коефициент имаше за победа, а била добра, надежна.. ама не позната што значи уште не ја ценеле во кладилница.

Само мене не ми се свиѓа. Женски тенис воопшто не ми се свиѓа. Пратам само резултати, ретко ги гледам.. како успорена расипана лента се :D :D
 
gerard напиша:
Рожер Федерер против Рафаел Надал



Во колку саат? ...и најверојатно задрутре а?

Фантастична игра на Рафаел Надал... Чудо е детево, стварно...
 
Gizo напиша:
кој ја има гледано Ана Ивановиќ, доста талентирана девојка, има само 17 години

Јас како контраш: Многу ми е симпатична, ама не ми се свиѓа толку како игра. Далеку е од Шарапова, Мишкина, Дементиева, а за од Анин да не зборувам. Ќе ја зафати балкански менталитет, ќе се прое*е и ќе го батали тенисот
 
Жастин Анен-Арден се пласираше во финалето на роланнд гарос по победата над Надја Петрова со 2-0 (6-2, 6-3), во тек е и второто женско полуфинале помеќу Мери Пирс и Елена Ликовчева, а моменталниот резултат е 4-1 во првиот сет
 
Женското финале на Ролан Гарос е помеќу Мери Пирс и Жастин Анен-Арден, а првиот финалист е Маријано Пуерта по победата над Давиденко. Во второто полуфинале играат Надал и Федерер а моменталниот резултат е1-1 во сетови, а Надал води 4-3 во третиот
 
Браво за Надал!

Момакот победи иако мене не ме импресионира со играта. Прв пат му гледам цел меч, повеќе играше од основна линија, и тоа длабоко назад (што значи дека на брза подлога нема вака да му иде) на сервис слаб (не знам дали имаше некој ас, ама ми се чини дека немаше) неверојатно бробен и брз. Нешто слично како Хјуит само со далеку послаб сервис. Со оглед на тоа што е специјалист за земјени терени мислам дека нема да стигне до финале на Вимболдон и УС. А баш би сакал затоа што е млад.

Федерер правеше чудни грешки. Прв пат го гледам во вакво издание. Јас мислам дека сам се победи. Неќам да му ја оспорувам победата на Надал ама не сакам тенисери што еднаш во 3-4 гема ќе се одлучат да нападнат. Невидов статистика на крај ама мислам дека Федерер имаше премногу неизнудени грешки. И како што рекоа на крај од Еуро Спорт среќата овој пат беше на страната на литл-бој како што го нарекоа.

И уште еден коментар од Еуро Спорт - шампионот сигурно ќе се врати. И тоа веќе на Вимболдон.

А на Надал му посакувам да го освои овој турнир. Дете е .. ќе се радува :D :D
 
Анин класика. :)

Ама онаа Пирс се предаде по првиот брејк што го изгуби. како да немаше желба или пак сили да продолжи. Какви само почетнички грешки направи.

Анин најзаслужено го освои мора да се признае, никој не и е рамен
 
Надал победи во финалето на тенискиот турнир Роланд Гарос по победата над аргентинецот Пуерта. Со ова Надал стана вториот најмлад победник на Роланд Гарос по Мајкл Ченг кој го има освоено на 17 години.
 
Детево (Надал) е лудница еј... одлично игра... Кога видов само каква рака има се зачудив. Зарем е можно дете на 18 години да има таква дефиниција и таков мускул? :shock: :shock: :shock: :shock:
Играше навистина добро, иако и аргентинецов (не знам као се викаше) покажа доста добар тенис, особено парадите 8)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom