ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бе по кој пат Џокович ќе победува во мечеви каде е надигран? Јес да во прв сет играше само тој, ама 2 и 3 сет дефинитивно Андухар беше тој што беше подобар. Ај како и да е, сега со Алмагро, ако помини, можно е 1/2 финале со Иснер да го чека, и тежок испит во просек од по 220 км/х

Заеби, ова година на Индијан Велс подлогата е спора, ни Карловиќ не би бил опасен мислам за играчите, реално :)

Туку Новак оди во финале 99%, а таму да е срушен од Рафа би било најслатно, зар не? :D
 
Заеби, ова година на Индијан Велс подлогата е спора, ни Карловиќ не би бил опасен мислам за играчите, реално :)

Туку Новак оди во финале 99%, а таму да е срушен од Рафа би било најслатно, зар не? :D
Абе сепак, просек од 210-220 кмх, кај сака нека е ... Сети се ти еве за Рафа си, лани какви проблеми Рафа имаше на Ролан Гарос.. Од 2-0 се враќаше... Сепак би одбрал јас Џокович да отпадне пред финале отколку во финале да изгуби, за повеќе поени да изгуби :)
 
Да ама друго е да изгуби од Рафа :) Послатко 10 пати, иначе разлика во поени ќе е, 240 поени повеќе губи во полуфинале отколку во финале, то е то.

Иначе топчињата на Ролан Гарос беа променети и беа одлични за серверите, многу побрзи од останатите и тоа беше прв меч за Рафа со такви топчиња, не дека е некој изговор ама ќе видиме сепак ;)
 
Добро бе по кој пат Џокович ќе победува во мечеви каде е надигран? Јес да во прв сет играше само тој, ама 2 и 3 сет дефинитивно Андухар беше тој што беше подобар. Ај како и да е, сега со Алмагро, ако помини, можно е 1/2 финале со Иснер да го чека, и тежок испит во просек од по 220 км/х

Другар, стварно ли мислиш дека ако Новак игра максимум овој Андухар ќе земе повеќе од 2/3 гема (и толку дали ќе земе)

Игра колку што треба за да тепа, ни помалце ни повеќе..мора да се чува за понатака, а се сомневам и дали воопшто оваа година ќе се замара за турнири каде што не брани титули. Е сега, тука е подруго, бидејќи тука брани поени би требало да игра на повиско ниво во понатамошниот дел од турнирот.
 
Третиот сет не ни го гледав од кога го направи брејкот. Нерви ми крена, како да се игра на земјена подлога, а знаеме дека и не е толку моќен тој на таква подлога, ептен е спора оваа и иритира, повеќе им одговара на тенисерите кои се специјалисти на земја, тој има некои испади со удари и тоа ептен катастрофални, ретко се гледаат од негова страна.

Ама така вака некако изгура до 1/4 финале, и немаше некој тежок распоред, само додатно изигра 30-40мин денеска, а можеше да напни и да го заврши мечот во два сета.

Ќе го видиме во наредната рунда како ќе игра и дали ќе биди со ист интензитет како до сега.
 
Пробајте денес на Алмагро да земете некој денар :) .. ако судите според играта до сега одиграна од страна на Новак.
Иначе пофалби за Надал, овој турнир го игра на многу високо ниво.(y) .. мислев дека овој украинецот ќе му пружи отпор, ама ништо од тоа.

Дел Потро - Федерер ќе биде многу добар 1/4 финален меч, ако гледаме на тоа дека Федерер и не е баш спремен за овој турнир (вирус и разни глупости..), а Дел Потро влегува во форма.
Надал не би требало да има проблеми со Налбандиан. Симон - Иснер, му давам мала предност на американецот.
 
Дел Потро иде даље, Федерер? човекот не можеше да збори на последните 2 интервјуа, вирусот јако го убил...како и доста други посетители на Индиан Велс, дури и Мирка кога ја прикажаа во еден дел од мечот при обид да викне браво! се закашла и неможеше да ја даде подршката, :confused: најверојатно опасен вирус владее во Индиан Велс. Федерер како што реков на интервјуата изгледаше блед, испотен и неможеше да диши, така да мислам дека Дел Потро ќе биде победник (2-0) освем ако некое чудо не се случи, играта на Федерер е цели 3 класи под онаа во Дубаи, или пак Ротердам. Единствената шанса е Федерер да се појави во god mode (воопшто ми се верува) или да игра под инекции....

На овој турнир, најголема шанса им давам на Ноле и Надал.
 
Пробајте денес на Алмагро да земете некој денар :) .. ако судите според играта до сега одиграна од страна на Новак.
Иначе пофалби за Надал, овој турнир го игра на многу високо ниво.(y) .. мислев дека овој украинецот ќе му пружи отпор, ама ништо од тоа.

Дел Потро - Федерер ќе биде многу добар 1/4 финален меч, ако гледаме на тоа дека Федерер и не е баш спремен за овој турнир (вирус и разни глупости..), а Дел Потро влегува во форма.
Надал не би требало да има проблеми со Налбандиан. Симон - Иснер, му давам мала предност на американецот.

Ја пробав прв сет - Алмагро. :ROFLMAO:

Него, Налбандиан игра ко попален на турниров, ги свитка и Јанко и Цонга... може и ќе му земе сет на Надал. :)
 
Обавезно ќе го гледам Новак денес. Баш ме интересира дали ќе ми се потврди мислењето или пак стварно не ги сфатил противниците сериозно досега.
 
Јас сум заплашен за тоа дали ќе тепа Рафа, реално, пред 3 години спасуваше 5 меч топки против Налбандијан овде, 2010 во Мајами тепа Надал со 300 маки 67 62 62 .... изгледа лесно 6-2 6-2 во 2 и 3. сет но беше многу тешко и на US Open минатата година беше 3-0 за Рафа но во првиот и третиот сет Налбандиан имаше големи шанси за освојување на сетот, така да, јас мислам дека за сет е многу очекувано да земе Налбандиан, за меч тешко... но не и невозможно :)

Ако викате дека е така ситуацијата со Федерер, утре ќе го пишам во кладилница 2 за Дел Потро, добар ќе е коефициентот се надевам :)
 
Знам дека Налбалдијан е незгоден противник за многу тенисери и голем талент, ама ќе изгуби 2-0 овде, така барем мислам.
 
Де бе, од Налбандиан сте му се исплашиле да го еам. Ќе го смети теренот утре со него. Барем мислам дека ќе нема никакви проблеми и дека лесно ќе се пласира во 1/2 финале. :)
 
Се согласувам со Види Фотос, Надал во два сета ќе го победи Налбандиан. Типувам на по еден брејк во секој сет.
 
Иначе после Новак - Алмагро или од кај 23 часот ќе се игра еден многу срцкаст дуел во женска конкуренција помеѓу Кириленко :love: и Шарапова. Пренос на Еуроспорт. Ако случајно некој гледа женски тенис.:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom