Атлантида

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Дали постоела Атлантида?

  • Да

    Гласови: 157 82,6%
  • Не

    Гласови: 33 17,4%

  • Вкупно гласачи
    190
Неколку научници се собраа во Рим за да дискутираат на едно ново откритие, според кое италијанскиот остров Сардинија всушност е изгубениот остров Атлантида.

Оваа теорија е развиена во книгата на Серџо Фрау и привлече внимание од интернационалната јавност, но исто така има и многу критики.
И покрај тоа што се продадени преку 30.000 примероци од книгата во Италија, 250 академски професори поднесоа жалба со 20 точки и ја укинаа книгата, бидејќи ја оспорувала историјата на Сардинија.
Но сепак, оваа теорија не згасна така лесно. УНЕСКО организираше симпозиум во врска со ова прашање во Париз минатата година сугестирајќи дека идејата вреди да се разгледа. Сега, многу професори, геолози, археолози, историчари се собраа во римската национална академија Деи Линџеи за подетално да го разгледаат ова прашање и да се договорат за следни истражувања.
Овој состанок беше временски погоден за презентацијата на идеите на Фрау, кој како основа за неговата книга ги става Столбовите на Херкул за да ја објасни неговата теорија.
Прв пат островот Атлантида се споменува во книгите на грчкиот филозов Платон – 427-347 п.н.е. – кој вели дека островот бил уништен од природна катастрофа, најверојатно цунами.
Според досегашните теории се сметаше дека овој остров се наоѓа некаде на средина на Атланскиот Океан бидејќи Платон пишува дека се наоѓал после Столбовите на Херкул, кои според Ератостен е Гибралтарскиот проток.
Но, Фрау смета дека Ератостен лошо претпоставил за Столбовите. Спред Италијанецот тие се наоѓале не на Гибралтарскиот проток, туку на островот Сицилија.
Фрау оваа теорија ја развила после проучувањето на карта на Медитеранот од бронѕено доба, каде што Тунис и Сицилија речиси се доближувале, многу слично како кај Гибралтарскиот проток.
Фрау ја објаснува грешката на Ератостен, бидејќи во тие 120 години помеѓу Платон и него, грчкиот свет многу се променил, а Сицилија и Тунис не биле веќе блиску, па столбовите биле преместени.
Геолошки поместувања и зголемувања на нивото на морето ја направиле поголемата разлика помеѓу Сицилија и Африка, што го збунило Ератостен.
Доколку Столбовите на Херкул (или Херакле) биле навистина на Сицилија, тогаш идејата на Фрау дека Сардинија е островот Атлантида станува пологична.
Фрау открива дека цивилизацијата Нурагу – именувана според Нураги (камени кули) кои биле градени на островот некаде помеѓу 1400-1200 год. п.н.е.
Тој верува дека некаква природна катастрофа, најверојатно цунами, ги уништила Нурагу луѓето од Сицилија за време на Бронѕеното доба (1178-1175 п.н.е.).
Иако Платон пишува како Атлантида постоела 9000 години пред него, сепак многу научници сметаат дека мислел 900 заради опишувањето на многу бронѕа на островот.
Фрау верува дека доколку навистина Столбовите на Херкул биле преместени од Сицилија на Гибралтар, многу историски книги ќе добиеле повеќе логика.
На пример, Херодот пишува за Корзика и за античкиот град Тартесос во една приказна како тие да се еден до друг. Доколку Тартесос бил позади Столбовите, за да се стигне од Корзика до таму би било потребно еден месец со брод.
Друг писател, Дисеаркус, кој вели дека крајот на Јадранот е подалеку од Грција од Столбовите на Херкул. „Малта и Гозо се во согласност со ова тврдење, но не и Гибралтар,“ рече Фрау.

http://www.taratur.com/node/10158

што мислите вистина е ова?
 
Абе има многу теории за Атлантида. Едни викаа Ирска, па од ГУГУЛ викаа дека е снимана потоната од сателит, па сеа ова. Ама шо знам, според цртежите, некако ми има логика.
 
Група на подводни научници која не сакала да го објави својот идентитет излегла со тврдење дека ја пронашла Атлантида. Наводно изгубената цивилизација се наоѓа во Карипското море.
Тие не ја откриле локацијата, единствено во јавноста пуштиле неколку фотографии, во кои според нивните наоди се наоѓаат урнатините на градот. Тие има за цел да соберат средства за понатамошните истражувања, пишува весникот “Дејли Меил“.
Легендата зборува дека Атлантида била високо развиена цивилизација. Се претпоставува дека истата исчезнала под вода. Нејзиното постоење со години ги воодушевува научниците и многуте ентузијасти ширум светот. Во последниот обид во февруари годинава изгубената цивилизација беше лоцирана во Атланскиот океан преку Гугл ерт.
 
Ова се тие слики од Daily Mail:

article-1236651-07A2C7F7000005DC-923_634x416.jpg

article-1236651-07A2C7D6000005DC-582_634x416.jpg

... и не кажујеф куде су гу сликали.
 
И што сега? (во случај навистина да ја откриле)
 
Ништо.....колку пати велеа научници дека ја откриле атлантида??

Ами пирамидите подвода??

Да не имало потоп...:vozbud:

Абе јас не се заебаав, види...
ATLANTISmainNEW_737373a.jpg

asdasdcopy.jpg

не ти изгледаат...слични (исти?) само хоризонтално обратно :)
не.

На сликата нема никаква релевантност-ниту пак основа за споредба-наводен подводен град ...кој бил направен Од луѓе(дамнешни времиња)...па и денес исто да прават.
 
не.

На сликата нема никаква релевантност-ниту пак основа за споредба-наводен подводен град ...кој бил направен Од луѓе(дамнешни времиња)...па и денес исто да прават.
ни јас не реков дека тоа е подводен град, реков дека најверојатно имале грешка во приспојувањето на сликите, т.е. нешо као лошо merge-ување...
 
епа и до негде има логика некоја али џабе ќе ломотиме ко не знајме.. иствари главен извор на енергија во атлантида била земјата.. е са пошто се е згусната форма на енергија, барајки повеќе од неа, а тогаш добро било познато за земјата и подлабоко од неа.. зошто не би земале енергија директно од главниот извор т.е. јадрото.. е сега прашајте се ако сме двајца на кајчиња подалеку еден од друг и ако јас го повлечам со јаже тој другиот на кајчето сигурно ќе се поместиме двата еден кон друг.. то е една од теорите малку расчуени по светот, шо е и една од теориите дека е оската на земјата поместена.. практично би ви покажал поубо али неможам баш.. а ова можи и да е некој природен феномен пошто има секакви разни феномени и природата можи да биди попрецизна од се...
 
е сега прашајте се ако сме двајца на кајчиња подалеку еден од друг и ако јас го повлечам со јаже тој другиот на кајчето сигурно ќе се поместиме двата еден кон друг.. то е една од теорите малку расчуени по светот, шо е и една од теориите дека е оската на земјата поместена..
не сфатив како измеша проста физика со теорија за оската дека била поместена?
 
брат.. филозофија е во прашање.. се има акција реакција.. и промени... со повлеквање на точка од северната полутопка се одразува на спротивната страна.. подобро кажано ако нешто турниш од десната страна се поместува на негова лева страна.. капишш?? можам само теоретика брат.. вака нема да ти биди јасно колку и да ти докажвам..

Атлантида е само приказна,и дури не се најдит нешо за кое шо со сигурност ќе кажиме : Е,еве ова е од Атландита, останвит приказна. Барем за мене.:smir:

не е за да ти наметнам мислење.. али има записи од Платон дека постоела земја настрана од тогаш познатиот свет и нигде не спомнува под име Атлантида, ама отприлика кажал дека се наоѓа на оддалеченост отприлика кон средината на Атлантскиот окен шо сме смета и дека поради местоположбата е крстена Атлантида.. само шо нигде не е спомната под то име од Платон.. а наводно народот на Атлантида ги налутил боговите и то му било казна т.е. водата ја проголтала Атлантида... а уствари.. ме чуди зошто кога веќе толку се надеваме дека има негде Атлантида таму не би го пребарале Атлантикот иако не е толку едноставно :)))) :wink::wink::wink:
 
Google Ocean не пронајде НИШТО!!! Пронајде само уште една причина за да луѓето со претерано слободно време се замараат со глупости. Никакви линии поготово не на фотографија од сателит неможат да значат ништо друго освен поебани пиксели, линии од бранови, или јато чавки со мало дотерување или било каква глупост.
И чудовиштето од тоа езерото го фотографираа пред некое време од Google, па излезе дека е моторен глисер.
Живи глупости.
 
Ave Cezar.. на крај изглеа дека ова е само добра игра за да можат бесплатно и брзо да се изрекламира гугл оушн ширум светот.. сите се стремиме кох мистеријата а никој кон вистината.. право и то го барат ТИЕ од нас...
 
Па така е. Сите сме изманипулирани и наполнети со ГОМНА од светските медиумски велесили што и кога самите јадеме гомна не сме свесни за тоа повеќе. А колку пари се вртат со тоа уште помалку сме свесни. Замисли пред некој ден едно дете реплицираше на мојот пост на тема Идејата за Кајгана, дека тоа било револуција на македонскиот сајбер простор, дека сакале да го збогатат... бла бла бла... и постирав дека се е заради профит, дели ги виделе сите реклами на кајгана, сите банери, па и на форумов погоре од телекабел, дека кајгана е најпрофитната веб страна во МК, и дека се е за чист профит, и НИКОЈ ОД АДНИНИСТРАТОРИВЕ НЕ МЕ ДЕМАНТИРАШЕ ТУКУ ЌУТЕА, а детево ми вика, еј брат абе во право си, али ми го скрши филмот за форумов ...
Сакам да кажам дека се е чист профит, а нашите глави се полнат со глупости, за да се замајуваме и да неможеме да ја видиме вистинската причина за ваквите глупости и дека се е во парите.
 
па за ова во право си брат.. нормално и најнормално во овај свет како шо го знајме денес многу добро се се „врти„ околу профитот и такви ми ти работи.. наравно.. за да се врти нешто околу тебе треба со нешто да привлечиш внимание и да знајш шо ги интересира луѓето.. а ова со атлантида е само уште една шпекулација за која нема никаков доказ исто како и „чудовиштата„ како она на пр од лох нес, или јети бигфут чупакабра и така натаму.. пак ке речам.. знат дека се замараме со мистерии а никој не му ја мисли шо се дешава настрана од нив т.е. никој не ја бара вистината.. се имате прашвано самите себе на пр. шо се дешава во наса или некој такви таинствени местенца??
 
ни јас не реков дека тоа е подводен град, реков дека најверојатно имале грешка во приспојувањето на сликите, т.е. нешо као лошо merge-ување...

Немаат основ исто така да прават споредба помеѓу денешна архитектура(па и индустрија,фабрики) со тие сликички(дал се вистинити??).

За овие

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2246857&postcount=24

Ова се тие слики од Daily Mail:

article-1236651-07A2C7F7000005DC-923_634x416.jpg

article-1236651-07A2C7D6000005DC-582_634x416.jpg

... и не кажујеф куде су гу сликали.

Значи "сенката" на првата слика би требало да биде миниподморница,ама сепак не е во ред сликата.

А и втората исто...има цел дел побелен(ко облаци-или така бил осветлен од "нуркачите"-мини подморници:pos2:

брат.. филозофија е во прашање.. се има акција реакција..
И физика сепак.

и промени... со повлеквање на точка од северната полутопка се одразува на спротивната страна.. капишш?? можам само теоретика брат.. вака нема да ти биди јасно колку и да ти докажвам..

А каде оди средната страна на нејзината лева страна?

значи ако се одразува спротивно(за земјината топка) тогаш тоа што велиш
подобро кажано ако нешто турниш од десната страна се поместува на негова лева страна.

Е прилично субјективно-зависи кој од каде гледа лево десно:vozbud:

Јамајка не е,може исланд...
не е за да ти наметнам мислење.. али има записи од Платон дека постоела земја настрана од тогаш познатиот свет и нигде не спомнува под име Атлантида, ама отприлика кажал дека се наоѓа на оддалеченост отприлика кон средината на Атлантскиот окен шо сме смета и дека поради местоположбата е крстена Атлантида.. само шо нигде не е спомната под то име од Платон.

Но и може е имагинација-за филозофска дебата(бог се налутил)..

а наводно народот на Атлантида ги налутил боговите и то му било казна т.е. водата ја проголтала Атлантида... а уствари.. ме чуди зошто кога веќе толку се надеваме дека има негде Атлантида таму не би го пребарале Атлантикот иако не е толку едноставно :)))) :wink::wink::wink:
Не бараат не оти немаат истражувачки подморници,сензори...специфични сеизмични бранови....ја сметаат за мит,па чуму да се трошат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom