Аткинсова Диета
За кого:
За оние кои повеќе сакаат солено отколку слатко, кои потешко се откажуваат од лебот отколку од благото. Поволна е за жени кои не се занимаваат со физичка работа.
Оваа диета има многу приврзаници бидејќи не ги забранува сувомеснатите производи и сирењето. Според мислењето на д-р Аткинс, човекот кој ја осмислил диетата во текот на 70-тите години на 20-иот век, вишокот килограми не е секогаш последица на прекумерното внесување на храна, туку во најголем број случаи е резултат на пореметувањата на метаболизамот, односно на преработката на шеќери и скроб во организмот.
Начела: Од менито се исфрлаат шеќерот и скробот. Мастите и белковините (месо, риба, јајца, млечни производи без шеќер) се дозволени. Не се потребни пресметки на калориските вредности на продуктите, со што се олеснува “држењто” на оваа диета.
Добри страни: Килограмите исчезнуваат брзо без да се чувствува глад. Кон диетата можете да се придржувате без разлика дали се храните дома или во ресторан.
Лоши страни: Бидејќи оваа диета не предвидува внесување на поголеми количини на овошје и зеленчук, можни се проблеми во работата на цревата. Доколку се спроведува неколку месеци може да остави штетни последици на крвните садови, бидејќи содржи премногу масти, а штом се прекине со диетата килограмите се враќаат.
Еден ден од Аткинсоновата диета:
Појадок: Чај или кафе без шеќер, едно варено јајце
Ручек: Салата од пилешко со целер и зелена салата, варена шунка, сирење
Вечера: Месо или риба, диетален јогурт. Без алкохол и леб.
Меѓуоброци (во случај на глад): дозволени се чисти белковини (во облик на прехранбени додатоци)
Мислење на експертите: Дозволено е внесување на доволен број белковини, но и преголеми количини на масти. Затоа оваа диета може да биде штетна за крвните садови, кои многу често се и претходно оштетни од лошите навики. Експертите посебно алармираат на опасноста од пораст на нивото на холестерол во крвта како последица од оваа диета.
:icon_roll