Астрафобија

  • Креатор на темата Креатор на темата rakometar
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Астрафобија е страв од громотевици и молскавици...

Дали некој има фобија од грмежи (освен јас) и дали некој може да даде некој совет како да се надмине...

Да не биде празен воведот еве ви еден линк..
http://phobias.about.com/od/phobiaslist/a/astraphobia.htm

и од википедија
http://en.wikipedia.org/wiki/Astraphobia
 
Најдобар совет како да ја надминеш оваа состојба е секогаш кога грми нека ти текне дека веројатноста да те удри гром е ненормално мала т.е. 1 на секои 700.000 луѓе. Верувај дека ти не си баш тој среќник :)
 
знам :) знам и дека гром удира на повисоки места и дека има громобрани.
Голем дел од летово би требало да го поминам во село и значи на поле, неретко последниве години ми се има случено да ме зафати бура на поле без никакво средство за превоз, и од таму мислам и дека ја добив фобијава :) А и знам дека на поле има многу поголема веројатност да удри гром затоа што гром удира колку што знам во високи и осамени објекти (значи дрва и бандери) и од самата помисла на тоа ги добивам оние симптоми на астрафобија...
Значи стравот не е само од тоа дека гром би удрил директно во мене, едноставно имам општ страв од громови без разлика каде би удрил, па и на 500 метри од мене :) свесен сум дека нема голема опасност ама ете.. посилно е од мене :) пулсот 200 на минута... :kesa:
 
Mислам дека те разбирам како ти е, но и мислам дека би можел да го контролираш тој страв некако. Не сум некој експерт за да ти давам совети, но јас да сум на твое место би пробал да го потиснам длабоко во себе, да не мислам на тоа, па и да си кажам - ако ја имам баш јас таа среќа, нека ме удри тогаш и алал да му е за погодокот. :)
 
:pos2:

Да ти кажам право повеќе ме плаши удар на гром во моја близина одколку во мене :) нема ни да осетам :hihi:
 
Ко дете, кога врнеше и грмеше, често одев на прозорец или излегував во двор под тераса да ја набљудувам таа метеоролошка појава. Некако интересно ми беше да гледам како светка. како електрицитетот се празни во земјата. Интересна ми беше линијата од громот што траеше дел од секундата и се обидував да ја фотографирам во сеќавањето. Не дека и мене не ми било страв, ама ќе грмни ќе се уплашам, ќе ми се крене адреналинот, после ко ништо да не ми било :). Пробај да ја видиш и забавната страна. Коа грми отиди на прозорец и погледај ги грмотевиците и светкавиците, уште подобро е ако тоа го направиш со некој другар па двајцата да си го берите стравот :). Едно е да ти вели некој не е страшно, друго е да видиш, сфатиш и да се навикнеш, па така сам ќе осознаеш дека кога си под покрив и навистина нема потреба да се плашиш од грмотевици. По некое време не само што ќе престане да те плаши туку дури и досадно ќе ти стане.

Инаку фобија е неоснован страв од нешто. Доколку грми и тебе дома ти е страв ОК може да се каже дека е фобија но доколку си на некое поле далеку од дома и те зафати силна бура придружена од грмотевици сосема нормално е човек да се уплаши, затоа што и опасноста е реална.
 
И јас како дете многу сакав да гледам грмотевици, се сеќавам како клинец долу кај баба ми бев обесен на прозор и чекав трпеливо гром да удри на громобран тоа ми беше хоби. Десетина громови имам зачекано во моментот, бев импресиониран од нивната моќност и големина, силна светлина и длабок звук.....
 
Од тој реален страв произлезе неоснованиот страв, кај мене.
Значи како што реков летово морам да го поминам в село, значи и секој ден од 5 до 8 на поле и затоа што имам лоши спомени од минатово врнежливо лето секоја бура, каде и да сум дома или надвор ме тера да мислам на тоа и ми предизвикува нервоза, лошо расположение, забрзано чукање на срцето затоа што ме потсеќа.
Дали е тоа ФОБИЈА??

Ајде... да се надеваме дека летово ќе биди сушно :)

kewl, ама не е тоа темата брат, темата е за фобијата од грмотевиците а не за грмотевиците
 
Од тој реален страв произлезе неоснованиот страв, кај мене.
Значи како што реков летово морам да го поминам в село, значи и секој ден од 5 до 8 на поле и затоа што имам лоши спомени од минатово врнежливо лето секоја бура, каде и да сум дома или надвор ме тера да мислам на тоа и ми предизвикува нервоза, лошо расположение, забрзано чукање на срцето затоа што ме потсеќа.
Дали е тоа ФОБИЈА??

Ајде... да се надеваме дека летово ќе биди сушно :)

Ако помислата на грмотевици те плаши и ти предизвикува засилено срцебиење ќе да е фобија. Ама сигурен сум дека со соочување со факторот ќе ја надминеш
 
Кога ќе има грмотевици качи се на кровот и чекај додека не завршат. Ако не те удри, а си изложен ептен тогаш ќе знаеш дека шансите се помали да те удри кога си дома. Најдобро соочување со ствар или фобија е да се направи контра ефект.:)

А ако те удри ..........
 
добар совет :pos2:
 
секој се плаши од грамотевици, и највероватно твојт страв е нормален.
доколку ти причинува долготрајна нелагодност и проблеми во функционарењето тогаш е болест, анскиозност. и извади упат од матичниот и оди кај психијатар
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom