The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 115
Астмта е релативно честа болест во детството ( 10-12 % од општата популација на деца). Родителите треба да знаат дека не се работи за фатална болест и дека ако се лекува адекватно, исходот е поволен. Искуството покажува дека многу родители, не сакајќи да ја прифатат дијагнозата и современата терапија на астмaта, посегнуваат по различни алтернативни постапки, кои понекогаш можат да му наштетат на детето. Оваа здравствена информација има за цел да ги упати родителите во современите сфаќања за природата на болеста и терапијата .
Како да се препознаат симптомите на астмата?
Често симптомите на астмата не се препознаваат ниту од родителите, а понекогаш ниту од лекарите.
Ако детето има некој од горенаведените симптоми, родителите треба да консултираат лекар, најдобро специјалист за белодробни болести. Најчесто, астмата се манифестира со напад на отежнато дишење со “свиркање“ во градите и вознемиреност на детето. Особено е драматичен првиот напад, кога родителите ќе се уплашат и по правило веднаш одат на лекар. Колку подолго трае нападот, поголема е веројатноста дека симптомите ќе се влошат и дека ќе биде потребна поинтензивна терапија.
Терапијата со лекови се води во два правца.
Избор и начин на примена на најважните антихистаминици
Секое дете со астма треба да има персонализиран акционен план, напишан од докторот кој го води. Во планот треба да се дадат детално, сите информации кои се потребни околу лековите кои треба да ги прима детето, оние кои ги прима секојдневно и во во случај на хитност. Овој план треба редовно да се ревидира од страна на докторот. Копија од овој план треба да се остави во градинката/училиштето каде детето престојува, во случај на потреба.
Како да се препознаат симптомите на астмата?
Често симптомите на астмата не се препознаваат ниту од родителите, а понекогаш ниту од лекарите.
- Типично, астмата е заболување кое се манифестира со кашлица, со напади на “свиркање“ во градите и отежнато дишење. Понекогаш е проследена со помодрување на усниците, градниот кош е преполнет со воздух, а во понапреднати стадиуми, по повеќе години настанува деформација на градниот кош. Ако се присутни типични напади на отежнато дишење, дијагнозата е јасна.
- Атипично, астмата може да се манифестира и со поблаги симптоми, како што се упорна ноќна кашлица и хроничен замор.
- Во поблаги случаи, астмата се се манифестира само со склоност за чести настинки, со наводни компликации на синусите, на третиот крајник и сл.
- На астма треба да се помисли и ако детето брзо се заморува и отежнато дише при напор или ако заостанува во растот.
Ако детето има некој од горенаведените симптоми, родителите треба да консултираат лекар, најдобро специјалист за белодробни болести. Најчесто, астмата се манифестира со напад на отежнато дишење со “свиркање“ во градите и вознемиреност на детето. Особено е драматичен првиот напад, кога родителите ќе се уплашат и по правило веднаш одат на лекар. Колку подолго трае нападот, поголема е веројатноста дека симптомите ќе се влошат и дека ќе биде потребна поинтензивна терапија.
- Родителите треба да го постават детето во положба која ќе му го олесни дишењето, а тоа значи седечка положба со подигнати раменици, потпрено на рацете и со достап до свеж воздух ( да се отвори прозорецот).
- Бидејќи при напад на форсирано дишење се губи многу течност, на детето треба од почеток на нападот да му се дава течност, потребно е да прими големи количества на течност. Најдобро е да му се понуди оној пијалок кој му е најомилен –на пример овошен сок или евентаулно негазирана кисела вода.
- Иако детето изгледа вознемирено, родителите не треба да даваат седативи.
- Исто така, погрешно е воздухот да се овлажува со помош на етерични масла или солени раствори. Антибиотици не треба да се даваат. Грешка е да се даваат лекови за смирување на кашлицата или лекови кои наводно ја олеснуваат елиминацијата на густиот секрет од бронхите.
- Кога еднаш ќе се постави дијагнозата- астма, при следниот напад треба веднаш, уште на почетокот да се дадат лекови кои делуваат на ширење на бронхите (бронходилататорни лекови).
Терапијата со лекови се води во два правца.
- Едниот подразбира примена на лекови со цел да се спречат нови напади, а другиот,
- примена на бронходилататори, со цел да се запре актуелниот напад на астма.
Избор и начин на примена на најважните антихистаминици
- Најшироко применувани лекови во совладување на нападите на астма се т.н. бета-адренергичните лекови.
- Важно е овие лекови да се дадат во почетокот на нападот.
- Најбрз и најмалку токсичен ефект имаат ако се дадат преку инхалација, иако можат да се дадат и преку уста.
- При перорална примена понекогаш предизвикуваат непријатни симптоми како што се забрзано чукање на срцето, вознемиреност, бледило, тресење (тремор).
- Ако се применат со инхалација, овие тегоби поретко се јавуваат. Постои опасност детето да се врзе за спрејот, бидејќи така му се олеснува дишењето. Да се внимава , бидејќи со претерана употреба може да се предизвика пердозираност и дури и труење. Затоа, без оглед на ефектот, не смее да се дозволат повеќе од 4-6 инхалации дневно , освен ако лекарот не препише поинаку.
- По примена на инхалацијата , по 1-5 минути настапува олеснување на дишењето , а дозата која го предизвикала овој ефект е повеќе пати помала, во споредба кога лекот се зема преку уста.
- Мошне важна е добра едукација на родителите и на самите пациенти, ако се работи за поголеми деца. Многу е битна и примена на продолжувачи (спејсери) кои овозможуваат полесно навлегување на лекот длабоко во дишните патишта.
- Кај деца над 6 години инхалационите лекови се применуваат во вид на спреј, а кај помали се користат специјални апарати т.н. инхалатори , кои имаат распрснувач на активниот лек и комора за вдишување.