АСПИРИН vs ПАРАЦЕТАМОЛ

Извор??? Нема ниту еден случај документиран колку што знам за вакво нешто... а иначе свесен си ти дека analginot што го клукаме ние како народ со децении е забранет во повеќе од 30 земји ?
ти го пишува на упатството за употреба кое се најдува во ибупруфен кутивчето со апој од реплек нема да биди лошо да го прочиташ, освен то пиши дека не само срцев, можи и мозочен удар да предизвика
 
ти го пишува на упатството за употреба кое се најдува во ибупруфен кутивчето со апој од реплек нема да биди лошо да го прочиташ, освен то пиши дека не само срцев, можи и мозочен удар да предизвика

Ок но сепак останува фактот дека во несакани дејствија на повеќето секојдневни апчиња ( аспирин , аналгин ) има дека може да ти се случи ненајдена смрт поради тие и тие причини.
 
Во земја каде OTC се продаваат по бензиски пумпи, не е изненадување да се „наддава“ кој лек чиј фаворит е.

Во земја каде антибиотици и седативи се „продаваат“ во аптеки, не е чудно што лекови се „препорачуваат“ од/во генерална јавност, „базирано на докази“ („мојата фризерка, ко имаше главоболка, дишела боја за бории и и' помогнало“).

Во земја каде, при донесуваањето на уредбата за „продажба“ на лекови во супермаркети и бензински пумпи, еснафот (читај: Фармацевтска Комора) нема никакви забелешки и протестни активности, не е нелогично да се претпостави дека истиот тој еснаф ќе исчезне.
Ама, па, кога ќе прочиташ или слушнеш полуквалификувани полумислења на полупрофесионалци, ќе го оправдаш исчезнувањето на тој еснаг (колку и самиот да си дел од него).

Во ваква чудесна земја, и да кажеш квалификувано мислење про/контра, секогаш ќе победи аргументот на комшијата, фризерката или „еден другар“.

И конечно, земањето лекови на основа на форумски мислења (нели, ова не е професионален форум) е....
 
Нема теорија да не помага Кетонал за болки, па тоа средство го даваат на коњи против болка....

Пиев кетонал коа скршив клучна коска.
Ништо. Није ме ни такло, шо би рекол Пикац.
Дајте чистака!
Од друга страна, дував, и тоа после третиот ден од коа видов дека од кетонал нема фајде и неспоредливо ми помогна.
До таа мера да лежам во кревет и не чувствувам болка туку некое... не чешање туку... "активност" во местото на скршеницата. Можев и да спијам некако и све.
Само изглеа ми се праеше некое коктелче со кетоналот у тело, или можеби од самиот стрес и уплашеност да не не ми зарасне ми беше, па место хај се осеќав ко под анестезија.
Weird trip. Не се ни шалам.
 
За аспиринот доста е пишувано. Преценет или не, важи за еден од подобрите лекови што ги открило човештвото (џвакањето на врбова кора му претходи на апчето аспирин). Мене евентуално може да ми ја намали температурата. Не навлегувам во другите дејства на лекот, но го пијат луѓе што страдаат од срцеви болести, висок притисок, мозочни удари и сл.
За симнување температура ми користи и парацетамолот. Ниту тој (само како парацетамол), ниту аспиринот не ми вредат кога имам (многу чести, долготрајни и доста болни -откако знам за себе) главоболки. А помислам на себе одма глава ме фаќа :pos:. И со кетоналот и со бруфенот неретко имам проблем.
Венторот редовно има ефект. Лошо апче викаат, но кога нема друго...
 
Потполно се согласувам со, "абе комшивката ми го препорача"...
А во врска со Аспирин(ацетилсалицилна к-на) немам некое искуство, бидејќи до сега сум немал ни потреба од него, но потполно се согласувам во врска со дејството врз кардиоваскуларниот систем - Аспирин/Андол од 100мг.
За парацетамол, го земам при покачена телесна темп., ретки главоболки, и сл., доста ми помага и сум немал досега никаков проблем со парацетамол..

За Аналгин(метамизол натриум) како што веќе напомена некој пред мене не се користи во другите земји, односно ние сме една од ретките каде сеуште е во употреба...
За Ибупрофен ќе речам дека е честа причина за желудочни проблеми, како и ретки проблеми со крвниот притисок... Исто така кај него има голема можност да се појави толеранција, но и зависност односно едноставно човекот се чувствува како да не може да живее без него, и при нај мала болка ке има потреба од ибупрофен, иако е нестероиден антиинфламаторен лек..

Мала смешка за аналгинот... Една пријателка го земаше ПРЕВЕНТИВНО, абе случајно да не ја заболи главата... хахаха врв.. :tapp: :pos::facepalm:
 
Мене најмногу ме изненадува фактот, што јас како дете сум користел само аспирин. Во тоа време, не бев слушнал за парацетамол
А денес парацетамолот почесто се користи
Зошто?
Аспиринот е пронајден 1897 година
Парацетамолот е пронајден 1956
Значи се работи за помодерен лек
Јас сум роден 1953, што објаснува зошто во моето детство не сум се „ сретнал “ со парацетомол.
Според ова подобро е да се користи парацетамол
Дали се согласувате со ова мое мислење?

Во земја каде OTC се продаваат по бензиски пумпи, не е изненадување да се „наддава“ кој лек чиј фаворит е.

Во земја каде антибиотици и седативи се „продаваат“ во аптеки, не е чудно што лекови се „препорачуваат“ од/во генерална јавност, „базирано на докази“ („мојата фризерка, ко имаше главоболка, дишела боја за бории и и' помогнало“).

Во земја каде, при донесуваањето на уредбата за „продажба“ на лекови во супермаркети и бензински пумпи, еснафот (читај: Фармацевтска Комора) нема никакви забелешки и протестни активности, не е нелогично да се претпостави дека истиот тој еснаф ќе исчезне.
Ама, па, кога ќе прочиташ или слушнеш полуквалификувани полумислења на полупрофесионалци, ќе го оправдаш исчезнувањето на тој еснаг (колку и самиот да си дел од него).

Во ваква чудесна земја, и да кажеш квалификувано мислење про/контра, секогаш ќе победи аргументот на комшијата, фризерката или „еден другар“.

И конечно, земањето лекови на основа на форумски мислења (нели, ова не е професионален форум) е....
Еснафите, низ историјата, биле занаетчиски здруженија. Нивна задача или цел била да ги заштитат интересите на членовите, ништо друго
И денес е тоа цел на стручните здруженија
Пред некое време читав како е организирано здравството во САД. Таму никаков лек не можеш да купиш без рецепта од лекар
На пример, кашљаш, треба да купиш сируп против кашљање, не можеш да го купиш без рецепт,
Сирупот чини еден долар, но мораш претходно да одиш на лекар, да те прегледа, да ти напише рецепт. Самиот преглед чини 100 долари
Дали е тоа добро за пациентот?
Што ќе се случи ако немаш 100 долари?
Инаку околу ова неколку пати има расправано Врховниот суд на САД. Се поставува прашањето, дали задолжителната продажба на лек на лекарски рецепт е за да се заштити еснафот на лекарите или нешто друго?
Инаку еснафите одамна ги нема од причина што го кочат развојот на Човештвото
http://en.wikipedia.org/wiki/Guild
 
,,,,dechki ,,,vaka sega,,posle dolgogodishna rabota vo medicinata,,,normal povrzana so farmacijata,,,za poslednive 20setina godini ,,,vo tranzicijava/koja seushte trae/,,,,se e svedeno na biznis,,zdravjeto na pacientite e na posledno mesto ,,,,taka da ,,,,,,
 
Ова ме подсети на една документарна серија која ја гледав пред триесетина години
Насловот на серијата беше „ најголеми злосторства на 20 век “
и имаше епизоди
Незнам .,,, прва епизода - холокауст
втора епизода - кју, клукс клан
трета епизода - апатртхеид во Јужна Африка
и се така
а имаше епизода како најголемо злосторство -
здравствениот систем во САД
Таму денес има голем отпор против законите лековите да се продаваат само на рецепта
Не можеш да гупиш без рецепт, најпрост антибиотик
а во секоја самопослуга можеш да купиш за 20 денари литро солна киселина за чистење ВЦ иња или сулфорна киселина за полнење акумула
А солната киселина е многу поопасна од капсула антибиотик
 
Тогаш, на база на податоци од интернет, да земем и секој по дома да си составиме мини нуклеарна централа, зашто, ете, нуклеарните физичари немаат гилда, напредна наука е, а има и достапни податоци на интернет.
Само како пример...
Замисли да можеше да се купи ураниум во продавница за шајки, на пример...
 
Со нуклеарните електрани, односно со мирнодопско користење на нуклеарната енергија, е сосема друга проблематика
Се работи за нешто што е посложено од капсула антибиотик.
Но и тука има нешто што асоцира на оваа
Богатите развиени земји имаат нуклеарни електрани и имаат капацитети за производсво на нуклеарно гориво
Ако некоја друга земја посака и таа да изгради свои нуклеарни централи и капацитети, богатите ќе кажат, не може, бидејќи ќе направиш атомска бомба
А богатите веќе имаат атомски бомби
Но овде е нешто друго
Парацетамолот и аспиринот не се лекови кои можат да загрозат нечии живот освен профитите на претпријатијата
И зошто не би смееле слободно да зборуваме за тоа
Јас во претходниот пост поставив теза:
Аспиринот е пронајден 1897 година
Парацетамолот е пронајден 1956
Значи се работи за помодерен лек
Според ова подобро е да се користи парацетамол
Какво е Вашето мислење?
 
Напишав дека се работи само за пример, а којзнае, како тргнало, може и нема да биде само пример.

Ако веќе ја продолжуваме дискусијава, без да се занимаваме со теории на заговор, јас би рекол дека токму таквото вкоренето мислење дека нема никаков несакан ефект од некој лек (парацетамол, аспирин, рандом антибиотик, дијазепам.....) доведува до толкава застапеност на самомедикација, која, верувајте, не е мал проблем.
Можеби не е адресиран соодветно и нема место во медиумите, но претставува сериозен проблем.

По сеќавање, и тоа стара статистика, може на пример да се рече дека во Македонија се применуваат исто толку антибиотици годишно во апсолутни бројки, колку и во Шведска (со тие разлики што Шведска има 5 пати повеќе жители и човек треба да е докажано болен за да земе соодветен антибиотик).
Кај нас имаме болнички инфекции кои не реагираат на никој постоечки антибиотик, заради резистенција. Пред некој ден слушам како 5 годишно дете, уште од бебе било третирано со антибиотици со широк спектар, за сега да не постои антибиотик за треман на најобична инфекција - заради стекнатата резистентност на бактериите.

Ме прашувате кој од наведените лекови е подобар?
Не знам да Ви кажам - не Ви ја познавам физиолошката состојба, не знам колку сте високи, колкава тежина имате, дали имате некакви физиолошки специфики, дали земате други лекови, како се храните и дали имате здрав црн дроб и бубрези.
(сега малку тривијализирам, овие лекови, после толкугодишна употреба се покажале како релативно безбедни, затоа и се означени како ОTC, но тоа не значи дека не треба да се има навистина трезвен пристап пред да се земе било каков лек).

Сите „ксенобиотици“ (супстанци кои се внесуваат во организмот - храна, лекови, течности, отрови...) имаат определен ефект - посакуван или несакан.
Постојат обучени професионалци кои (би требало да) знаат да направат и ризик анализа што во која ситуација под кои услови е подобро за да се постигне саканиот ефект, а да се избегнат, колку што е можно, несаканите ефекти на земањето на лек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom