Мене најмногу ме изненадува фактот, што јас како дете сум користел само аспирин. Во тоа време, не бев слушнал за парацетамол
А денес парацетамолот почесто се користи
Зошто?
Аспиринот е пронајден 1897 година
Парацетамолот е пронајден 1956
Значи се работи за помодерен лек
Јас сум роден 1953, што објаснува зошто во моето детство не сум се „ сретнал “ со парацетомол.
Според ова подобро е да се користи парацетамол
Дали се согласувате со ова мое мислење?
Во земја каде OTC се продаваат по бензиски пумпи, не е изненадување да се „наддава“ кој лек чиј фаворит е.
Во земја каде антибиотици и седативи се „продаваат“ во аптеки, не е чудно што лекови се „препорачуваат“ од/во генерална јавност, „базирано на докази“ („мојата фризерка, ко имаше главоболка, дишела боја за бории и и' помогнало“).
Во земја каде, при донесуваањето на уредбата за „продажба“ на лекови во супермаркети и бензински пумпи, еснафот (читај: Фармацевтска Комора) нема никакви забелешки и протестни активности, не е нелогично да се претпостави дека истиот тој еснаф ќе исчезне.
Ама, па, кога ќе прочиташ или слушнеш полуквалификувани полумислења на полупрофесионалци, ќе го оправдаш исчезнувањето на тој еснаг (колку и самиот да си дел од него).
Во ваква чудесна земја, и да кажеш квалификувано мислење про/контра, секогаш ќе победи аргументот на комшијата, фризерката или „еден другар“.
И конечно, земањето лекови на основа на форумски мислења (нели, ова не е професионален форум) е....
Еснафите, низ историјата, биле занаетчиски здруженија. Нивна задача или цел била да ги заштитат интересите на членовите, ништо друго
И денес е тоа цел на стручните здруженија
Пред некое време читав како е организирано здравството во САД. Таму никаков лек не можеш да купиш без рецепта од лекар
На пример, кашљаш, треба да купиш сируп против кашљање, не можеш да го купиш без рецепт,
Сирупот чини еден долар, но мораш претходно да одиш на лекар, да те прегледа, да ти напише рецепт. Самиот преглед чини 100 долари
Дали е тоа добро за пациентот?
Што ќе се случи ако немаш 100 долари?
Инаку околу ова неколку пати има расправано Врховниот суд на САД. Се поставува прашањето, дали задолжителната продажба на лек на лекарски рецепт е за да се заштити еснафот на лекарите или нешто друго?
Инаку еснафите одамна ги нема од причина што го кочат развојот на Човештвото
http://en.wikipedia.org/wiki/Guild