Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Стоби е уште од СФРЈ, Хераклеа дури од пред 5-6 години почна да се истражува поозбилно инаку од 60 и некоја си стоеше непроменета.И без тие раскопувања имаме и премногу материјали за наша промоција. Проблемот е во тоа што немаме (или се неќе) сето тоа да се добро изменаџира и пласира по светот.
Ја видел ли некој состојбата во Стоби.....
Само мал пример... има едни саеми на туризмот на кои сме жива срамота, тоа е едно чудо, до толку да се нема смисол да се уреди и снабди штандот, абе нема ни најобични летоци (некои по ново ги викаат флаери:kesaа за некаква си друга мултимедијална промоција ич да на збориме.
Јас сум имал прилика да го прелистам археолошкиот атлас на Македонија, тоа е речиси една педа дебела книга во која се забележани сите локалитети за кои има било какви сознанија. Иљадници иљадници забележани и неистражени. Постојат објекти и цели градови спомнувани во антиката и покасно на територија на Македонија кои уште не се пронајдени. И ден денес се откриват толку богати локалитети што и искусни археолози се водушевуваат. Со вакво темпо и со вакви истражувања може Македонија да стане една од посакуваните дестинации за туризам во светот.