Гледам јас сум коментирал на темава последен.
Сега вака после концертот да кажам повторно, мене ми се допадна и убаво си поминав. Но, некои работи не може да се игнорираат, прво кој беше организатор на концертот. Секоја чест на Вртев, но пропусти кај организацијата постоеа и тоа беше очигледно, но самото тоа што такви личности кои се виновни за тоталниот неквалитет што владее на мак. музичката сецена се дрзнале да организираат концерт на Архангел говори дека се решени и понатаму да прават штета на македонскта музика. За мене во иднина треба да се држат понастрана од легендарни и култни имиња како Архангел и нека си работат со своите Елвир Мекиќи и сл. срања.
Друго, распаѓањето на беднови не лоша, но неминовна појава во музиката не само кај нас туки и секаде во светот. Какви познати и неповторливи групи се распаднале. И со тоа треба да се помириме, да се помириме дека Архангел каков што сме го знаеле најверојатно ќе го нема веќе. Од друга страна без оглед кој сака да признае или не, Вртев е главниот елемент и суштина на групата и без него тешко дека може да постои Архангел. Но Архангел може да постои без остантите членови, ама со Вртев. Таа е реалноста, исто како што Џони беше душата и сржта на Азра, така е и Вртев во овој случај. Без Џони пробаа некои членови на Азра да направат некакво вознобновување, но помина мизерно тој обид, а така ќе помине и некакво продолжување на Архангел без Вртев.
Впрочем, сега имаше концерт на Архангел со Вртев, и некои викаат бил лош, слабо посетен и слично. Нека направи пак сега концерт „другиот“ Архагел без Вртев, се сомневам дека ако овој бил фијаско, другиов ќе биде десеткратно поголемо фијаско.