- Член од
- 21 август 2008
- Мислења
- 6.500
- Поени од реакции
- 1.321
Артур Шопенхауер, германски филозоф кој најповеќе е познат по ставот дека овој свет е најлош од сите можни светови, песимист, мизантроп и филозоф со прекрасен стил на пишување.
Наспроти Хегел, сметал дека нема никаков суштински историски напредок и дека светот е манифестација на безумна слепа волја која се манифестира на тој начин што страдањето е главна поента од животот.
По прашањето на слободата на волјата, детерминист, застапувал метафизички песимизам но на индивидуално ниво дава прекрасни примери како треба да се живее во филозофски мир следејќи го аристотеловото мото дека мудрите луѓе не тежнеат кон тоа да имаат задоволства, туку да немаат болки.
Голем почитувач на уметноста, особено музиката, сметал дека преку уметноста човекот наоѓа привремен мир од сеопштото страдање кое е неминовно.
По прашањето на Бог, бил атеист и сметал дека ако светот е последица на Бог тогаш тој би бил рај а животот бескрајно уживање без страдање, старост, болест, смрт, зло, омраза...
Токму постоењето на злото ги поттикнало луѓето кон религија, уметност и наука.Кога би било се совршено не би имало потреба од бог.
Напроти метафизичкиот песимизам, најголема индивидуална вредност е здравјето и спокојството кое доколку имаме услови треба да ја негуваме таа привилегија како светост и за никаква желба да не ризкуваме да ја изгубиме.
Светот во целина е бесмислен, а животот има смисла само како индивидуален увид во суштината на нештата.
Што мислите за филозофијата на овој мислител?